онлајн анкета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Apr 2021 12:02:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png онлајн анкета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Онлајн-анкета на ИКОМОС Македонија по повод Светскиот ден на споменици и локалитети https://arhiva.vistina.com.mk/onlajn-anketa-na-ikomos-makedonija-po-povod-svetskiot-den-na-spomenici-i-lokaliteti/ Thu, 15 Apr 2021 12:02:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199170

„Комплексно минато: разновидна иднина“ е тема на годинашното одбележување на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април, одредена од Меѓународниот совет на споменици и локалитети (ИКОМОС). Целта на темата годинава е да се иницира дискусија и критичко испитување на минатото преку зачувувањето на културното наследство, поттикнувајќи негово согледување и презентирање од различни гледишта и непристрасност при неговото толкување.
ИКОМОС сака да промовира нови дискурси, различни и нијансирани пристапи кон постојните историски наративи, поддржувајќи инклузивност. Тоа се, пред сè, осврти кон споменици и/или локалитети кои биле намерно разурнувани, споменици на опресија и угнетување, како и третманот на домородните населенија и нивното наследство, нагласувајќи ја повеќеслојноста на историјата и наследството и нивното различно значење за различни заедници, соопшти Националниот комитет – ИКОМОС Македонија.
Како еден од 107-те комитети на глобално ниво на ИКОМОС, Националниот комитет ИКОМОС Македонија утре и задутре (15 и 16 април) на своите страници на социјалните мрежи (Фејсбук, Линкдин, Твитер и Инстаграм) ќе спроведе интерактивна онлајн-анкета поврзана со глобалната тема, а резултатите ќе ги објави на 18 април.
Целта е да отвориме дискусија и размена на мислења и ставови околу темата „Комплексно минато: разновидна иднина“. Ги покануваме за учество сите наши следбеници и целата јавност која би сакала да ни се придружи во оваа наша активност, надевајќи се на плодна, конструктивна и разновидна дискусија, информира Националниот комитет на ИКОМОС.
Датумот 18 април за одбележување на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е востановен во1982 година.]]>