општина аеродром – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Feb 2024 13:10:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png општина аеродром – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Музичарот и советник во општина Аеродром, Дарко Масларковски демонстративно ја напушти „Левица“: Не сум сам и единствен кој вака се чувствува, но сум прв кој гласно кажува дека во партијата нешто смрди-корне“ https://arhiva.vistina.com.mk/muzicharot-i-sovetnik-vo-opshtina-aerodrom-darko-maslarkovski-demonstrativno-ja-napushti-levitsa-ne-sum-sam-i-edinstven-koj-vaka-se-chuvstvuva-no-sum-prv-koj-glasno-kazhuva-deka-vo-partijata-neshto-sm/ Thu, 29 Feb 2024 10:02:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340571

Дарко Масларковски со години познат како музичар, музички арстист, изведувач, организатор на разни настани, концерти и манифестации кога е во прашање македонската алтернативна музичка сцена. Заедно со својот брат близнак, членови на неколку бендови, од кои најпознати култните „Пука козметика“ и „Брука“ и едни од сопствениците на забавно-музичката Интернет телевизијата „Бла Бла ТВ“. Откако Димитар Апасиев ја основаше партијата Левица, Дарко Масларкловски станува нејзин член и не само тоа, туки и еден од нејзините најистакнати поединци. Како еден од најгласните, најборбените, најправедните, најреволуционерните заслужно ќе се најде на листата за советници на партијата и на последните локални избори успева да се избори за советничко место во општината каде живее - скопската општина Аеродром. И кога некои предвидуваа дека „Левица“ расте, напредува, завзема се поголем простор и се надеваат на што поголемо парче од политичкиот колач на претстојните парламентарни и претседателски избори во Македонија, тргнаа скандалите, а со тоа  и првите знаци на „расколот“ во партијата откако токму Дарко Масларковски разочаран , деновиве јавно ја напушти истата! Дали по очигледно оддамна насобраниот гнев и нездоволство тригер за ваквата одлука беа гласините во јавноста  дека СДСМ и помага на Левица да собере потписи за нивната претседателска кандидатка Билјана Ванковска, со цел да се создаде поделба во опозицијата, па членови на партијата се кренаа против партиското раководство? Или јавно обзнанетите документи од страна на Петар Богојески од „Македонски концепт“ во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, во вид на тендер договори на институции каде директори се луѓе поставени од Левица со фирми  чии сопственици се блиски до ДУИ и шокантниот партиски Правилник за задолжителни донации на „Левица“, според кој наводно секој кој ќе добие хонорарна работа или се вработи преку партијата, треба да плаќа од 20% до 25 % од своите примања во истата, ја прелија чашата на горчина? Што и да е, веројатно незадоволството кулминирало до точка на вриење, па македонскиот музичар и опшински советник не можејчи повеќе да ја истрпи неправдата што му се случува пред очи, откако „му пукнал филмот“, реши да пресече. Та „пука брука“ или не, Дарко Масларковски повќе член на Левица - не е! Одлуката јавно ја соопшти на својот Фејсбук профил, каде отворено и се обратил на јавноста, појаснувајќи зошто се решеил на ваков „радикален чекор“: „Почитувани