опседнат обожавател – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Jul 2020 10:01:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png опседнат обожавател – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јелена Розга мета на манијак: Пејачката ја прогонува опседнат обожавател https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-rozga-meta-na-manijak-pejachkata-ja-progonuva-opsednat-obozavatel/ Tue, 21 Jul 2020 09:57:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159688

Јелена Розга живееше во страв неколку месеци, бидејќи, додека беше во родниот Сплит за време на својата корона изолација, таа била прогонувана од еден опседнат обожавател. Ова не е прв пат Розга да има проблеми со своите обожаватели, но сега, како што вели, таа е навистина исплашена. „Се исплашив дури и во тек на денот. Морав да излезам да го прошетам кучето, и одеднаш сфатив дека не сум сама. Само што се свртев - тој. Воопшто не ми беше сеедно. Па, кој сака да живее во страв, трчајќи да бара спас кон лифтот и слично? Ужасно чувство... Ми се чини како да сум магнет за нив, дека едноставно привлекувам такви луѓе!? Но, се надевам дека ова беше последен пат“ - рече Јелена во интервјуто за „РТЛ Ексклузив“, без да наведе дали се работи за истата личност која веќе со години ја прогонува. Се работи за извесен Синиша, кој живее и работи на релација Хрватска-земјите од Западна Европа, но ја следи во чекор, доаѓајќи буквално на секој нејзин настап, каде таа и да пее. Опседнат со Розга, тој и праќал букети цвеќиња, скапи подароци, се обидел дури и да ја побара за жена... Сведок на еден таков негов „излет“ при настапот на пејачката во Македонија, поточно во еден познат ноќен клуб во Струмица пред неколку години беа и новинарите на нашиот портал. Тогаш дотичната личност отседнал во истиот хотел каде што беше сместена пејачката и земал соба до собата на Розга, која потоа го смени престојот на друг кат во хотелот, а цела ноќ мораше да ја чува приватно обезбедување, но за среќа се' мина мирно и без никакви инциденти. Инаку Розга откри и дека во моментов единствен маж во нејзиниот живот е осумгодишното куче Ринго. „Тој е многу љубоморен на моите фанови. Ги сака жените, но не и мажите“ - се пошегува таа. ]]>