оливија њутн – џон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Aug 2022 14:29:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оливија њутн – џон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тажна вест: Почина пејачката и актерка Оливија Њутн-Џон https://arhiva.vistina.com.mk/tazna-vest-pochina-akterkata-olivija-njutn-dzon/ Mon, 08 Aug 2022 20:59:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261899

Познатата холивудска актерка Оливија Њутн Џон почина на 73-годишна возраст. Актерката утрото на 8-ми август 2022 година  починала на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите, пишува „Дејли Мејл“. Нејзиниот сопруг Џон Истерлинг ја објави нејзината смрт на неговата Фејсбук страница. – Бараме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок период, напишал тој. – Оливија е симбол на триумф и надеж повеќе од 30 години во нејзиното патување со ракот на дојката. Нејзината исцелителна инспирација и пионерско искуство со хербалната медицина продолжува со Фондацијата Оливија Њутн-Џон, посветена на хербалната медицина и истражувањето на ракот, додал сопругот. Семејството побарало наместо цвеќе да се донираат донации за нејзината организација за рак. Оливија е родена на 26 септември 1948 година во Велика Британија и беше австралиска пејачка, текстописец, актерка, претприемач и активист. Таа е четирикратен добитник на Греми наградата, чија музичка кариера вклучува пет хитови број еден и уште десет топ 10 хитови на „Billboard Hot 100“. И покрај завидната и успешна музичка кариера, Њутн-Џон огромното мнозинство ќе ја памети како добродушната Сенди од мјузиклот „Брилијантин“ во кој глумеше со американската филмска ѕвезда Џон Траволта. ]]>