онлајн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Dec 2022 09:29:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png онлајн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Маријана и Росана славеа роденден: Близначката која живее во Австралија нарача торта „онлајн“, па доби шок испорака која и го спушти шеќерот… на минимум (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marijana-i-rosana-slavea-rodenden-bliznachkata-koja-zivee-vo-avstralija-naracha-torta-onlajn-pa-dobi-shok-isporaka-koja-i-go-spushti-shekjerot-na-minimum-video/ Thu, 15 Dec 2022 09:23:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280122

Маријана и Росана, легендарните македонски пејачки - сестри близначки вчера, 14 декември (среда), славеа роденден. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, ама секако им се бројат ако не подароците, тогаш барем честитките за „денот што го чекаме цела година“! Иако физички раздвоени со живот на различни континенти, сестрите споделија пост за нивниот роденден, а потоа и благодарница за многубројните роденденски честитки кои ги добија. Маријана, која веќе со години живее во далечната Австралија, посакала да се почести за роденденот... И себе си и најблиские, па  решила тоа да биде со роденденска торта. За да не прави самата, решила да ја нарача. Денес современата технологија овозможува дури и да не морате да одите во слаткарница, туку доволно е само да имате Интернет и да бидете на еден клик со вашата „посластица“.  Каталогот веднаш ви излегува пред очи, а ваше е само да одберете и нарачате што ви душа сака, односно што ви фаќа око... Онлајн, секако! Само што она што и се случи на славеничката Маријана е поука за сите дека „она што окото ви фаќа онлајн“ не е ниту оддалеку исто со она што ќе го видите пред очи во живо, кога ќе го добиете. Имено, Марјана откако ја одбрала саканата торта, онлајн нарачката бргу стигнала на домашна адреса и тоа елегантно спакувана во „соодветна кутија“... Само што димензиите на тортата, ако така може да се нарече „шеќерчето“ што пејачката го добила, не биле ниту оиддалеку соодветни на она што треба да бидат. Или во превод: платила како за торта, а добила едвај колаче... И тоа со душегрижничко образложение на производителот дека тие се грижат за вашето, во случајов нејзиното здравје... За да не и се качи шеќерот! А, откако ја доби „онлајн“ нарачката, на Маријана по шок испораката  всушност шеќерот и падна... И тоа на минимум... Ако не и на нула! Па затоа, шокираната славеничка наместо да се израдува на тортата, сподели предупредувачко видео... Колку да пазите кога купувате, што и од кого онлајн нарачувате (КЛИКНИ ТУКА): Фото: Фејсбук принтскрин/Marijana Novacevska]]>

Билети за „Саемот на книга“ ќе може да се купат онлајн https://arhiva.vistina.com.mk/bileti-za-saemot-na-kniga-kje-moze-da-se-kupat-onlajn/ Wed, 01 Sep 2021 13:26:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217577

Од утре, билети за саемот на книга ќе може да се купат преку on-line електронскиот систем www.karti.com.mk. За најбројната публика, млади лица до 18 години, важи попустот како за групни посети, а билетот чини само 20 денари. Саемот за книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски), од 8. до 14. септември. На саемот ќе земат учество над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, како и голем број на промоции и саемски попусти. Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и поддржан е од Министерството за култура на Република Македонија. Програмата и распоредот на промоции на новите изданија ќе бидат објавени непосредно пред почетокот на Саемот на книга 2021, соопштија организаторите.]]>

Издавачката куќа „Антолог“ го најавува вториот онлајн Саем на книгата https://arhiva.vistina.com.mk/izdavachkata-kukja-antolog-go-najavuva-vtoriot-onlajn-saem-na-knigata/ Tue, 11 May 2021 10:09:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202053

