онкологија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Sep 2023 08:44:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png онкологија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо-ДНК, Биба Додева… меѓу познатите македонски личности кои ги изгубиле своите најмили, удрија по злосторот на „онколошките монструми“ https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-biba-dodeva-megu-poznatite-makedonski-lichnosti-koi-gi-izgubile-svoite-najmili-udrija-po-zlostorot-na-onkoloshkite-monstrumi/ Mon, 04 Sep 2023 08:35:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316414

По објавениот црн мегаскандал од клиниката за онкологија  револтот на народот не само што расте до невидени размери, туку е на работ на експлозија. Чашата на криминалното и коруптивно владеење и неспособност на владеачката коалиција оддамна е прелеана.  Трулежот во сите сфери на општеството стигнат е до ниво на распаѓање. По најновите шокантни откритија за случувањата на онкологија, од  здравството меѓу  останатото, се шири неподнослива смрдеа... Реа на гнилеж предизвикана од аматеризам, неспособност, нечовечност, алчност, недостаток на емпатија до ниво на монструозност...  На социјалните мрежи се објавуваат коментари, врие од револт, осамнуваат потресни сведоштва од граѓани кои поминале низ лавиринтите на клиниката, а за жал, и покрај скапите терапии кои само тие знаат како собрале финансии за да ги обезбедат, ги загубиле своите најмили, најблиските. Меѓу останатите граѓани реагираат со свои коментари и познатите. Во професијата, во шоубизнисот  можеби се блескави ѕвезди, но во животот сепак се само обични луѓе, кои токму таму, во таа сега веќе за жал извикана и „озлогласена“ институција наместо сламката на спас за живот, дознаваат дека можеби и нивните сега веќе покојни најмили, биле дел од пеколниот „менгелевско - трговски“ крими проект на поедини медицински монструми!? Впрочем, после ова може ли некој да го спречи сомнежот на секој што животот го натерал лично или некој од неговите да поминат низ скопските онколошки ходници и болнички соби? Затоа и реакциите се емотивни, искрени, човечки... Но и полни со гнев и горчина, со бес и лутина и борба за правдина... Институционална или улична, сеедно... Правдата мора да ја има. Зашто кога неправдата станува закон, отпорот станува должност, а за злосторството мора да има и соодветна казна. Од судот или линч од народот! Македонскиот  ар ен би изведувач и ДЈ,  Владимир Блажев, алијас Панчо-ДНК како и многумина  реагираше на својот Фејсбук профил. Вели дека морал најпрвин „да изброи до 10“  за да не употреби зборови што не се за во јавност, па потоа еве што споделил во својот коментар: „Кога ја дознав информацијата бев во шок, неверување и толку многу изреволтиран што чекав да ми спадне за да не се каам што зборови ќе употребам. Додека сите ние лечиме луѓе преку СМС пораки, донации или хуманитарни концерти некои НЕЛУЃЕ си профитираат на маката и фамилиите на луѓе кои се борат со смртта. Толку многу неправди се случуваат последниве години што е огромен разлог за разочарување кај сите граѓани на Македонија и егзодусот кои се случува прекупреселување и напуштање не државата, и не само на млади туку цели фамилии. Станавме земја во која корупцијата ни е секојдневие, правосудството ни е КРИВОСУДСТВО и еден голем ЦИРКУС, а здравството КАТАСТРОФАЛНО. Ништо, ама буквално НИШТО не функционира!! После овој скандал не само што треба да има предвремени избори туку треба буквално сите кои се на власт да си поднесат неотповиклива оставка или во спротивно да направиме граѓанска непослушност без никаков страв од закани и притисоци за оние кои работат дежавна работа. Секоја револуција има свои последици но и нови херои!! Размислете дека еден ден истово ова може да ви се случи недај боже вам или на ваши најблиски. Ова е ДНОТО НА СРАМОТ и НЕЧОВЕЧНОСТА, ова е нешто кое се случува во најнеразвиени земји ма да и таму има повеќе емпатија него кај нас. Господ на сите ќе ви суди тоа е факт ама мора и народот. Ова не смее да го преќутиме, СИТЕ НА УЛИЦА и не политички туку ЧОВЕЧКИ“ - напишал Панчо на својот Фејсбук. Македонската пејачка и кантавторка Биба Додева, која последниве години преку своето здружение за борба против карциномот - „Борка“ беше токму синоним за хуманост, борба, желба за живот, оптимизам, достоинствено лекување... на најопаката болест на денешницата. По десетгодишна активност пејачката се повлече од својата активност на ова поле заради тоа што замина да живее во друга земја, но при своето враќање и посета на родната Македонија, токму за „добредојде“  ја дочека непријатната вест за случувањата на скопска онкологија, тотално спротивни од она за кое Биба Додева последниве десет години се бореше и залагаше. Шокирана и вчудовидена од случувањата пејачката и некогашен основач на здружението „Борка“ се огласи со свој коментар на нејзиниот Фејсбук профил: „После скоро една година откако веќе сум повлечена од оваа тема, живеам во друга земја и се посветив на други активности, за добредојде во мојава Македонија ме пречекува вест која ми создава тага и огромно разочарување. Занемена сум деновиве, премногу разочарана и револтирана, бидејќи 15 години од својот живот посветив и го дишев секој ден во тие години за да помогнам, да се борам рамо до рамо со најтешко болните и нивните семејства, заедно со сите мои со БОРКИ и колеги, за да се подобри системот во кој живееме, за да има секој човек право на лек, право на навремена дијагноза, право достоинствено да се лекува и бори за својот живот и право достоинствено да замине од овој свет“ - вели Биба и додава: „Сите вие што сте вмешани во тој монструозен чин, сте знаеле и сте гледале што се случува, а сте молчеле и со тоа сте го поддржале тој злочин, ќе ви пресуди Господ! Едноставно згрозена сум, не можам да ја замислам монструозноста на тој чин – свесно да им ја крадеш терапијата на луѓето кои се борат со најлошото сценарио, ракот. Кој покварен ум треба да го имаш, наместо терапија да им ставаш вода? Па последната трошка надеж на секое едно семејство кое се бори со ракот ни ја утепавте, мамето ваше“ - порачува Додева во објавата на Фејсбук! Ова се само две рекции на познатите личности. Ги има дестици, а оние на обичните граѓани илјадници. Социјалните мрежи вријат, јавноста е на нозе, протестите се во најава...  Правдата е на потег! Фото: Арнива/Фејсбук и Инстаграм/Biba Dodeva/Vladimir Blazev            ]]>

