општество – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Dec 2023 11:38:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png општество – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Петрушевска ја потсети јавноста на заборавената страна на траумата: „Сите зборуваме за камерите, Цитроенот, прес конференцијата…а никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка? https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-petrushevska-ja-potseti-javnosta-na-zaboravenata-strana-na-traumata-site-zboruvame-za-kamerite-tsitroenot-pres-konferentsijata-a-nikoj-ne-prasha-shto-se-sluchuva-so-majkata-na-vana-i-nejzinata/ Thu, 07 Dec 2023 11:07:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330263

После целата колективна траума која ја задеси Македонија со грозоморниот чин на убиство на едно 14 годишно дете и еден 74 годишен човек, Весна Бејби Петрушевска беше една од оние која дечињата од својата актерска школа ги однесе во Дебар Маало, крај споменикот на Горан Стефановски, место каде што и малата Вања често поминувала. Во чест и знак на почит и сеќавање кон неа, но и како чин со кој ги учиме нашите деца да бидат чесни и достоинствени.
Вчеравечер, среда-6-ти декември 2023, Бејби со лајв видео на Инстаграм ја потсети јавноста на заборавената страна на траумата... Дека сите зборуваме за чинот на грабнувањето и егзекуцијата, за нарачателите и убијците, за соучесниците и нивното апсење, за автомобилот и неговата рута на движење, за бекството и приведувањето на главниот осомничен, за прес конференцијата и пропустите на МВР... И уште за илјада и еден детал, а сите како да ги заборавија жртвите... Сите како да подзаборавивме на мајката на невината жртва и на нејзината помала сестричка. Весна Петрушевска откри дека сестричката имала операција на срцето, а мајката здравствени проблеми со респиртаторниот систем и е во тешка психичка состојба. „Затоа треба добро да размислите пред било што да коментирате или да објавите“ - посочи Бејби и додаде: „Нивната тага е немерлива, нивниот живот е 'скратен', тие се небаре 'живи мртовци'.  Тагата е огромна, а нашата општествена одговорност е на едно многу ниско ниво. Можам само да кажам дека полека но сигурно ги губиме децата“ - вели актерката и додава:  „Ние сма дехуманизирано општество со извонредно лош образовен систем. Децата гледаат лоши примери, без никакви ведности“. „Сега сите зборуваме за камерите, за Цитроенот, за прес конференцијата... А никој, ама никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка? Тоа е нашиот пораз!“ За ова и уште многу други детали во врска со заборавената страна на траумата, Весна Бејби Петрушевска зборуваше во своето лајв обраќање на Инстаграм, кое можете во целост  да го погледнете во продолжение:
Фото и видео: Инстаграм/vesnapetrushevska]]>

Разведените луѓе често се плашат, а и општеството ги осудува https://arhiva.vistina.com.mk/razvedenite-lugje-chesto-se-plashat-a-i-opshtestvoto-gi-osuduva/ Tue, 16 Mar 2021 14:45:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194427

Жените двојно почесто чувствуваат вина и срам поради неуспешниот брак, а една третина од разведените парови тврдат дека во бракот останале и се труделе најмногу што можеле. Во 21-ви век, разводот сè уште носи одредени предрасуди, за што сведочи и фактот дека повеќе од половина разведени парови чувствуваат некаков срам поради неуспехот на нивниот брак, покажала студија на британската адвокатска компанија „Slater and Gordon“, кај повеќе од 1000 разведени лица. Според студијата, жените имаат двојно поголема веројатност дека ќе чувствуваат вина и непријатност поради разводот од мажот, а во просек потребно е да поминат 4 години после официјалниот развод за луѓето да закрепнат емоционално. Најчестата причина поради која луѓето остануваат во нефункционален брак се грижата за децата и финансиите, а секој 10-ти останал во брак бидејќи не сакал да се носи со социјалните предрасуди кои ги носи разводот. Повеќе од една третина од луѓето, прекинувањето на бракот го доживуваат како личен успех, без разлика дали се чувствуваат виновни што одбрале лош животен партнер или затоа што не успеале да пронајдат заеднички јазик, и покрај верувањето дека ќе останат заедно додека 'смртта не ги раздели'. За тоа дека бракот се завршува брзо и лесно покажува и податокот дека повеќе од 75 отсто од луѓето активно се труделе да го спасат односот и да му дадат уште една шанса, објавиле истражувачите. Социјални последици од разводот: - Околу 46 отсто од луѓето секојдневно се соочуваат со осудување од другите - Околу 60 отсто од луѓето велат дека после разводот изгубиле голем број заеднички пријатели - Секој шести маж вели дека после развод ги загубил своите пријатели - Повеќето разведени прови веруваат дека нивниот социјален живот претрпел голема штета после разводот извор:точка.ком.мк]]>