опаѓање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Nov 2023 13:28:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png опаѓање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најчести причини за опаѓање на косата: Еве кога тоа е причина да се грижите и да одите на лекар https://arhiva.vistina.com.mk/najchesti-prichini-za-opagane-na-kosata-eve-koga-toa-e-prichina-da-se-grizhite-i-da-odite-na-lekar/ Mon, 27 Nov 2023 13:28:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328789

Губењето на косата е природен процес. Нормално е да изгубите помеѓу 50 и 100 влакна во еден ден. Но, доколку забележите дека ви паѓа премногу коса, можно е да има друг проблем. Причините за губење на косата се различни, а ова се најчестите:   Не јадете доволно протеини   Протеините помагаат во изградбата на косата. Ако ви недостасуваат протеини, вашата коса може да престане да расте и да забележите дека губите значително повеќе коса од вообичаено.   На жените им требаат околу 46 грама протеини дневно. Се препорачува да се консумира разновидна храна за да се внесе доволно протеини во организмот. Значи, не значи дека треба да консумирате само месо.   Недостаток на железо   Вегетаријанците или луѓето кои се обидуваат да го ограничат внесот на месо може да имаат проблем со недостаток на железо, а недостатокот на железо може да предизвика губење на косата.   Затоа, вклучете храна богата со железо во вашата исхрана. Тоа се намирници како слатки компири, соја, леќа и спанаќ.   Под голем стрес сте   „Екстремно стресните ситуации може да предизвикаат губење на косата шест недели до три месеци по стресен настан“, вели дерматологот д-р Елизабет Б. Хаусманд.   Добрата вест е дека повеќето влакна ќе растат нормално откако ќе се намали стресот, иако може да потрае и до една година.   Користите пегла за коса или виткање   Редовната употреба на фен за коса, пегла за коса или виткање може негативно да влијае на вашата коса и може да предизвика губење на косата.   „Многу високите температури од фен и слично може да доведат до пукање на косата“, вели д-р Хаусманд.   Бременост   За време на бременоста, телото поминува низ бројни промени. Во исто време се менува и нивото на естроген, што, меѓу другото, предизвикува опаѓање на косата за време на бременоста.   Но, дури и по породувањето, можете да почнете да губите коса. За жал, не постои брз лек за ова, но со текот на времето косата повторно ќе порасне.   Проблеми со тироидната жлезда   Тироидната жлезда е одговорна за регулирање на важни телесни функции како што се менструалниот циклус, отчукувањата на срцето и температурата на телото.   Проблемот со оваа витална жлезда може да влијае на многу аспекти на вашето здравје, вклучувајќи ја и косата, вели д-р Хаусманд.   Ако забележите абнормално опаѓање на косата, разговарајте со вашиот лекар за можен преглед на тироидната жлезда.   Почнавте да земате нов лек   „Одредени лекови може да предизвикаат опаѓање на косата“, изјави д-р Хаусманд за „The Healthy“.   За да дознаете дали вашиот лек е одговорен за опаѓање на косата, прочитајте ги предупредувањата што доаѓаат со лекот и проверете дали губењето на косата е еден од несаканите ефекти. Но, во никој случај не треба да престанете да го земате лекот без претходно да се консултирате со вашиот лекар. Извор: Попара.мк]]>

Природен лек: Чај против опаѓање на косата https://arhiva.vistina.com.mk/priroden-lek-chaj-protiv-opagane-na-kosata/ Mon, 03 Apr 2023 11:30:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296346

