оливера ѓорговска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 Sep 2020 07:43:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оливера ѓорговска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Оливера Ѓорговска пријателите „ја извадија од гаќички“ приредувајќи и шокантно роденденско изнендаување: „Згазнаа човек“ пред нејзини очи, па се „згазија од смеење“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-olivera-gjorgovska-prijatelite-ja-izvadija-od-gakjichki-prireduvajkji-i-shokantno-rodendensko-iznendauvanje-zgaznaa-chovek-pred-nejzini-ochi-pa-se-zgazija-od-smeenje/ Mon, 28 Sep 2020 07:36:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168774

Македонската пејачка Оливера Ѓорговска пред неколку години замина во САД на усовршување на своите гласовнии можности.Постдипломските студии ги заврши, но Оли се' уште не реши да се врати дома. Згодната и шармантна прилепчанка сега го живее животот од соништата, зашто покрај школувањето и усовршувањето во ветената земја сите одат и во потрага по забава и животна среќа. За она второто се' уште не нашла финална солуција или конечно решение, ама затоа забавата не и недостасува, па пејачката ја практикува на претек. Од луди журки, до илјада и една будалаштина со пријателите, која овде сигурно не би и паднала на ум, а камо ли да ја спроведе во пракса. Во последно време таа и нејзината „весела дружина“ имаат навика да се надмудруваат едни со други, па шеговитите будалаштини да ги објавуваат, споделувајќи ги со јавноста преку социјалните мрежи, најчесто на Инстаграм. Така, во нивниот репертоар се најдоа од  магионичарски трикови, до „несолени шеги“ и „неотесани будалаштини“ кои можат да те распаметат. На Оливера денес, 28 септември  и е роденден... Нека и е среќен! Да е жива и здрава, среќна и успешна, довека! На дамите не им се бројат годините, ама затоа им се „кројат“ шегите... Оваа, што и ја „скроија“ нејзините американски другари беше предроденденска, ама затоа успешна. Имено, ден пред роденденот, друштвото тргна да оди во град. Дојдоа пред врата да ја земат, но „наводно“ автомобилот не сакаше да запали, па едно од момчињата божем легна под колата да ја поправа, а Оливера ја пратија по алат. Откако се врати со кутијата клучеви, клешти, штрафцигери... нашата убавица клекна покрај автомобилот под кој „лежеше“  момчето за да го „порава“, па ја замоли девојката зад воланот да проба сега да го стави во погон, да видат дали ќе запали. И тогаш... Трикот  Оливера „да ја извадат од гаќички“ и тоа како им упали! Погледнете во видеото што всушност се случи... Или поточно, какво (пред)роденденско изненадување и приредија другарите на Оливера.
 
View this post on Instagram
 
@itsmichaelheid @jibrizy @itsmy.kay.uh

A post shared by Oly Vera (@olyveramusic) on

]]>

Оливера Ѓорговска која живее во САД, го шашардиса својот црномурест пријател: Прилепчанката му продаде Коперфилд магија или прилепски мајмунлоци? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/olivera-gjorgovska-koja-zivee-vo-sad-go-shashardisa-svojot-crnomurest-prijatel-prilepchankata-mu-prodade-koperfild-magija-ili-prilepski-majmunloci-video/ Thu, 13 Aug 2020 08:13:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163083

Некогашната македонска пејачка пред 6-7 години замина во САД, каде својата борба  за место под ѕвездите на македонската естрада ја замени со музичка доедукација. Но „ветената земја“, не би била тоа, зашто покрај школувањето и усовршувањето сите одат таму и во потрага по забава и животна среќа. Така и згодната прилепчанка откако заврши со својата музичка донаобразба, им се препушти на убавините на уживањето во „земјата на слободата“ на умот и духот. Забави, дружења, понекој љубовник... Од Лас Вегас до ЛА и Холивуд, од градот на комарот и забавата до градот на гревот... И во сета таа магија, Оливера многу нешта виде, но и многу тоа научи, па дел од „купената магија“ почна и да ја „продава“... Не за пари секако, туку токму за дзаради добра забава. Така македонската убавица на својот црномурест пријател или што ли ќе да и е веќе, му продаде магионичарски трик, волшебство кое за миг го „извади од панаталони“, особено што се' му случуваше не само пред нос, туку и в рака. Имено, Оливера го шашардиса момчето, со тоа што  згодната прилепчанка му „продаде“ Коперфилд магија или прилепски мајмунлоци? А можеби и од двете по нешто! Од она што го носи во себе во генот од местото на своето потеклото, надоградено со она што го видела и научила на гурбет, по белиот свет. Како и да е, магијата и успеа, а вчудовидениот пријател остана со ококорени очи и подзината уста, па така насамарен имаше само една желба пуста: Да проба и тој да го направи истото... Само што наместо кутивчето со кибритчиња, посака да исчезне - Оливера! Впрочем, погледнете како изгледаше сето волшебство на нашата прилепчанка, која направи црномурестиот фраер да се почувствува како... „паднат од гранка“!
 
