опасни врски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Aug 2021 09:35:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png опасни врски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ заедно заминаа на одмор во Барселона: „Опасни врски“ или само цврсто пријателство? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovikj-i-dzejla-ramovikj-zaedno-zaminaa-na-odmor-vo-barselona-opasni-vrski-ili-samo-cvrsto-prijatelstvo-foto/ Wed, 18 Aug 2021 09:32:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215786

По неколкуте концерти што ги одржа низ Србија и Балканот, Марија Шерифовиќ одлучи да отпатува на одмор во Барселона заедно со никој друг, туку со победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ. Ова одново ја подгреа старата приказна за наводната „тајна врска“  помеѓу двете пејачки, па многумина повторно ги заскокотка дилемата дали се работи за „опасни врски“ или само за цврсто пријателство?  Недоумиците ги расчисти Едита Рамовиќ, мајката на  младата „Гранд“ ѕвезда која ги придружува пејачките на одморот, а фотографијата објавена од Марија на нејзините Инстаграм приказни покажува дека  женската компанија одлично се забавува. „Среќно“, напиша Шерифовиќ, наздравувајќи во кафулето со пијалак со двете дами од семејството Рамовиќ. Да потсетиме дека веќе подолго време се пишуваше во медиумите дека родителите на Џејла наводно не го одобруваат блискиот однос на нивната ќерка со единствената српска  победничка на Евровизија, што со оваа фотографија беше демантирано?! Или можеби потврдено, зашто некои сепак прокоментираа дека госпоѓа Рамовиќ е  тука за секој случај. Да биде „осигурувач“ и еден вид  „чувар на пријателството“ помеѓу нејзината ќерка Џејла и Марија, за тоа случајно да не премина во нешто друго!? Фото: Инстаграм принтскрин/serifovic/d_z_e_j_l_a_r_a_m_o_v_i_c  ]]>

„Опасни врски“ на српската естрада: Цеца и Саша Ковачевиќ се „посватија“, а сопругот на „швалерката“ на Душко Тошиќ и ја земал невиноста на оваа колешка на Карлеуша (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/opasni-vrski-na-srpskata-estrada-ceca-i-sasha-kovachevikj-se-posvatija-a-soprugot-na-shvalerkata-na-dushko-toshikj-i-ja-zemal-nevinosta-na-ovaa-koleshka-na-karleusha-foto/ Thu, 14 Jan 2021 12:35:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185154

На српската естрада е како во реално шоу... Не се знае(ше) па почна да се открива, кој со кого бил, кој против кого или со кого е во моментов е! Дел од тоа можеби се чисти измислици, дел, полуфабрикувани вести, но барем половината е вистина. Тоа српските естрадни ѕвезди или самите го признаваат или медимите преку очевидци, добро информирани извори, папарацо фотографии и видеа го докажуваат. Имено, Цеца по долга „ љубовна апстиненција“, конечно има нова љубов. Новото момче Богдан Срејовиќ е помладо 8 години од неа. Навидум ништо необично, зашто после Аркан фолк дивата воглавно беше навикната на „младо месо“...  Или „тазе пилетина“, што би рекле познатите со нивниот естраден жаргон! Од друга страна женскиот срцекршач Саша Ковачевиќ тотално ја разочара својата бројна армија обожавателки откако пред неколку години јавно обзнани дека е во сериозна врска, а новата девојка всушност му е разведена жена со дете покрај себе, кое пејачот го прифати како да е негово. Нивната љубовна романса се' уште трае, а некогашната мисица и манекенка Драгана Тасовац и Саша Ковачевиќ, добро упатените велат дека дури се и пред земање. Патем, Цеца и Саша Ковачевиќ се и  домашни пријатели, а пејачот е еден од малкуте редовни гости на куќната слава на  Цеца - Свети Никола, и обратно, таа на неговата - Ѓурѓовден. Но, за љубовната сага на секој од нив да стане латиноамериканска сапуница, или во поново време,  турска серија, се погрижила судбината, која Цеца и Саша  сега „спои“ и на поинаков начин. Имено, новото момче на Цеца, е всушност бившиот сопруг на актуелната девојка на Саша Ковачевиќ, со која ја има ќеркичката Искра. Или што би рекле, Цеца и Саша на некој начин... се „посватија“!  Патем, сите меѓусебно се се' уште во одлични односи! Злобниците дури и прокоментираа дека, како тргнале, малку фали да завршат во... „свингерај“! Од друга страна некако истовремено пукна аферата за наводната врска на Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша со жената на пејачот Пеѓа Јовановиќ – Близанац. Наводно, новата швалерка на српскиот фудбалер,  Ана Јовановиќ е добро позната во спортските, особено фудбалските  кругови, а кога нејзиниот сопруг Пеѓа дознал за нејзините излети, нивниот брак пропаднал. Во меѓувреме се јави уште една српска пејачка, колешка на Карлеуша, која обзнани кој и бил „прв во животот“. Имено, атрактивната Душица Грабовиќ, пејачката која стана позната кога се појави видео на кое се гледа како на еден нејзин настап публиката и пика бакшиш во гаќичките, јавно објави кога го имала првиот секс, односно кога ја изгубила невиноста и од кого. И види, „да не веруваш“, во прашање е исто така нејзин колега - пејач. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tanga-bakshish-na-srpskata-pejachka-za-vreme-na-nastapot-parite-i-gi-stavaa-vo-gakjichkite-video/ „Тој ми ја зема невиноста“ - објасни Душица посочувајќи го никој друг туку токму колегата Пеѓа Јовановиќ - Близанац. Taa рече дека и сега се во одлични односи, како со него, така и со неговата, веројатно сега веќе бивша ( или на пат тоа да стане) сопруга, посочената наводна швалерка на Душко Тошиќ,  кој e се ' уште сопруг на Јелена Карлеуша! Па сега вие видете, кој е со кого, а кој против кого и дали на српската естрада навистина не се случуваат „опасни врски“?! Фото: Инстаграм принтскрин  ]]>