Копривата е една од најдобрите и најделотворните лековити билки. Целото растение е лековито, така што се користи и коренот, и листовите и семето. Копривата е богата со разни корисни состојки, калциум, фосфор, железо, витамин Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина и др. Копривата е најпозната како средство за прочистување на крвта и зголемување на бројот на црвените крвни зрнца. Во народната медицина се користи и за други цели како регулирање на нивото на шеќер во крвта, против заболувања на јетрата, слезинката и жолчката, против грчеви и чиреви на желудникот, за белодробни заболувања, за лечење на болести предизвикани од вирузи и бактерии и т.н. Копривата одлично делува на косата, го спречува нејзиното опаѓање и го поттикнува растот. Тинктурата од коприва посебно благотворно делува на секој тип на коса. Ако ја миете косата со чај од коприва, таа ќе биде убава и бујна, ќе го спречите паѓањето и прекумерното мрсење. 4 до 5 раце свежа или сува коприва се преливаат со 5 литра вода и се варат на тивок оган додека водата не зоврие. Се остава да стои 5 минути и потоа се користи за миење на косата. Ако се користи корен од коприва, една полна рака се остава да отстои во ладна вода преку ноќта, и наредниот ден се загрева на тивок оган додека водата не зоврие. Потоа се остава да отстои десетина минути, па се мие косата. Користете благ и квалитетен шампон и на крај убаво измијте ја косата со чајот од коприва. Исто така, одличен лек против опаѓање на косата ќе добиете и ако копривата ја смешате со жалфија и чичков корен. 25 г. коприва, 25 г. жалфија, 25 г. чичков корен се прелеваат со 3 литра вода и се варат додека водата не зоврие. Се остава да се излади, се прецедува и потоа се мие косата. Можеби најпознатиот лек од коприва против опаѓање на косата е тинктурата од коприва и алкохол, која навистина дава одлични резултати. Се подготвува едноставно: 100 грама корен од коприва убаво се мие и се става да отстои во 1 литар ракија или 70% алкохол 8 дена. Шишето ставете го на сонце. После тоа се прецедува во друго чисто шише се додаваат неколку капки рицинусово масло. Масирајте го коренот на косата секој втор ден. извор:курир.мк]]>

Ристе Ристески со соочи со најчестиот проблем на мажите: На македонскиот победник во „Ѕвездите на Гранд“ почна да му паѓа косата, па се реши да си пресади нова (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/riste-risteski-so-soochi-so-najchestiot-problem-na-mazite-na-makedonskiot-pobednik-vo-dzvezdite-na-grand-pochna-da-mu-pagja-kosata-pa-se-reshi-da-si-presadi-nova-foto/ Thu, 25 Aug 2022 07:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263987

Ристе Ристески стана препознатлив и популарен по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, каде публиката во 2017 година го прогласи за победник. Потоа, талентираниот охриѓанец сними неколку песни за „Гранд продукција“ и храбро зачекори кон врвот, но поради пандемијата на корона вирусот беше принуден да го забави темпото, а со текот на времето како да го снема од сцената. Како последица на стресниот и напорен период на пејачот почнала да му паѓа косата. Затоа неодамна отиде во Истанбул каде му беше пресадена коса, а за „Гранд онлајн“ откри зошто решил естетската интервенција да ја направи во турска клиника.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

Тој за „Гранд онлајн“ откри како поминала трансплантацијата на коса, сподели серија нови фотографии и го покажа резултатот по трансплантацијата. - Пред точно една недела направив трансплантација на коса, а пред речиси две години почна да ми паѓа косата. Сакав само да ја заштитам со оваа интервенција. Прво почна да опаѓа косата во предниот дел, а само мал дел пресадив, а остатокот го заштитив, бидејќи постои можност еден ден да почне да паѓа и во задниот дел - објаснува Ристе, а на прашањето дали тој добил препорака од некого за клиника во Турција, одговара: - Да, таа е една од најдобрите клиники за трансплантација на коса во Истанбул и затоа ја избрав. Иако штотуку ја направил интервенцијата, промената е повеќе од очигледна, но првите резултати ќе ги види дури за неколку месеци. - Искрено, презадоволен сум. Се помина добро и веќе ја гледам разликата, иако се потребни пет до десет месеци за да се опоравам, односно за тоа време ќе го видам максималниот ефект. Потребно е време за се да се опорави – изјави победникот на „Ѕвездите на Гранда“, кој јавно го покажа резултатот и истакна дека трансплантацијата делумно влијаела на неговата самодоверба. - Тоа не ми значи многу во однос на самодовербата, но сакам да си ја средувам косата и да бирам како сакам да изгледам - заклучил Ристе. Инаку, трансплантацијата на коса последниве години стана хит кај мажите, а на овој тренд не одолеаја многу познати личности, а последно се пишуваше за Бојан Маровиќ. Цената на оваа интервенција се движи од 1.500 до 5.000 евра. фото:Instagram/ Ристе Ристески]]>

Спречува опаѓање, го стимулира растот, волуменот и квалитетот на косата: Еве како да подготвите маска за регенерација https://arhiva.vistina.com.mk/sprechuva-opagjanje-go-stimulira-rastot-volumenot-i-kvalitetot-na-kosata-eve-kako-da-podgotvite-maska-za-regeneracija/ Wed, 25 Aug 2021 07:15:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216621

