опера – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 17 Jan 2024 12:11:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png опера – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на 26 јануари во Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/kavalerija-rustikana-od-pjetro-maskani-na-26-januari-vo-makedonskata-opera-i-balet/ Wed, 17 Jan 2024 12:11:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335282

Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Македонската опера и балет ќе се изведе на 26-ти јануари со почеток во 20.00 ч. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа. На сцената на МОБ ќе се изведе под диригентската палка на гостинката од Украина, Оксана Мадараш, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Настапуваат: Сандра Митровска во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Катерина Стојановска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Македонската опера и балет. „Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени. фото: Facebook/ MOB]]>

Со операта „Лидија од Македонија“ започнува новата сезона во Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/so-operata-lidija-od-makedonija-zapochnuva-novata-sezona-vo-makedonskata-opera-i-balet/ Wed, 06 Sep 2023 06:22:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317051

Новата сезона во Македонската опера и балет ќе се отвори со обновата на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски на 16-ти септември 2023 со почеток во 20 ч. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева. Во главните улоги ќе настапат: Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Македонската опера и балет. Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема. Билетите за претставата се пуштени во продажба онлајн на www.operabalet.mk и билетарницата на Македонската опера и балет.]]>

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини в петок на сцената на Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/operskata-pretstava-sevilskiot-berber-od-dhoakino-rosini-v-petok-na-stsenata-na-makedonskata-opera-i-balet/ Mon, 06 Feb 2023 09:41:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287611

В петок (10.2.2023) со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи популарната opera buffa, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина. Диригент е Андреја НауновРежисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф  Марија Ветероскакостимограф Марија Пупучевска. Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Васко Здравков, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски,Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Јане Дунимаглоски, Камениот човек: Борко Биџовски. Хорот и оркестарот на Национална опера и балет. Операта „Севилскиот бербер“ на Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.]]>

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало овој петок на сцената на МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/paljachi-od-rudhero-leonkavalo-v-petok-na-stsenata-na-mob/ Thu, 26 Jan 2023 13:28:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286009

Драматичната опера „Палјачи“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет во петок, 27 јануари 2023 во 20 часот. Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство…  ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Јане Бакевски, хор – мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Дејан Стоев  и  Драган Ампов.  Балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.]]>

На 23-ти ноември: Премиера на драматичната опера „Паљачи“ на сцената на НОБ https://arhiva.vistina.com.mk/na-23-ti-noemvri-premiera-na-dramatichnata-opera-paljachi-na-scenata-na-nob/ Fri, 18 Nov 2022 13:38:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276598

Драматичната опера „Палјачи“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 23 ноември 2022 со почеток во 20.00 ч. Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство…  ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Верица Ламбевска, хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ. Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Амети – Крлиу, Марјан  Јованоски, Јане Дунимаглоски, Драган Ампов. Балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.]]>

Драматичната опера „Палјачи“на сцената на МОБ на 8-ми април https://arhiva.vistina.com.mk/dramatichnata-opera-paljachi-na-scenata-na-mob-na-8-mi-april/ Thu, 07 Apr 2022 12:49:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245670

Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе утре 8-ми април на сцената на МОБ со почеток во 20 часот. Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценограф: Илина Ангеловска, костимограф: Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт мајстор: Јане Бакевски, хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ. Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Марјан Јованоски, Дејан Стоев, Васко Здравков, балетските играчи: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. Хорот и оркестарот на Македонската опера и балет. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан Ковид-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест. Задолжително е носење на заштитна маска.]]>

Операта „Кармен“ на сцената на Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/operata-karmen-na-scenata-na-makedonskata-opera-i-balet/ Thu, 25 Nov 2021 13:35:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228891

Во петок, 26 ноември, со почеток во 20.00 ч. во Македонската опера и балет ќе се изведе ремек- делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“ , една од најпознатите опери во историјата. Изведбата на операта „Кармен“ е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021. Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш; Режисер: Нина Најденова (Бугарија); Сценограф: Елена Иванова (Бугарија); Костимограф: Марија Пупучевска; Кореограф: Олга Панго. Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе, Зоран Сотиров, Ристе Велков како Ескамилио, Сандра Митровска  во улогата на Микаела, а во останатите улоги настапуваат Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска – Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернес Ибраимовски. Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19  или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење на заштитна маска, информираат организаторите.
]]>

„Кармен“ од Жорж Бизе во МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/karmen-od-zorz-bize-vo-mob/ Tue, 09 Mar 2021 12:19:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193349

Во петок, 12-ти март, со почеток во 19 часот, Македонската опера и балет ја најавува концертната изведба на ремек делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“, една од најпознатите опери во историјата. Настапуваат хорот и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска. Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.  Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број.]]>

По обвинувањата за сексуално вознимирување, Пласидо Доминго си даде оставка од Операта во Лос Анџелес https://arhiva.vistina.com.mk/po-obvinuvanjata-za-seksualno-voznimiruvanje-plasido-domingo-si-dade-ostavka-od-operata-vo-los-andzeles/ Thu, 03 Oct 2019 09:44:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110529

По обвинувањата за сексуално вознимирување, Пласидо Доминго си даде оставака од позицијата директор на Операта во Лос Анџелес. Во соопштението Доминго вели дека обвинувањата создале атмосфера во која била загрозена неговата способност за работа. Управниот одбор во соопштението вели дека Доминго настапувал повеќе од 300 пати во 21 улога. На позицијата на генерален директор е од 2003 година. За потсетување, 9 пејачки и танчерки го обвинија познатиот Пласидо Доминго за многубројни сексуални злоставувања кои се случувале уште пред 30 години. Според  најновите информации, еден од најпознатите операски пејачи ги принудувал жените да имаат сексуални односи, а за возврат ќе добијат добри ангажмани и работни прилики. По тој повод тогаш се огласи и Доминго кој истакна дека овие пишувања не се точни. „Обинувањата на поединци кои датираат уште пред 30 години се неточни. Сепак, боли кога ќе слушнете дека сте вознимириле некој и сте направиле да се почувствува непријатно, без оглед на тоа кога се случило и без оглед на тоа што било со најдобра немера. Верувајте дека сите мои средби биле разумни, а луѓето кои ме знаат, или они со кои работев, знаат дека никогаш нема некој намерно да навредам или да го доведам во непријатна ситуација“ изјави тогаш пејачот.  ]]>