опрости ми папе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Apr 2020 07:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png опрости ми папе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дека Велибор Џаровски е најпознатиот естраден менаџер на сите времиња во екс ЈУ-историјата сите знаеме, ама знаете ли како пее Џаро? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/deka-velibor-dzarovski-e-najpoznatiot-estraden-menadzer-na-site-vreminja-vo-eks-ju-istorijata-site-znaeme-ama-znaete-li-kako-pee-dzaro-video/ Tue, 21 Apr 2020 07:47:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145678

Тој е несомнено жива легенда. Човекот за чија работа и кариера се испреплетени безброј случки, настани и легенди, човек кој важи за најпознатиот естраден менаџер на сите времиња во екс-ЈУ историјата, па се до ден денес... Работел со најголемите ѕвезди во регионот од Мишо Ковач и Оливер Драгојевиќ, преку Индекси, Леб и Сол и Бијело Дугме, до Оливер Мандиќ и Здравко Чолиќ... и уште стотици други. Ситната боранија и не ја броиме. Организирал илјадници концерти, бил вмешан во безброј афери, наместил којзнае колку фудбалски натпревари, па и цели првенства. Законот го знае и од оваа и од онаа страна... на решетките. Бил со него во судир, ама и негов најдобар пријател, преку локалните и државните началници и командири на полицијата. Контроверзите околу „кралот на местенките“, големиот Велибор Џаровски - Џаро тешко кој може да ги изброи. И да не беше болеста, веројатно денес наместо да ги „празни“ обложувалниците, се' уште ќе ги полнеше и празнеше казината, а и тоа како полнеше салите и стадионите... И тоа повеќе отколку што нивните капацитети собираат. Гостин во многу ТВ емисии, дел од сеќавањата, биографиите и мемоарите на многу познати и славни личности, човек со цели поглавја во пишаните и печатените анали на некогашна ЈУ естрада, човек со многу лица, а само едно име и прекар: „Ученик на ѓаволот“, како што во својата антологиска книга за историјата на екс ЈУ естрадата  „Подобро минато“  ќе го нарече новинарот и публицист, Петар Луковиќ. Џаро денес пензионер, кому во оваа корона пандемија најмногу му недостасуваат ливчињата и обложувалниците, но не и смисолот за хумор, ама и за нешто друго, што очигледно малкумина го знаат. Имено, покрај талентот „од ништо да направи многу и од многу да остане на ништо“, великиот Џаро кој работел со бардовите на регионалната естрада, во себе носи и талент, со кој  до некои од денешниве „естрадни уметници“ слободно може да застане рамо до рамо, а како стојат работите, дури и да ги засени. Зашто, сите знаеме дека Велибор Џаровски е најпознатиот менаџер на сите времиња во екс ЈУ естрадната историја, ама знаете ли како пее Џаро? Карантинот не само што е добра можност за одмор во кругот на семејството, туку и згодна прилика да се покаже скриениот потенцијал, во случајов на Џаровски, вокалниот. Масичка во дворот, радио - ЦД плеерот на неа и бесплатна забава за домашните и првиите комши, ексклузивно и во живо од самиот Џаро. на репертоарот уште една легенда - покојниот Оливер Драгојевиќ и неговата антологиска „Опрости ми папе“ и... караоке шоуто на Џаро може да започне. Ретка можност и за јавноста да слушне дека великиот Џаро можел да направи и самиот солидна пејачка кариера, патем, без да има трошоци... Или поточно, во она време да ја дели добивката 100 % со менаџерот т.е. со самиот себе! Вака,  „Опрости ми папе“... и („Благоја“, како што на шега го вика неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска) само за лепо домашно и комшиско друштво, ама и ексклузивно за сите вас... Дами и господа, Џаро караоке шоу!
]]>