Потребни се неколку состојки: Многу жени имаат проблем со опаѓање на косата. За да го спречите ова и да ја зајакнете косата, ви предлагаме да направите природна маска која помага во оваа ситуација. Оваа природна маска го намалува губењето на косата, го стимулира растот, волуменот и квалитетот на косата. Рецептот е многу едноставен, лесен за правење а веројатно веќе ги имате сите состојки во куќата. Состојки: 2 лажици рицинусово масло 1 жолчка од јајце 1 лажица мед Добро измешајте ги сите состојки во еден сад. Потоа нанесете ја маската на скалпот и косата, од коренот до врвот. Покријте ја косата со капа за туширање и оставете ја маската да делува 2-4 часа. Потоа исплакнете ја косата на вообичаен начин. Повторувајте ја оваа постапка двапати неделно и наскоро резултатот позитивно ќе ве изненади. Рицинусовото масло има висока содржина на амино киселини кои се апсорбираат во скалпот и фоликулите и го регулира нивото на рН, што има позитивен ефект врз спречувањето на опаѓање на косата и појавата на првут. Жолчките од јајце се богати со витамини, протеини и масни киселини кои ја зајакнуваат косата, како и витамин Е, кој го поттикнува растот и хидратацијата на косата. Покрај тоа, јајцата содржат лецитин, кој спречува кршење на косата. Медот е богат со антиоксиданси кои ја омекнуваат косата и ги зајакнуваат фоликулите на влакното и скалпот. Исто така, го стимулира растот на косата, го намалува ризикот од опаѓање и ја навлажнува косата.]]>

Ви опаѓа косата? Пристигнува неочекувана помош од едно слатко задоволство https://arhiva.vistina.com.mk/vi-opagja-kosata-pristignuva-neochekuvana-pomosh-od-edno-slatko-zadovolstvo/ Thu, 04 Jun 2020 13:01:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152607

Темното чоколадо е подобра и здравствено поприфатлива алтернатива во споредба со другите видови чоколадо, а многу истражувачи тврдат дека може да помогне во решавање на многу телесни проблеми, особено оние кои се однесуваат на косата и кожата. Темното чоколадо е варијација на чоколадо кое содржи какао масти, какао путер, но без млеко кое се наоѓа во обичното млечно чоколадо. Ако имате проблем со косата и нејзиното екстремно опаѓање, тогаш темното чоколадо би можело да ве спаси. Истражувањето објавено на глувци открило врска помеѓу темното чоколадо и растот на влакната. Тоа е богато со какао кое содржи проантоцијанидини, соединенија за кои е познато дека го поттикнуваат растот на косата. Кај групите глувци на кои им било давано темно чоколадо, била откриена анагена фаза на раст на влакната. Станува збор за фаза на активен раст на фоликулата во која коренот на косата подобро се развива. Темното чоколадо кај луѓето значајно го зголемува волуменот на косата, благодарение на минералите кои ги содржи и кои поттикнуваат раст на клетки со зголемување на дотокот на крв до темето, а тоа најпосле доведува и до подобар раст на косата. Сјајот на косата можете да го вратите со помош на маска од темно чоколадо. Маската се прави од темно чоколадо, мед и јогурт, а резултатите пријатно ќе ве изненадат. Сувите прамени можете да ги третирате со маска која се прави од темно чоколадо и кокосово масло. Нанесете ја мешавината на косата и оставете ја еден час, а потоа измијте со млака вода. Помешајте какао во прав или темно чоколадо со кокосово масло и зелен чај. Оваа мешавина ќе ви помогне да го исчистите темето, да ја нахраните кожата на главата и да се ослободите од првутот. извор:точка.ком.мк]]>

Прва помош при есенското опаѓање на косата https://arhiva.vistina.com.mk/prva-pomosh-pri-esenskoto-opagjanje-na-kosata/ Tue, 05 Nov 2019 14:00:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116568

