олиписки игри – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 28 Jul 2021 07:16:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png олиписки игри – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еве кој е Дејан Георгиевски, таеквондистот кој освои сребрен олимписки медал за Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koj-e-dejan-georgievski-taekvondist-koj-osvoi-srebren-olimpiski-medal-za-makedonija-vo-taekvondo/ Wed, 28 Jul 2021 07:10:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212863

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски и донесе сребрен олимписки медал на Македонија во категорија +80 килограми. Георгиевски загуби во финалната борба од Русинот Владислав Ларин со резултат 15:9, а Мохамед Азми од Египет беше судија на оваа борба. Георгиевски од Токио се враќа со сребрен медал, а во финалето се пласираше откако во полуфиналето го совлада Кореецот Ин кој го носи прекарот „магионичарот“. Тој во една прилика истакна дека огромна е чест е да се претставува Македонија на Олимписките игри во Токио. -Голема чест за мене е тоа што ќе бидам знаменосец на Македонија на ЛОИ во Токио. Тоа е момент кој ќе го помнам целиот живот. Голема чест е да ја претставуваш оваа прекрасна земја на Олимписките игри, а уште поголема чест и гордост е тоа што ќе бидам знаменосец на мојата земја. Мислам дека е во ред најдобриот спортист да ја има таа чест да го носи знамето и ветувам дека ќе дадам максимум и да го израдувам македонскиот народ и да освојам медал. Ова е континуитет од четири години во кои освоив пет европски медали, второ место на медитерански игри и воопшто не е туку така како што е дел од јавноста запознаена. Сега сум сигурен дека со оваа олимписка норма луѓето ќе дознаат многу повеќе за таеквондото и дека родителите ќе ги запишуваат децата не само на таеквондо, туку на било кој спорт бидејќи многу е важно младите луѓе и децата да се занимаваат со спорт. Два три пати да дојдат на тренинг на таеквондо децата ќе се заљубат во таеквондото за цел живот. Интересно е секој да проба и искрено се надевам дури и гарантирам дека на секои следни ЛОИ ќе имаме претставник во таеквондо со А-норма“, изави неодамна Георгиевски. Инаку, Дејан Георгиевски e роден на 8 мај 1999 година и е македонски професионален атлетичар во таеквондо. Во 2018 година, Георгиевски го освои сребрениот медал во машка конкуренција во таеквондо +80 кг на XVIII-ти Медитерански игри. Георгиевски моментално е рангиран на 25-та позиција во машка категорија +87 кг (тешка категорија) на ВТФ ранг-листата Киоруги и 39-та во машка олимписка категорија +80 кг. Тој освои неколку медали, вклучувајќи го Олимпискиот квалификациски европски турнир, Купот на претседателот – Европски регион, Софија опен, Отворен турнир, Отворено Грција, Трофеј Галеб Белград-Опен, Србија, Отворено Словенија. На европското првенство во таеквондо во Софија (Бугарија), Дејан, во олимписката категорија над 80 кгр, го освои златниот медал и стана Европски првак во Таеквондо. Георгиевски во првото коло го совлада италијанецот Матео Милани, во второто коло го совлада турчинот Сердар Јуксел. Во четвртина финалето Дејан Георгиевски го совлада Чем Унлусој (Германија), а во полуфиналето го победи Михајло Шелест (Украина). Следеше финале и одлична борба на Дејан против Русинот Јури Кириченко по што Дејан се искачи на врвот на Европското Таеквондо. Инаку Дејан Георгиевски оваа година го освои Софија Опен (4-5 Март 2017), а на Светското Првенство во Сеул, Јужна Кореа го освои 33-то место. Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски во четвртфинакето го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. Георгиевски во таеквондото се заљубил уште во основно училиште. -Во основното училиште каде што учев во Бутел на голем одмор дојдоа од таеквондо клубот Бутел и ни држеа презентација. Демонстрацијата беше како на филм со кршење даски, со скокање, а јас и брат ми веднаш се заљубивме и решивме да одиме да се запишеме. Како мали ни беше интересно, а со тек на време сфаќаш дека тоа е тоа со кое што сакаш да се занимаваш во животот. Иако како многу млад почнав со таеквондо не мислам дека имам изгубено дел од детството, туку баш напротив многу имам добиено. За излегување со другари секој може да го прави тоа. Многу е потешко некој да биде професионален спортист да се натпреварува, да се бори и да остварува големи резултати. Време во животот има за се, ако си го распоредите денот. Ние сме навикнати сите тие откажувања ни се навика и тоа ни е начин на животот. Така сме воспитани во клубот и не е никаков проблем за мене лично. Таеквондото е начин на живот, вели тој. Македонските јавни личности го подржаа нашиот Дејан, па на социјалните мрежи му испратија честитки. Тијана Дапчевиќ на својот „Инстаграм“ објави видео од финалето, а во описот напиша: „Браво Дејан Георгиевски, гордост македонска“.
Калипои исто така се приклучи кон честитките – „Браво Дејан, горди сме на тебе“, напиша поп дивата во кусите приказни на Инстаграм. Тамара Тодевска сподели фотографија од напис за успехот на нашиот олимпијадец, а во описот напиша „Браво“ „Радувај се Македонијооооо, браво дете“, напиша Игор Џамбазов во кратките приказни на Инстаграм. Актерката Весна Бејби Петрушевска на својот „Фејсбук“ објави фотографија од Георгиевски додека го бакнува македонското знаме, а во описот напиша: „Срце полно“. Честитки! Радувај се Македонијо. фото: принтскрин/мрт/инстаграм/дејан георгиевски/калиопи/тијана дапчевиќ/тамара тодевска/игор џамбазов/фејсбук/весна бејби петрушевска]]>