View this post on Instagram
 
SPOOKY ? @jibrizy #magic

Оливера Ѓорговска во потрага по возбуда: Прилепска ѓаволица во градот на гревот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/olivera-gjorgovska-vo-potraga-po-vozbuda-prilepska-gjavolica-vo-gradot-na-grevot-foto/ Tue, 29 Oct 2019 09:01:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114973

Таа е наше дете во САД. Некогаш се бореше за свое место под ѕвездите на македонската естрада, сега по музичката доедукација во „ветената земја“, е во потрага по забава и животна среќа. Со ангелски лик, тело - „авион“, задник ала Џеј Ло и пристојни вокални можности, нашата Оливера Ѓорговска можеби и не е така далеку среќата да и се насмее додека престојува во земјата на бескрајни можности. Сепак, и покрај се' ниту оддалеку не е лесно, зашто бескрајна е и конкуренцијата, која е подготвена да понуди повеќе, да даде се' од себе, да направи чекор понатаму... само за да успее! Во меѓувреме, згодната прилепчанка ужива во можностите што ги нуди Америка. Забава до бесвест, од роденденски журки на Мајами, преку приватни забави во „Ел - Еј“ (Л.А.), Оливерче во потрага по возбуда стигна и до Лас Вегас. А штом стапна во „градот на гревот“, хормоните веднаш почнаа  да и вријат, па нежниот бел ангел, за миг се претвори во жешка ѓаволица... Уште со првиот чекор расната прилепчанка во себе го разбуди ѕверот на страста... ...Па со секое движење будеше копнеж, со секој поглед - желба, со секоја нова поза предизвикуваше возбуда која неодоливо ја поттикнува волшебната игра на сетилата. А, кога сетилата ќе проработат, тогаш забавата може да почне, шоуто не смее да запре, се' додека не заврши со ерупција од задоволства... А, Oливера, очигледно знае како  тоа се прави. Нежниот бел распеан ангел во потрага по возбуда, штом стапна во „градот на гревот“, за миг се претвори во прилепска ѓаволица! Како генерална проба за прославата на претстојниот „Денот на вештерките“ ( Halloween),  а можеби и метаморфоза за приказ на своето алтер - его! Нејзиното второ јас или поточно, „другата во мене“?!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Oly Vera (@oliverasounds) on

Оливера Ѓорговска е вљубена до уши: Пејачката го покажа својот латино љубовник! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/olivera-gjorgovska-e-vljubena-do-ushi-pejachkata-go-pokaza-svojot-latino-ljubovnik-foto/ Tue, 16 Oct 2018 07:19:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53041

Македонската пејачка  Оливера Ѓоргоска очигледно, наголемо го живее својот американски сон. Замина во САД на музичко доусовршување, па стигна и до докторат… Ама очигледно убавата прилепчанка стигна и сонот да си го претвори во јаве и кога е љубовта во прашање.
Уште додека беше во Македонија за нејзиниот љубовен живот не се знаеше речиси ништо. Ја облетуваа многумина познати, меѓу кои и композитори и оние  кои и пишуваа и кои не и пишуваа песни, колеги пејачи...
Ама официјално, ниту еден не и стана момче. Не барем јавно. И со никого од нив згодната пејачка не влезе во врска.
Откако замина за САД, според она што се слушаше за неа, а  и од постираните фотографии на социјалните мрежи, околу неа повторно беа дузина згодни ергени и моми.
Постојано се фотографираше во убаво друштво, но на ниту една од фотографиите конкретно не покажа дека некој и е љубовен партнер. И тоа се до скоро...
Последните фотографии сепак кажуваат нешто друго, нешто што и самата македонска пејачка на привремен престој во Америка го кажува и покажува - момчето кое го освои нејзиното срце.
Белец, со латино изглед, висок, со густа црна коса, црни очи... вистински  латино заводник, а веројатно и љубовник... Барем според она што нашата убавица ја оддава на фотографиите. Вљубена до уши, го пие со поглед и впива секој негов здив... Тоа дефинитивно, мора да е љубов!
Така и самата малку потајно, малку јавно признава во постовите покрај фотографиите на кои Оливера ниту ја крие, ниту се срамува да покаже како изгледа кога усните ќе се спојат, а јазиците испреплетат во бакнеж од кој срцето трепери.
„Еј овде има странец! Не знам што правите на мојата Инстаграм страница, но ми се допаѓа“! - пишува пејачката, за веднаш потоа и самат да признае дека и се случува неочекувана љубовна романса!
Очигледно за Оливера... „Love is in the air“, заштоа таа е „Woman in love“! И тоа „до уши“!