Есента за многу жени не е само синоним за паѓање на лисјата од дрвјата, туку и за опаѓање на косата. Доколку опаѓањето не е во неразумни количини тогаш нема место за паника, и истото трае од 4 до 6 недели. Но добро е да се превземат некои мерки за да оваа сезонска појава не премине во нешто посериозно. За да и помогнете на вашата коса да се избори со преминот од тропските температури кон студената зима, добро е да посетите фризер. Скратете ја должината и дајте и на косата нова сила и сјај. Нормално дека и вашата коса се храни со она што вие го внесувате во организмот. Она што и е најмногу потребно се протеини, витамини и минерали, па добро е да ги обезбедите во овој есенски период. Во исхраната вклучете риба, млеко, млечни производи и месо. За здрава коса многу е важно да изберете квалитетни козметички препарати кои одговараат на вашиот тип на коса. Некои фризери велат дека е добро косата да се мие секој трет ден, притоа користејќи соодветен шампон кој ја чисти и негува косата.]]>

Ако вашата коса премногу опаѓа, тогаш треба да проверите дали го правите ова https://arhiva.vistina.com.mk/ako-vashata-kosa-premnogu-opagja-togash-treba-da-proverite-dali-go-pravite-ova/ Mon, 05 Aug 2019 13:30:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100544

Колку опадната коса е премногу? Дневното губење на косата е нормална појава. Сепак, ако губите повеќе влакна од што ви растат, вие дефинитивно ќе сакате да преземете акција за да го спречите тоа. Ние ви нудиме неколку едноставни совети за заштита и подобрување на здравјето на вашата коса. Алкохолните пијалаци влијаат врз губењето на косата со забавување на растот на косата. Ако сакате вашата коса да го врати стариот сјај и густина, намалете или укинете го алкохолот. Пушењето го намалува протокот на крв во темето, што предизвикува забавување на растот на косата. Исто така, состојките на отровниот чад од тутунот го поткопуваат здравјето на клетките. Ако сакате да имате убава коса, кажете им не на цигарите. Со оглед на тоа дека косата е проткаена со протеини, нивниот недостаток може да доведе до опаѓање. Вклучете растителни и млечни протеини во вашата исхрана. Јадете многу ориз, мешунки, пченка, пченица, ‘рж и јачмен или пијте протеински шејк од сурутка. Водата сочинува една четвртина од секое влакно. Ве советуваме да пиете најмалку четири до осум чаши вода дневно. Вклучете го чајот и соковите во износот споменат погоре. Препорачуваме незасладени сокови од свежо исцедено овошје. извор:попара.мк]]>

Неочекувани нешта кои може да предизвикаат губење на косата https://arhiva.vistina.com.mk/neochekuvani-neshta-koi-moze-da-predizvikaat-gubenje-na-kosata/ Wed, 23 Jan 2019 14:10:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68694

Сосема е нормално во текот на денот да изгубиме до 100 влакна од косата, но кога тоа се случува во поголеми количини, значи дека нешто не е во ред. Паѓањето на косата не е карактеристично само за возрасните личности. Се случува и млади мажи и жени да имаат интензивно опаѓање на косата, делумно поради генетски причини, но постојат и други фактори. neochekuvani-neshta-koi-mozhe-da-predizvikaat-gubenje-na-kosata-01.jpg  

Сепак, за некои нешта сигурно не сте очекувале дека придонесуваат во тоа:

Рутината за нега

Може да биде лошо избран шампон, пената за обликување, фенот, четкањето, исправувањето, сето тоа предизвикува одредени оштетувања на косата.
Ако забележите нетипично паѓање на влакна, тогаш најпрво треба да се посомневате токму во козметиката. Сте промениле ли некој производ? Дали можеби сте нанеле преголема количина? Често тука лежи одговорот.

Пречесто четкање

Да, можно е да претерате со четкање на косата. Заборавете на митот дека треба да направите сто потези со четката низ косата, бидејќи така си кинете или корнете непотребно голем број влакна. neochekuvani-neshta-koi-mozhe-da-predizvikaat-gubenje-na-kosata-02.jpg

Земате многу витамински суплементи

Многумина препорачуваат суплементи, а и вие сигурно сте си помислиле дека нема никаква штета од нив. Но, ако претерате, еден од резултатите може да биде токму губењето на косата. Ако витаминот го внесувате во доволна количина со исхраната, тогаш немате потреба од додатоци.

Трауматично искуство

Стресот и траумата од каков било тип може да остават и физички последици, меѓу кои и здравата состојба на фоликулите. Иако нема да се случи да ви паѓаат цели прамени, по трауматично искуство може да забележите дека косата ви е потенка и послаба. neochekuvani-neshta-koi-mozhe-da-predizvikaat-gubenje-na-kosata-03.jpg

Лекови

Одредени терапии, особено хормоналните или антидепресивите може да бидат причина вашата коса да заслабне. Во ваков случај, задолжително консултирајте се со лекарот за промена на дозата.