ДРУГАРИ, пријатели, роднини како и цела македонска јавност Сакам да ве информирам дека од денес ЈАС не сум повеќе член на политичката партија ЛЕВИЦА. Одлуката ја носам со чиста совест и разум базирана на повеќе причини и дејства на кои не можам да останам рамнодушен. Разочаран сум бидејќи работите во партијата не се на она другарско и чисто идеолошко делување, како на почетокот, тоест полно е со византиски игри, намерно уништување, игнорирање и оддалечување од чесни, вредни, борбени, бестрашни, бескомпромисни "чисти" кадри. Се случува опкружување со полтрони, интересџии и безкичмењаци кои безпоговорно следат ЛУДИ ДИРЕКТИВИ(како таа за отстранување на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ од Кутлеш) како и екипирање на раководни кадри кои се премногу сомнителни, увезени токму од политичките елити против кои се бориме(наводно се бори и Левица). Рацинизирани се сите оние кои на почетокот со сета своја способност, труд, напор и знаење дадоа ОГРОМЕН придонес во развојот на делото и партијата, а додадени се разно разни мешетари и луѓе со сомнително минато и потекло. Растурени се најсилните ограноци со инфилтрации на горепосочените и во јавноста само привидно се прави чувство дека расте партијата, нема месен огранок во Ново Лисиче каде имавме најсилна поддршка на избори има нов огранок во некое село со 500 жители и 3 члена. Најверојатно раководството низ својата длабоко затворена призма на делување и секташање не дава простор за вистинско растење на партијата, вистинска борба, која многупати била задушувана од самото раководство, па најверојатно исплашени од расколите од минатото кое ги следи како црна сенка, не дозволува никој да пристапи, дава различни идеи и делува. Не се посветува и одвојува ни тронка време за да се согледа и реши внатрепартискиот проблем со дискусија и другарски муабет Не сум сам и единствен кој овака се чувствува, но сум прв кој ГЛАСНО кажува дека нешто "СМРДИ", а смрди КОРНЕ. Дали последната надеж за конечно добра, партија на НАРОДОТ е контролирана и усмерувана од некој повисоки сили и центри на моќ? Времето можеби не е најадекватно и баш пред избори, но јас не можам повеќе да бидам дел од нешто што ќе го уништи духот на МАКЕДОНЦИТЕ, одземајќи му ја можноста за ВИСТИНСКА политика и партија која вистински се БОРИ за МАКЕДОНИЈА. ПРЕДАДЕНИ СМЕ Се вклучивме во ПОЛИТИКА (прв пат се ОБОИВМЕ/ИСПЉАВМЕ ПОЛИТИЧКИ) со сето срце и душа и човечки капацитет, ВЕРУВАЈЌИ во ИДЕАТА и КАУЗАТА за БОРБА за Македонија и подобра иднина за сите луѓе. Борбата за МАКЕДОНИЈА ја ПРОДОЛЖУВАМ секако, но го фрлам оружјето ЛЕВИЦА кое е отапено до толку што не може ниту хартија да пресече, а камо ли да нанесе сериозен удар на НЕПРАВДАТА кој ја трпиме 30 + години. П.С. Во советот на општина Аеродром ќе продолжам да делувам како независен Советник“ - стои во обраќањето на Масларковски, кој како што самиот вели, не е сам и единствен кој вака се чувствува, но е првиот кој гласно кажува дека во „Левица“ нешто смрди - корне“! Дали Левица полека „пука“ и  дали е формирана само за да биде нечија политичка „козметика“, ќе видиме допрва?! Избори се ближат...! Фото: YouTube/Brooka/Заспиј ако можеш/Општина Аеродром/Левица - web page/ Facebook/Дарко Масларковски]]>

