онесвежена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 25 Jul 2018 07:14:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png онесвежена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сузана Турунџиева во езерска филмска сцена: „Онесвежена“ на преспански „Титаник“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-turundzieva-vo-ezerska-filmska-scena-onesvezena-na-prespanski-titanik-foto/ Wed, 25 Jul 2018 07:14:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39843

Сузана Турунџиева со помалата ќерка летуваше на „еѕеро“... пардон, на езеро! И тоа Преспанско!   Поголемата Лора е веќе голема девојка, па не мора да оди со мама на одмор. Лето како лето, на плажа без книга - не бива, па чита кој од што сака, кој од што мора! Овој пат за „Итар Пејо“ се работеше... И нема многу сакам-нејќам, зашто тука нема што да се бира - мора да се чита лектира!
А мама, онака како што ја дал Бог во топ форма, утрата ги започнуваше со медитација. И ако по утрото денот се познава, денот ќе и биде релаксиран, па затоа онака опуштена и смирена, кулирањето го замени со шетање.
Мала утринска прошетка по песочниот брег, додека другите уште не се разбудиле и плажата е празна. Тогаш може да се одбере најдобра локација за да се фати позиција за одмор, сончање, акумулирање енергија и... фаќање сеир!
И од цела плажа, Турунџиева го избра докот и дрвениот мост... Застаната крај оградата на работ, како Кејт Винслет го чекаше својот Леонардо да се појави однекаде. Иако проживеа многу нешта во животот, се' уште цврсто уверена дека нејзиниот Титаник не потонал... И не е - напротив!
А Леонардо ко Леонардо, доцни како и сите ѕвезди што доаѓаат на крај... Во меѓувреме, нашата Сузи во дилема како да се разлади, за да не прегрее: да се џбурне в еѕеро или...? Па реши уште малку да почека, ама овој пат седејќи. А разладувањето? И тоа ќе стигне. Нарачката е на пат до целта: „Ве молам едно дупло еКспресо и то сТредно! А можи и една оранЏада... да се онесвежам“!
Леонардо не се појави... Ама така „онесвежена“ на Турунџиева „не и потонаа“ мечтите и сништата, па вечерта се здаде - правец в град! Кај Аладин!
Можеби духот од неговата волшебна ламба може да помогне во остварувањето на желбите, за почеток на нова животна бајка на згодната и горда мајка?
   
]]>