Оливера Ќирковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Dec 2023 11:57:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Оливера Ќирковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Српската пејачка била во врска со синот на членката на криминалната банда „Пинк Пантер“: Ангелина за малку снашка на Оливера! https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-pejachka-bila-vo-vrska-so-sinot-na-chlenkata-na-kriminalnata-banda-pink-panter-angelina-za-malku-snashka-na-olivera/ Tue, 19 Dec 2023 11:57:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331628

Пејачката Анѓела Вујовиќ, попозната како Анџелина, две години се забавувала со синот на Оливера Ќирковиќ, која била дел од познатата криминална банда „Пинк Пантер“. Таа никогаш не сакала да се појавува во јавноста со синот на Оливера, Николас, но на Инстаграм споделила неколку заеднички фотографии. Сепак, на нивната љубов и дојде крајот. „Бевме во врска две години, раскинавме пред половина година. Животот продолжува. Сега сум сама, имам една симпатија, но ќе видиме“ - изјави тогаш пејачката. Инаку, Никола Ќирковиќ игра кошарка, исто како Оливера во еден период, која подоцна влегла во светот на криминалот, а како што многупати има кажано, мета и биле златарите, најмногу во Грција, каде што била и во затвор. „Имам син кој е добар, многу сме блиски, до 10 години бевме неразделни и не можам да си објаснам, го повредив преку тоа злосторство, но секогаш со надеж, како коцкар, дека ќе излезам од таа приказна“, рече таа еднаш.   Оливера зборуваше и за тоа како го одгледала наследникот. „Моето дете знае цел живот дека јас и неговиот татко го правиме тоа што го правиме. Моето дете не порасна со култот: „Да живеат криминалците и добро е да се занимаваш со криминал“, ги разделив тие два света и не знам како се снајдов. Разбра дека мама носи роба, мама е ајдук, еве злато на масата, еве бунда. Се сеќавам дека направивме тобоган од бунди и тој се лизгаше надолу по украдените бунди“ - раскажуваше Оливера. Фото: Instagram/__angellina__fp__/oliveracirkovic
]]>

Од невиден луксуз до пекол во грчките затвори: Почина убавата Славица, девојката која ја поврзуваа со бандата „Пинк Пантер“ https://arhiva.vistina.com.mk/od-neviden-luksuz-do-pekol-vo-grchkite-zatvori-pochina-ubavata-slavica-devojkata-koja-ja-povrzuvaa-so-bandata-pink-panter/ Sat, 22 Oct 2022 08:03:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272536

Славица Станојчиќ од Ужице, која наводно била дел од бандата крадци „Пинк Пантер“, почина откако ја загуби битката со ракот. Со емотивна порака на Инстаграм од неа се прости Оливера Ќирковиќ... Таа исто така беше член на споменатата организација и поранешна кошаркарка, а подоцна напиша и книга - „јас Пинк Пантер“, со својата животна исповед за членството во бандата и престојот во грчките затвори, како и нејзиното бекство од нив.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Olivera Cirkovic (@oliveracirkovic)

– Другарке моја… Немој да стоите на нејзиниот гроб и да плачете. Не е тука. Таа не спие. Таа е илјада ветрови што дуваат. Таа е дијамантски блесок во снегот. Таа е сончева светлина на зрелото жито. Таа е благ есенски дожд. Кога се буди во утринската тишина, тоа е брзиот наплив на тивки птици во кружен лет. Таа е мека ѕвезда која сјае ноќе. Немојте да стоите на нејзиниот гроб и да плачете. Не е тука. Таа не умре – се вели во објавата. Како што претходно објавија српските медиуми, Славица важеше за една од најубавите жени од Ужице. Ја прифатила поканата на пријател кој го познавала од детството и на кој бескрајно му верувала. Таа отиде во Атина и живееше месец и половина, како во рајот. Луксуз, раскош, брзи автомобили, прослави, вечери, голема репутација, хотели со пет ѕвезди. Таа речиси два месеци живееше како најбогатите луѓе на светот. Славица во својата исповед неодамна откри застрашувачки тенка линија, од светот на луксузот, до два ипол месеци пекол во грчките затвори. Фото: Инстаграм принтскрин/oliveracirkovic  ]]>