Во месецот мај, месец предвиден за традиционалниот Саем на книга, издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најавува второто издание на е-саемот на книга. И оваа година како и претходната, саемот ќе биде онлајн на www.antolog.mk, но и во нашите книжарници. Саемот ќе трае од 10 до 20 мај 2021 година. За време на саемот, „Антолог“ на сите читатели им најавува ексклузивна можност да ги добијат 150-те најпродавани наслови со попуст од 10% до 50%, како и бесплатна достава за сите нарачки од сајтот над 999 денари. Покрај намалените цени и атрактивните попусти, „Антолог“ најавуваат и многу други настани и активности што ќе го збогатат овој Мајски саем, меѓу кои и редовните посети на Книжарницата на тркала на различи локации низ државата, во која ќе важат тековните саемски цени. Од засега најавените посети, Книжарницата на тркала ќе ги израдува читателите во: Прилеп (13 мај), Ресен (14 мај), Битола (15 мај), Велес (20 мај), а за другите локации ќе известиме дополнително. За време на Саемот, ќе бидат организирани и различни настани со неколку македонски автори, како добитникот на наградата „Роман на годината 2020“ – Владимир Јанковски, трилер-авторот Анде Јанков, уредникот и писател Жарко Кујунџиски и дебитантката Станка Бајлозова-Барламова, од кои дел ќе се одржат онлајн, а дел во рамките на патувањето на Книжарницата на тркала. Дополнително изненадување за читателите е дека за време на овој Саем повторно ќе биде отворена и Кутијата на приказни (Story Box), со која им се дава простор на неафирмираните автори за објавување на нивните творби на различни теми. Искуството од минатогодишниот е-саем покажа дека е читањето одличен начин полесно да се поднесат овие тешки времиња и затоа идејата на овој саем е да ги направиме книгите што подостапни за сите – по намалени цени, и тоа онака како што преферираат самите читатели: од удобноста и сигурноста на своите домови преку интернет-нарачки, директно од нашите книжарници, или од нашата Книжарница на тркала кога таа ќе го посети нивното место на живеење. извор:нетпрес.ком.мк]]>

Онлајн-промоција на книга: „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска https://arhiva.vistina.com.mk/onlajn-promocija-na-kniga-makedonski-vizuelen-identitet-od-gordana-vrencoska/ Mon, 22 Mar 2021 10:48:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195390

Книгата „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“ од македонската уметница, дизајнерка и професорка Гордана Вренцоска ќе биде промовирана онлајн во вторник (23 март) во 19 часот на страницата на „Фејсбук“ на издавачката куќа „Арс Ламина“. Ова дело е реализирано со поддршка на Министерството за култура и општина Виница, а е достапно во книжарниците на „Литература.мк“ и може да се нарача преку интернет-страницата www.literatura.mk Онлајн-промоцијата ќе ја води уредникот на изданието Филип Видиновски. Оваа книга, која произлезе од докторската дисертација на авторката со ист наслов, се занимава со македонската визуелна „генетика“ и ги истражува македонските визуелни културни традиции во ерата на брзите и драматични општествени промени. Вековната борба за македонски идентитет, како и барањето на македонскиот идентитет и културен „генетски“ код, станува видлива со бурните општествени промени и револуционерните движења кон крајот на 19 и во почетокот на 20 век, а се зајакнува со сувереноста, самостојноста и независноста на Република Македонија од 1991 година и потребата за определување на нејзината културна различност и идентитет во светски рамки. Во постмодерната ера, во која царуваат глобализацијата, интернетот, социјалните медиуми и визуелните комуникации, овој културен „генетски“ код е студиран во рамките на визуелната култура, низ призмата на народната култура и фолклорот (традиционален и урбан) од една страна и високата култура и уметност од друга страна, но и преку полето на поткултурите што се инхерентни за популарната културa и медиумите, и меѓусебното испреплетување на сите овие форми во современите визуелни комуникации. Во трудот се вклучени и три студии на случај од Шкотска, Норвешка и Русија. Гордана Вренцоска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, на отсекот сликарство со модно креирање. Интердисциплинарните магистерски студии по дизајн ги завршила на колеџот за уметност и дизајн „Централ Сент Мартинс“ (Central Saint Martins College of Art and Design) во Лондон, како стипендист на престижната британска програма „Чивнинг“. Докторската теза ја одбранила на Институтот за фолклор во Скопје, под менторство на проф. д-р Антоанела Петковска. Реализирала 14 самостојни изложби и учествувала во многубројни групни изложби во Македонија, Полска, Велика Британија, Италија, Германија, Белгија, Хрватска, Австрија, САД, Кина, Србија и други земји. Победила на „Твинингс“ (Twinings) – натпреварот за дизајн на шапка во Велика Британија и е добитничка на престижниот грант за уметници на фондацијата „Полок-Краснер“ од Њујорк. Во 2018 година беше регионален победник на UK Alumni Entrepreneurial Award, награда што ја доделува Британскиот совет во Лондон. Членка е на здруженијата на уметници „УМ“, на ДЛУМ и на Македонскиот совет за дизајн. Вренцоска работи како редовен професор по визуелна уметност и дизајн на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.]]>