Киа Коцкар оперирана на Институтот за онкологија https://arhiva.vistina.com.mk/kia-kockar-operirana-na-institutot-za-onkologija/ Mon, 05 Nov 2018 11:24:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56333

Како што пренесува српскиот „Телеграф“, Киа Коцкар утрово била оперирана на Институтот за онкологија и радиотерапија во Србија. Како што пренесува порталот, Киа се чувствува добро. Како што  Киа објасни, за здравствените проблеми дознала три месеци по завршувањето на „Задруга“ и истакна дека нејзиниот живот не е загрозен.
Кристина изјави дека кога докторот и соопштил дека има три тумори му се јавила на поранешниот сопруг Слоба Радановиќ и призна дека откако дознала за здравствената состојба не можела да поверува дека и тоа и се случува. Дали навистина Киа денес е оперирана, не знаеме.]]>

И сестрите на одделот на кој се лечи актерот Небојша Глоговац плачеа, иако тој храбро се бори против опаката болест! https://arhiva.vistina.com.mk/i-sestrite-na-oddelot-na-koj-se-lechi-akterot-nebojsha-glogovac-plachea-iako-toj-hrabro-se-bori-protiv-opakata-bolest/ Tue, 30 Jan 2018 13:45:13 +0000 http://vistina.mk/?p=11263

Брилијантниот српски  актер, кој се лекува во Институтот за онкологија, ниту за момент, не покажал слабост или гест со кој што ќе и се предаде на злокобната тешка болест. Познатиот актер Небојша Глоговац (48), кој минатата недела беше примен во Институтот за онкологија и радиологија на Србија (ИОРС), не потклекнал со духот и покрај најголемата животна борба што ја води.
Вработените во Институтот, како и пациентите кои го делеле одделот со него, велат дека во ниту еден миг актерот не покажал дека се предал. Изворите велат дека неверување владее и меѓу лекарите и меѓу сестрите кои не можат да сокријат солзи по ходниците, дека токму нему ова му се случува. Глоговац бил примен во Институтот на 24-ти јануари, а неговата здравствена состојба е многу сериозна.]]>