Болест

Дијабетесот, анемијата и нарушената функција на тироидната жлезда се само дел од состојбите кои може да влијаат врз квалитетот на косата. Терапиите за овие болести исто така. Во најголем број случаи, состојбата се регулира веднаш штом болеста е под контрола.]]>

Причини за опаѓање на косата… https://arhiva.vistina.com.mk/prichini-za-opagjanje-na-kosata/ Mon, 26 Mar 2018 14:52:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17742

Физиолошки, секојдневно од косата паѓаат 50-80 влакна кои се заменуваат со нови. Состојбата при која од косата опаѓаат повеќе влакна отколку што се создаваат се нарекува ефлувиум (effluvium). Доколку овој процес не се сопре, тогаш настанува ќелавост – медицински позната како aлопеција (alopecia). Алопецијата се карактеризира со губиток на коса  и може да биде привремена или трајна. Најчести болести на косата, каде главниот симптом е разретченоста и недостатокот на коса се:

СИМПТОМАТСКИ ЕФЛУВИУМ

Станува збор за минливо опаѓање на косата, кое настанува како резултат на оштетување на влакнестиот фоликул од егзогени или ендогени фактори. Најчести причини кои доведуваат до овој тип на дифузно опаѓање на косата се:
  • Тежок психички стрес;
  • Строги диети;
  • Породување;
  • Малнутриција;
  • Одредени лекови – антиконвулзиви, антидепресиви, бета блокатори, антикоагуланти, лекови против акни кои содржат витамин А (орални ретиноиди), лекови за тироидни заболувања, орални контрацептиви, НСАИЛ – нестероидни антиинфламаторни лекови, лекови за намалување на нивото на холестерол, хормонска терапија и др.
  • Железодефицитна анемија;
  • Нарушување на функцијата на тироидната жлезда;
  • Тешки инфекции;
  • Операции;
  • Високо фебрилна состојба.
Опаѓање на косата Клиничка слика: Главниот симптом е зголемено и ненадејно опаѓање на влакната, поради што настанува дифузно проретчување на косата. Дневно може да паѓаат од 150 до 1.000 влакна. Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика и наодот од трихограмот (микроскопски преглед на коренот на влакното). Лекувањето зависи од причината која го предизвикала дифузното опаѓање на косата. Откако причината ќе се санира, косата повторно спонтано расте.

АНДРОГЕНА АЛОПЕЦИЈА

Овој е најчест тип на алопеција кој се јавува како резултат на андрогена стимулација на фоликулите на влакната. Станува збор за генетски наследно заболување, каде како што кажува и самото име, губењето на косата е индуцирано од андрогените. Овој тип на алопеција е позастапен кај машката популација, но ги афектира и жените. Клиничката слика е различна кај мажите и кај жените.

Андрогена алопеција кај мажи

Опаѓање на косата Кај мажите, процесот на опаѓање на косата започнува најчесто во третата деценија. Се состои од 4 степени. Во првиот степен се јавуваат т.н. „тајни ќошиња“ во фронталниот, преден дел од главата. Во вториот степен, покрај присуството на „тајни ќошиња“ кои се поизразени, настанува проретчување во централниот дел, но сè уште се присутни „мостови од влакна“ меѓу соголените места. Во третиот степен, „мостовите од влакна“ отсуствуваат, а во четвртиот степен, присутен е само „венец на коса“ – хипократска ќелавост. Од овој тип на алопеција страдаат сите мажи од белата популација.

Андрогена алопеција кај жени

Опаѓање на косата Кај жените, андрогената алопеција започнува околу 30-тата година, а се интензивира кон средината на четвртата деценија. Процесот на опаѓање на косата се одвива во три степени. Во првиот степен, проретчувањето на косата е ограничено и не ги зафаќа шишките, односно косата останува непроменета во областа 1-3 сантиметри непосредно над челото. При вториот степен, проретчувањето во централниот дел е поизразено, но ширината на шишките е непроменета. При третиот степен присутна е целосна ќелавост во централниот дел, со тоа што во предниот дел сè уште се присутни прамени на коса – шишките се зачувани. При андрогената алопеција кај жените, постои можност паралелно да се јави зголемена влакнетост над горната усна и екстремитетите. Дијагнозата се поставува со помош на клиничката слика и наодот од трихограмот. Лекувањето за андрогената алопеција кај жени вклучува локална апликација на раствори со естрогени и орална терапија со антиандрогени во комбинација со естрогени. (Треба да се внимава на контраиндикациите!). Кај мажите, третманот вклучува локална апликација на 2% миноксидил и орална терапија со финастерид. Можна е и трансплантација на коса. За жал, прогнозата кај овој тип на алопеција е неповолна.