Тамара и Тијана најавија прв заеднички концерт и тоа онлајн https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-i-tijana-najavija-prv-zaednichki-koncert-i-toa-on-lajn/ Mon, 22 Feb 2021 09:06:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190761

Tијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска на 23-ти февруари ќе одржат прв заеднички онлајн концерт. Дека ќе пеат заедно по долго време, тие најавија преку Инстаграм и ги повикаа своите фанови да ја симнат апликацијата YouBox преку која ќе може да го гледаат концертот. „Конечно ја фатив сестра ми да одржиме концерт заедно. Почнуваме во 21 часот“, напиша Тијана. Слична објава имаше и Тамара, која рече дека е возбудена што ќе пее заедно со Тијана.]]>

МКЦ: Роденденот на уметноста в петок, 22 јануари ќе го прославиме онлајн https://arhiva.vistina.com.mk/mkc-rodendenot-na-umetnosta-v-petok-22-januari-kje-go-proslavime-onlajn/ Thu, 21 Jan 2021 10:12:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186215

Младинскиот културен центар (МКЦ) в петок, на 22 јануари во 18 часот на социјалните мрежи ќе го прослави Роденденот на уметноста, овој пат, поради ситуацијата со ковид-19 виртуелно. „Роденденот на уметноста е настан со кој МКЦ веќе неколку години наназад ја започнува годината. По сето сработено во изминатата 2020, по толку многу онлајн-настани, по речиси целосно ‘дигитализирање’ и на културата и на нашите животи, решивме ова издание на Роденденот да го одбележиме со еден избор од онлајн настани организирани од/во МКЦ, во текот на 2020 година. Нормално, со надеж дека 2021 ќе ни донесе нормализирање на ситуацијата и враќање на публиката во живо. Закажуваме виртуелна средба на 22 јануари (петок), со почеток од 18 часот на социјалните мрежи на МКЦ“ - велат од МКЦ.]]>

На Божиќ: Онлајн акустичен концерт на „Фрајле“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-bozikj-onlajn-akustichen-koncert-na-frajle/ Mon, 04 Jan 2021 17:18:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183531

Четирите дами од новосадскиот бенд „Фрајле“ на православен Божиќ (7-ми јануари), ќе приредат незаборавно онлајн музичко доживување. Марија, Невена, Наташа и Јелена веќе се подготвуваат за „Божиќ со Фрајле“ кој ќе започне во 20 часот на платформата Legato. „Фрајле“ веќе неколку пати се дружеа онлајн со фановите и секогаш имаше огромен интерес од над 10.000 следбеници. Овој Божиќ тие за сите свои обожаватели покрај својата новогодишна елка ќе ги пееат: „Ich liebe dich“, „Мењам дане“, „Штиклице“ и уште многу песни од нивниот репертоар. За овој онлајн концерт ексклузивно и за прв пат ќе имате прилика да слушнете и неколку нумери премиерн, како на пример новата преработка и тоа на човекот во кој се сите 4 се заљубени, неповторливот Здравко Чолиќ. Легендарната „Једина“ доби ново руво и сега звучи вака отпеана од „Фрајле“: https://www.youtube.com/watch?v=NvQ0ezsRVtY&feature=emb_logo  
]]>

Онлајн промоција на новиот албум „Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/onlajn-promocija-na-noviot-album-taftalidze-shuffle-na-vlatko-stefanovski-video/ Mon, 28 Dec 2020 11:40:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182929

Во петокот, 25. декември 2020,  Литература.мк организираше онлајн дружење и истото можеше да се проследи на нивниот фејсбук профил, од 21 часот, на кое се случи промоцијата на новиот албум на македонскиот гитарски виртуоз, автор и музичар Влатко Стефановски, а  бешее прикажан и видеоспотот за темата „Огледало“. „Taftalidze Shuffle“ е еден од најпродаваните музички абуми во Хрватска откако ја здогледа светлината на денот, наскоро ќе може да се купи и во Скопје и Македонија, каде досега за жал, се' уште  го нема. Погледнете го видеото од промоцијата во вид на интервју на Влатко Стефановски со Бранка Костиќ-Марковиќ. https://www.youtube.com/watch?v=nW0p2m9AlU8]]>

