онлајн изложба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Sep 2022 12:38:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png онлајн изложба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Интернационално графичко биенале 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/internacionalno-grafichko-bienale-2022/ Fri, 23 Sep 2022 12:38:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268507

Во тек е четвртото издание на биеналната изложба „Интернационално графичко биенале“ кое се реализира како on-line изложба на социлајната мрежа Facebook, секој ден во периодот од 15 до 30 Септември 2022. ДЛУМ има тенденција да повикува графичари, уметници од разни земји кои графиката ја негуваат во својот класичен третман но и активно експериментираат. Дигиталната ера ја овозможува оваа on-line поставка да биде достапна на голем број публика. Но се чини дека дигиталната ера го окупира и уметникот да создава и експериментира со новите технологии и можности. Класичните графички техники на ова издание на графичкото биенале се во богатство на понуда од линорез, литографија, бакропис, акватинта, мезотинта, сува игла, сито печат, но голем е бројот и на уметници кои работат во медиумот на дигитален печат. Понудените конкуренти од различни земји имаат свој специфичен ракопис, индивидуална или препознатлива преокупација од денешницата. Ако задача на уметникот е да го забележи времето сегашно, да ги претстави сопствените визии и актуелни размисли, тогаш она што тие го кажуваат е поттик за размисла, провокација за гледачот. На изложбата се претставени дела од 35 уметници од различни земји и тоа : Босна и Херцеговина Катарина Галиќ ; Бугарија – Ѓорги Ашиков , Христо Николаев Георгиев , Ирина Владимирова Михаилова , Марија Тодорина , Снежина Бисерова , Росен Станоев ; Кипар – Мариана Кафариду ; Литванија – Адам Чех , Кристина Даниунаите, Угне Зилјут, Вајдотас Јанулис; Македонија – Ана Спасова , Ана Трајковска , Валентина Илијевска , Горан Ристески , Дијана Томиќ Радевска , Златко Глигоров, Маја Рауник, Марија Светиева, Роберт Михајловски, Стефан Младеновски ; Мексико – Лилиа Лухан ; Норвешка – Магдалена Бак ; Полска – Кжиштоф Румин , Мариа Амброз , ПаулинаБобак , Ана Чмјелник , Дариус Затка , Моника Столарска ; Хрватска – Јошко Саблиќ , Ива Штефанец , Ена Бајук и Црна Гора – Јелена Јованчов . Стручно жири од 7 члена Маја Рауник Кирков, Гордана Вренцоска, Маја Кировска, Шќипе Мехмети, Христијан Санев, Марија Светиева и Дијана Томиќ Радевска ги селектираше пристигнатите дела и донесе одлука да додели 3 рамноправни награди на: Магдалена Бак, Норвешказа „Знајна-незнајна СкреиаII”, сито печат, Паулина Бобак, Полска ,,БлискостIII”, етканица, мезотинта, Кристина Даниунаите, Литванија ,,Кон слободата”, C3, C5, бакропис и акватинта.]]>