опериран – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Oct 2023 07:30:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png опериран – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што и да е, дај Боже да помине: Зоки – Фаци по втор пат опериран од канцер, пријателите му испратија поддршка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-i-da-e-daj-bozhe-da-pomine-zoki-fatsi-po-vtor-pat-operiran-od-kantser-prijatelite-mu-ispratija-poddrshka-foto/ Fri, 27 Oct 2023 07:25:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324126

Македонски естраден новинар и познат ТВ водител, кој последниве годинни работи и како локал менџер Зоран Василевски, попознат под прекарот Зоки – „Фаци“ повторно заврши в болница. Поточно на клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија каде одново му беше извршена операција за отсранување на рецидивот од опаката болест - канцерот која пред две години за прв пат му се појави. Тогаш многумина помислија дека Фаци решил да направи на себе некаква естетска корекција, па дури некои и нагаѓаа дека решил да ги зголеми усните, други велеа дека се работи за корекција на носот, трети глава даваа дека е во прашање „сосема трет орган“, испадна дека никој од љубопитните душегрижници, за жал не бил во право. Зоки завчера, (25 октомври 2023) бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, на Одделот за пластична и реконструктивна хирургија. По оперативниот зафат  вели дека се чувствува добро, и раскажува детали за неговата борба со канцерот. „Дечки мои, преживеав уште една голема битка, благодарам од срца на целиот тим на др. Џонов и неговиот асистент Благоја Србов, како и сите вработени во пластична хирургија, чувајте се, канцерот не е зезање, се надевам дека го победив уште еднаш...“ - напиша Зоки покрај споделените болнички фотографии на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на лекарите, но и на сите кои му испратија убави зборови на поддршка, а ги имаше стотици. А, поддршката стигна од најблиските, другарите, пријателите, соработниците... Две мисици му испратија букети цвеќе во болница. Емилија Розман и Слаѓана Цветковска. „Ти праќам многу позитивна енергија и ти посакувам брзо опоравување“ - напишала Розман на картичката прикачена за цветниот букет. „Почитуван Зоки, ти посакувам брзо оздравување“ - напишала на својата картичка со букетот некогашната манекенка Слаѓана Цветковска која сега е мажена и живее во Катар. Зоки - Фаци како медиумски лик има не само пријатели, туку и обожавател(к)и, па неколку од нив му испратија пораки за брзо оздравување со сокче и чоколадни бомбони и како што една од нив и напишала: „Како што вели песната на Владо Јаневски - 'Што и да е, ќе помине'...“! Секако тука се и соработницците, особено оној кој во последно време е нераздвоен со фаци во нивниот ммногу гледан и популарен подкаст „Без лимит“, Јутјуберот и водител, Стефан Лазаров, која на својот компањон му посака  многу здравје: Патем, Лазаров имаше доблест да го откаже најнобвото издание на ниовниот заеднички подкаст, кое без Зоки Фаци не сакаше да го реализира, а тоа јавно и го обзнани. „Дечки, подкаст нема да има вечер, Зочко е во болница и правиме пауза...“ - споделил Лазаров! Oваа 2023 година Зоки посакува што побргу да ја заборави, зашто живот му го обележа со најнемилите можни настани. Најпрвин почина неговата мајка, а неполни 40 дена  по неа и неговиот вујко. Не помина долго време потоа  кога Фаци  како капак на се' дознава дека има рецидив, дека канцерот повторно му се вратил...  И ние како и тој самиот, се надеваме дека овој пат ќе ја добие битката со опаката болест засекогаш, дека на неговите неволји ќе има крај... Како годинава, така и воопшто во неговиот живот. Фото: Инстаграм и Фејсбук/zokifaci/_lazarovv    ]]>

Арнолд Шварценегер итно опериран https://arhiva.vistina.com.mk/arnold-shvarceneger-itno-operiran/ Sat, 24 Oct 2020 10:01:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172778

Ѕвездата на акционите филмови, Арнолд Шварценегер, изјавил дека бил подложен на операција на срцето, но се чувствувал „фантастично“. -Имам нов аортен залисток заедно со мојот нов белодробен залисток од претходната операција. Се чувствувам фантастично и веќе шетам по улиците на Кливленд, објави актерот и поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер во петокот. Шварценегер (73) исто така објави фотографија од болничкиот кревет од клиника во Кливленд и им се заблагодари на вработените во болницата. Актерот, кој е роден со срцева мана, беше подложен на итна операција на отворено срце во 2018. година кога му беше заменет залистокот. Шварценегер се прослави во 80-тите години од минатиот век со улогите во акциони филмови како „Терминатор“ и „Конан Варваринот“, но и во некои комедии. Во 2003 година, тој беше избран за гувернер на Калифорнија. По крајот на мандатот во 2011. година, тој се врати на филмовите, појавувајќи се во „Платеници 2“ и во продолжението на „Терминатор“. Фото: Твитер принтскрин]]>

Дарко Лазиќ сношти одново итно опериран: Драма во клиничкиот центар заради внатрешно крварење на пејачот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-lazikj-snoshti-odnovo-itno-operiran-drama-vo-klinichkiot-centar-zaradi-vnatreshno-krvarenje-na-pejachot-foto/ Mon, 05 Nov 2018 08:46:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56231

Иако се зборуваше дека здравствената состојба на настраданиот пејач Дарко Лазиќ е стабилна и од ден во ден се подобрува, вчеравечер во клиничкиот центар во Земун се случувала вистинска драма. Имено, како што пишуваат српските портали, фолк пејачот морал итно да подлегне на нов хируршки зафат, заради обилоно крварење во едното белодробно крило, што предизвикало негова дисфункција и гушење.
Драмата започнала вчера, недела, 04 ноември, кон крајот на денот, кога Лазиќ се пожелил дека не може да дише, па откако лекарите веднаш направиле рентген снимка, на истата се покажала голема сенка, што навело на заклучок дека во левото белодробно крило се собира некаква течност. Тогаш било алармирано семејството на Дарко, дека итно мора да му се направи нов хируршки зафат. Хирурзите ми извршиле пункција на белите дробови од кои биле извлечени дури два литри крв, по што здравствената состојба му се подобрила. дежурната екипа лекари цела ноќ ја следела функцијата на неговите бели дробови, а денес доколку е потребно, ќе му биде извршена уште една пункција.]]>

Ѓуро итно опериран: Се жалел на константни болки, па завршил под нож! https://arhiva.vistina.com.mk/gjuro-itno-operiran-se-zalel-na-konstantni-bolki-pa-zavrshil-pod-noz/ Mon, 15 Jan 2018 11:56:40 +0000 http://vistina.mk/?p=9732

Познатиот актер и продуцент Бранко Ѓуриќ Ѓуро итно бил опериран во Љубљана, откако извесно време се жалел на константни болки, пренесе српски „Курир“. Наводно, станува збор за помал хируршки зафат, а операцијата била изведена пред два дена и сега актерот се чувствува добро.
Не е познато за каква операција поточно станува збор, но Бранко Ѓуриќ извесно време ќе бил на боледување. Штом оздрави, ќе продолжел со својата хит претстава „Ѓурологија“, а во план имал и други проекти.]]>