Традиционалниот Виенски концерт на 1-ви јануари 2021 година без публика: На ТВ и онлајн, но пред празна сала (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tradicionalniot-vienski-koncert-na-1-vi-januari-2021-godina-bez-publika-na-tv-i-onlajn-no-pred-prazna-sala-video/ Wed, 23 Dec 2020 12:26:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182310

Салата на Музикферајн во Виена на 1. јануари 2021 година ќе остане празна , а оркестарот ќе ја отсвири предвидената програма за милионската публика ширум светот кои ќе ја следат онлајн. И овој настан ќе биде во согласност со новата, не така пријтна реалност. Како што соопшти ОРФ, австрискиот радидифузер кој секоја година го пренесува концертот, овој пат публиката од целиот свет, без оглед на тоа дали има билет или не, ќе може да го сними својот аплауз. Потоа тој ќе биде синхронизиран со концертот, со кој оваа година по шести пат во својата кариера ќе диригира Рикардо Мути. Тој ќе биде пренесуван во над 90 земји. „Радецки марш“ како шлаг на секој ноогодишен концерт исполнет со плескањето на со рацета на публиката овој пат ќе остане,  а целата програма ќе се изведува пред празна сала. Ќе ги нема воедначените аплаузи и насмеаните лица, упатени кон секогаш шармантниот диригент. Oдлуката за виртуелно одржување доаѓа откако владата на Австрија одлучи дека нема да можат да се одржуваат концерти до 6 јануари 2021. Така, на тие што веќе имаат купено влезници, парите ќе им бидат вратени. https://www.youtube.com/watch?v=jCILGz9The8&feature=emb_logo]]>

ДНК со виртуелен онлајн концерт за крај на 2020 https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-so-virtuelen-onlajn-koncert-za-kraj-na-2020/ Wed, 23 Dec 2020 10:35:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182253

Двоецот ДНК годинава го слави своето полнолетство, па затоа оваа иако тешка година реши да ја заврши со песна, односно концерт кој заради пандемијата ќе се одржи онлајн. Виртуелниот настан е закажан за во понеделник на 28 декември, а Панчо и Андреј со сите свои фанови, пријатели и драги луѓе ќе се дружат на официјалната Фејсбук ДНК страница. - Драги наши пријатели, фанови и соработници. Сите знаеме дека оваа 2020 година општо беше претешка за сите нас, на сите полиња. Многумина изгубија свои најблиски, претрпеа огромни финансиски загуби, го изгубивме духот, дружбата, насмевката, позитивната мисла и што е најбитно заборавивме да пееме, да се дружиме и забавуваме. Но не се даваме!!! Како што сите знаете, оваа година ДНК слави полнолетство, односно 18 години постоење на македонската поп естрада. Имавме супер план, но со оглед на околностите бевме спречени да прославиме физички заедно со сите вас. Сепак, не се откажавме и по тој повод решивме да и се спротивставиме на оваа летаргична година, и во Новата 2021 да влеземе со песна и позитивна мисла како што тоа најдобро го знаеме со ДНК. За прв пат во Македонија заедно со нашиот бенд решивме да направиме еден предновогодишен виртуелен (стриминг) концерт кој ќе се одржи во понеделник, на 28.12 со почеток во 20 ч на официјалната фејсбук ДНК фан-страница. “Влезницата” која во ова тешко време за нас артистите воедно ќе биде и еден вид ваша поддршка/донација ќе чини симболични 300 денари со можност да “купите/донирате” повеќе, нормално секој во склоп со неговите можности, а секој преглед и купена карта/донација ќе биде наша мотивација за многу нови изненадувања во 2021 кои ги крчкавме по дома. Билетите за влезот/гејтот може да ги набавите исклучиво онлајн преку WWW.KARTI.COM.MK продажната мрежа и на тој начин да не поддржите на концертот и прославата на 18-годишното постоење на ДНК, велат Панчо и Андреј и додаваат: - Ве поздравуваме, премногу сме возбудени бидејќи прв пат ќе свириме по пауза од 10 месеци и однапред сме ви преблагодарни за вашата поддршка во овој тежок период за нас, а воедно и за сите овие 18 години. Ве очекуваме во огромен број, барем 10 пати повеќе од нашиот последниот саемски концерт и нормално интерактивно/виртуелно ќе се забавуваме и одговараме на вашите пораки. Ваши ДНК.  ]]>