Оливера Ќирковиќ 10 години беше по грчките затвори, а сега Грците ќе снимаат серија за најпознатата „Пинк Пантерка“ на Балканот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/olivera-kjirkovikj-10-godini-beshe-po-grchkite-zatvori-a-sega-grcite-kje-snimaat-serija-za-najpoznatata-pink-panterka-na-balkanot-foto/ Tue, 24 May 2022 09:32:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251759

Една од најпознатите членки на криминалната банда „Пинк Пантер“ Оливера Чирковиќ беше во Скопје на Саемот на книга. Таа го промовираше третото издание на својата книга „Јас Пинк Пантер“ кои достигнуваат неверојатни тиражи. Оливера веќе сериозно навлезе во пишувањето книги а криминалниот свет го остави зад себе. Таа одржува предавања низ регионот и ги запознава младите за штетноста ако отидат од другата страна на законот. На Оливера и е укината дозволата за влез во Грција каде одлежа десетгодишна казна. Сега таа ќе оди таму да гостува во емисии а се планира и снимање на серија за нејзиниот живот од врвна кошаркрка до член на криминална група. Фото: Инстаграм принтскрин/oliveracirkovic]]>

„Пинк Пантерката“ Оливера Ќирковиќ ја потпишуваше својата книга во Сити Мол, карши јувелирница со дијаманти! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pink-panterkata-olivera-kjirkovikj-ja-potpishuvashe-svojata-kniga-vo-siti-mol-karshi-juvelirnica-so-dijamanti-foto/ Mon, 01 Jul 2019 08:30:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95357

Оливера Ќирковиќ, некогашната позната српска кошаркарка и најпознатиот бивш женски криминалец на Балканот, екс - членка на надалеку познатата меѓународна банда крадци „Пинк Пантер“, одново дојде во Скопје.
И овој пат, само заради потпишување на својата книга „Јас, Пинк Пантер“, која викендов се продаваше во холот на најголемиот затворен трговски центар во Скопје, „Сити Мол“.
Заинтересирани купувачи за автобиографијата на оваа необична жена како и секогаш, имаше во повеќе од доволен број, а самата Оливера седеше на својот мини штанд и своерачно им ја потпишуваше книгата на купувачите. Животот на жената „Пинк Пантер“, секако вреди да се прочита и има во домашната библиотека, ако не друго од чиста забава!
Но многу позбавно беше нешто, што малкумина го забележаа, но не и екипата на Вистина.ком.мк, како и самата авторка на ова интересно четиво белетристика. Имено, Оливера и нејзиниот штанд за продажба на книгата беа лоцирани во холот на призрмјето на молот, случајно или намерно, верувале или не, токму спроти излогот на една од најпознатите јувелирници, на која со големи букви пишува дека изложените парчиња накит се со дијаманти!
-„Знаат ли домаќините, и особено овие преку пат,  кој тоа седи и продава книги од каршија?“ -  веднаш штом и пријдовме ја запрашавме Оливера, која со широка насмевка ни одговори: „Хааа... И јас тоа го забележав, па си го поставив истото прашање веднаш штом ми кажаа каде да го поставиме штандот. Веројатно не знаат“!
-„Тогаш, ќе можеш ли да му одолееш на предизвикот?“ - беше нашето второ шеговито прашање, на кое добивме исто таков одговор: -„Ма иди бре, што е ова за мене... Ништо. Ситница. Само еден човек внатре, никакво обезбедување... Додека трепнеш- готово“ - се сме Оливера и додава: „Секако дека се шегувам, тоа веќе за мене не е предизвик, туку   минато.  Мојот живот е сега нешто сосема друго“ - заклучи писателката потпишувајќи ни го нашиот примерок на „Јас, Пинк Пантер“, печатен на Македонски јазик!
Заминавме со книгата в раце и дилемата: „Сепак, знаат ли овие со кого имаат работа?“  Зашто книгата е богатство, ама... само дијамантите се вечни!]]>