ондулирана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 17 Mar 2022 08:20:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ондулирана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Оди па препознај ја: Со новата афро-фризура распеаната русокоса ќе ве стаписа! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/odi-pa-prepoznaj-ja-so-novata-afro-frizura-raspeanata-rusokosa-kje-ve-stapisa-foto/ Thu, 17 Mar 2022 08:18:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243376

Дали локните се во мода или афро-физурата е тренд во дадениот момент, веројатно најдобро знаат модните критичари и фризерите кои ги следат светските правци и трендови за убавина?! Но, дека македонската естрада или барем поедини нејзини преставнички се „здале“ на виткање на правите коси, покажуваат најновите фотографии на социјалните мрежи. Така, по Кристина Димитриевска, која неодамна ја направи „суштествената“ промена, уште една позната македонска пејачка решила да си го смени изгледот на фризурата. До душа бојата останала иста, па сега рускосата убавица со долга рамна коса добила сосема поинаква визура со новата „трајна-ладна - ондулирана“  афро-фризура. Да не знаете која е во прашање, со гаранција дека тешко би погодиле. Ако претходно не дознаете што е и како е - оди па препознајте ја која е? Зашто со новата афро-фризура распеаната русокоса ќе ве стаписа! Не дека и стои лошо, туку многу повеќе затоа што не сме навикнале ваква да ја гледаме, зашто за прв пат драстично го менува имиџот, односно изгледот на овој начин. Особено што долгата руса коса и беше еден вид заштитен знак на Викторија Лоба, која некој ја убедил вака да проба... да изгледа! Трансформацијата на пејачката тотална, а патем не е ниту случајна, зашто се си ма своја намена, а Бога ми и цена! Имено, русокосата пејачка со руско потекло својата метаморфоза им ја препуштила на вештите раце на прекалените професионалци, а мотивот за големата промена - рекламна кампања! Лоба е дел од новиот каталог на еден познат бренд за накит, очила за сонце, чанти, торби, шамии, разни други женски аксесоари... Па за потребите на снимањето и фотографирањето нужно било и виткањето... на косата, секако! Како и стои, дали доволно ја личи, како изгледа, дали повеќе ваква ви се допаѓа... се прашања за вашите коментари за нејзината афро-промена! Дали во рекламната приказна ќе има своја улога и малечкиот померанец или е тука само како случаен „падобранец“,  останува да дознаеме подоцна. Сепак, две нешта се сигурни: Него не го „ондулираат“... А и на Лоба, новите „федери на главата“  нема да и ја разнишаат славата... Напротив, малку поинаква е стварноста - можат само да и го „набилдаат“ буџетот и зголемат популарноста! Фото: Инстаграм принтскрин/victorialoba  ]]>

Мисицата и бившиот сопруг со нова визура – Кристина Димитриевска и Даниел Кајмакоски со афро фризура: Кој кого копира или кому подобро му стои? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/misicata-i-bivshiot-soprug-so-nova-vizura-kristina-dimitrievska-i-daniel-kajmakoski-so-afro-frizura-koj-kogo-kopira-ili-komu-podobro-mu-stoi-foto/ Thu, 10 Mar 2022 08:44:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242474

Промените во животот судејќи по многу нешта се неопходни. Тие прават луѓето да се чувствуваат како нови, како да почнуваат од почеток, како да отвораат некое ново поглавје, вртат нова страница... Промените на изгледот се исто така дел од нашето секојдневие, а ним особено им се склони дамите.  Различна гардероба, обувки, накит, шминка и секеко, промените на фризурата се она нешто што секојдневно ја менува визурата на припадничките на понежниот пол, за да бидат што поубави, позгодни, посексапилни, поатрактивни и попривлечни... особено за спротивниот пол. Промените ја разбиваат монотонијата, а ја стимулираат самодовербата, па затоа и македонската мисица, манекенка, модел, пејачка... Кристина Димитриевска, реши меѓудругото да направи на себе драстична промена во изгледот на косата. Новата фризура и дава  сосема поинаква и поразлична визура од онаа што сме навикнале да ја гледаме. Со кратка, собрана и навиткана во локни и кадрици што и пааат преку челото, Кристина направо смела промена, па својот нов лик го сподели на социјалните мрежи. Веројатно за да провери и слушне мислење како и стои, како изгледа со новата фризура и дали таа „и лежи“? Седната на подот, во поза со подраширени нозе, со чаша топло кафе в рака и исплазен јазик, со селфи за проверка дали новиот афро-имиџ и е по мерка, Кристина им порача на своите претенденти:   „Ми се допаѓа моето кафе како што се сакам себеси: силно, слатко и премногу жешко за тебе“. И ништо чудно или необично во новата промена на мисицата и пејачка, ќе речат многумина... Но, само оние кои не го виделе новиот имиџ на нејзиниот бивш сопруг, пејачот Даниел Кајмакоски. А тој со нова фризура, иста како нејзината... Или поточно таа, како неговата. Само нејзината руса, а неговата катран црна коса. И мисицата и бившиот сопруг со нова визура...Кристина Димитриевска и Даниел Кајмакоски со „афро фризура“! До душа нејзината „трајна-ладна - ондулирана“, а неговата само перика, монтирана со цел и намера, за еден од неговите настапи во едно од најпознатите белградски кабареа! И сега ако се запрашате кој кого копира, нема логика, зашто „афро-имиџот“ случјно им се поклопил, а и намената му е сосема различна. А тоа, кому подобро му стои новата визура со „афро-фризура“, заклучете самите... Сепак, различни се вкусовите, а и афинитетите! Зависи, кој по што е! Фото: Инстаграм принтскрин/daniel_kajmakoski/kristina.dimitry
 ]]>