АЛОПЕЦИЈА АРЕАТА

Alopecia areata претставува ненадејно губење на косата, кое се манифестира во вид на добро ограничени тркалезни или овални области. Опаѓање на косата Причините за појава на овој тип алопеција во целост не се дефинирани. Се смета дека игра улога генетската предиспозиција, но и влијанието на други фактори како емоционалниот стрес и присуство на хронични воспалителни фокуси (заби, синуси, грло и др.). Како причина за alopecia areata се претпоставува дека е и нарушувањето на имуниот систем, односно негово насочување против сопствениот организам – автоимунитет. Фактот дека голем број на автоимуни заболувања, меѓу кои и витилиго, Хашимото тиреоидитис и системски лупус, се поврзуваат со овој тип на алопеција, уште повеќе ја потврдува оваа теорија. Клиничка слика: Разликуваме три фази кај alopecia areata. Првата, фазата на прогресија, се карактеризира со појава на едно или повеќе жаришта каде што започнува опаѓањето на косата. Кожата на местата каде што косата опаѓа е мазна и сјајна. Во оваа фаза, влакната во зафатената област лесно се откинуваат. Со ширењето на жариштата, процес кој често трае со недели, може да дојде до нивно спојување и формирање на поголема соголена област на главата. Втората фаза е фаза на стабилизација, период кога косата ниту опаѓа ниту расте, по што следува фазата на регресија. Болеста најчесто трае 3-6 месеци, по што во најголем дел од случаите повторно израснува коса. Но, еволуцијата на ова заболување е доста неизвесна, затоа што постојат случаи каде и понатаму се јавуваат нови жаришта, кои можат да го зафатат целиот скалп, како и другите делови од телото. При агресивен тек на alopecia areata, се случува губење на целата коса за 10-15 дена. Дијагнозата се поставува со помош на клиничката слика и со микроскопско прегледување на корените на влакната – трихограм. Лекувањето има за цел стимулација на фоликулите за повторна продукција на влакна. Може да биде:
  • Локална терапија: салицилна киселина во алкохолен раствор, цигнолин, кортикостероидни масти, локална имунотерапија, интрадермална апликација на триамцинолон ацетонид итн.
  • Општа терапија: системски кортикостероиди и ПУВА (UVA терапија).
За жал, исходот на болеста често е непредвидлив.

ТРИХОТИЛОМАНИЈА

Трихотиломанија е самоиндуцирана алопеција, при која губењето на косата се должи на намерно и најчесто несвесно кубење на влакната. Оваа состојба е типична за децата и вообичаено е несвесен одговор на привремен стрес. Кај возрасните се јавува поретко и е резултат на некое психичко нарушување. Опаѓање на косата Клиничка слика: Луѓето кои страдаат од ова заболување преку кубењето на влакната ја намалуваат психичката напнатост, по што чувствуваат задоволство и смиреност. Најчесто се афектирани деловите од скалпот кои се лесно дофатливи со рацете, но кај дел од случаите се зафатени и веѓите и трепките. Ако личноста е десничар, промените се во деловите од скалпот кои се полесно достапни за десната рака, и обратно. Дијагноза: Пред да се постави дефинитивна дијагноза дека станува збор за трихотиломанија, потребно е да се исклучат други заболувања кои даваат слични симптоми, како alopecia areata или tinea capitis (габично заболување на окосмениот дел од главата – скалпот, веѓите и трепките). Лекувањето зависи од причината која довела до појава на заболувањето и најчесто вклучува консултација со психолог или психијатар.

ДИСТРОФИЧЕН ЕФЛУВИУМ

Овој тип алопеција се јавува при хемотерапија и радиотерапија. Состојбата се карактеризира со дифузно губење на косата, а најчесто по завршување на третманот кој довел до опаѓањето, косата се обновува. НАПОМЕНА: Доколку забележите зголемено опаѓање на косата, посетете го вашиот лекар со цел да се открие причината и ако е потребно навремено да се даде соодветна терапија]]>