„ДромФест – КултурДром“ во вашиот дом на 16, 17 и 18 декемвриво општина Аеродром https://arhiva.vistina.com.mk/dromfest-kulturdrom-vo-vashiot-dom-na-16-17-i-18-dekemvrivo-opshtina-aerodrom/ Wed, 14 Dec 2022 11:41:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279991

За прв пат во Општина Аеродром се оддржува културно уметничка манифестација која во себе содржи: музика, театар, улични артисти, поезија, базар на ракотворби, со единствена цел збогатување на културно уметничкиот живот на жителите на Аеродром и сите останати посетители. Зошто ДромФест? Затоа што заедница без уметност и култура е мртва заедница. Затоа што уметноста и вдахнува живот на заедницата. Затоа што уметноста е потребна секому, а достапна е само некому. Затоа што најголемата скопска општина скоро и да нема манифеатации од културата. Затоа што Аеродром има најголем број музичари, актери, уметници, поети, писатели, ракотворци... Затоа што нема простор, сцена, локација, објект за културни настани. Најпосле, за да покажеме дека на Аеродром му е потребен Дом на култура,  дом за сите уметници - творци, дом на култура за сите аеродромци. ДромФест – музички фестивал, 16 декември, од 17:00 до 24:00 часот, плато позади Капитол Мол. Настапуваат: Ласт Експедишн, Лоши Деца, Лара Иванова, No Name Nation, Пајак, Cruel, Sol Nocivo, Коноп бенд и Ди Џеј Жолти. ДромФест - Базар на ракотворби  е на 17 и 18 декември, од 10:00 до 20:00 часот во ТЦ Бисер. На базарот на ракотворби ќе бидат изложени ракотворби (филигран, слики од срма, врамени везови со македонски фолклор, рачно работени кукли, рачно работен накит, плетени додатоци за облека, новогодишни рачно работени украси....) од членките на Здружение домаќинки на Македонија. ДромФест – детска програма, на 17 декември, од 12:00 до 14:00 часот, во Капитол Мол, на приземје и втори кат. Пантомима шоу со единствениот Кирил Трајковски Максим, Интерактивна претстава за деца со многу забава, хумор и едукативна програма преку техники на пантомимата. Претстава со жонглери и акробати од Фазбабл. ДромФест – Театар на 17 декември, од 20:00 часот во Капитол мол, на трети кат, ќе се одржи театарска претстава „Пациенти“ на театар Провокација. Не ја пропуштајте урнебесната комедија во режија на Ѓорѓи Ризески,  во која играат: Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Радо Алексовски. ДромФест - СтихоДром на 18 декември, од 18:00 часот во Капитол мол, на втори кат, ќе се одржи поетското читање „Стиходром: врзете се поетуваме!“ што „Скопскиот поетски фестивал“ го организира во соработка со „Дром Фест ‒ КултурДром во вашиот дом“, на кој ќе настапат дванаесет поети од Општина Аеродром поддржани со диџеј сет на Кристијан Јордановски. Посетителите ќе имаат можност да слушнат поезија од: Андреј Ал-Асади, Иван Антоновски, Јулијана Величковска, Диме Данов, Искра Донева, Светла Јакшиќ, Живко Новески, Лилјана Пандева, Димитар Пандев, Дијана Петкова, Глигор Стојковски и Виолета Танчева-Златева. ДромФест – школо за гитара Бојкоски на 18 декември, од 16:00 до 17:30 часот во Капитол мол, на втори кат. Малите виртуози од школата за гитара Бојкоски, ќе приредат незаборавно музичко патување низ класиката, џезот, забавната, рок и народна музика. Ристе Бојкоски e македонски уметник, виртуозен гитарист и професор во „Школо за гитара Бојкоски“. Покровител на фестивалот е Општина Аеродром.]]>

Спортскиот центар „Ново Лисиче“ ќе го носи името на ракометарот Марко Божиновски https://arhiva.vistina.com.mk/sportskiot-centar-novo-lisiche-kje-go-nosi-imeto-na-rakometarotmarko-bozinovski/ Wed, 10 Nov 2021 13:53:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226793

Советот на општина Аеродром на синоќешната седница (09.11.2021 г.) одлучи  спортскиот центар во „Ново Лисиче“ да го носи името на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски. Во објектот познат како „Дупка“ многумина сегашни но и идни спортски ѕвезди ги имаат направено првите чекори. Марко Божиновски кој пред 6 месеци ненадејно почина на само 20 години во сон играше за РК Бутел, беше огромен фан на МЗТ Скопје, како и дел од македонската ракометна кадетска репрезентација со која настапи на СП во 2019 година, а играше и за младинскиот национален тим. Поради тоа, членовите на општинскиот совет на општина Аеродром одлучја да направат нешто, со кое тој ќе остане вечно запаметен и никогаш нема да биде заборавен.]]>