олати со поезија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Mar 2019 08:47:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png олати со поезија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Димитар Атанасовски е „гагаџија“… ама со стил (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-atanasovski-e-gagadzija-ama-so-stil-foto/ Fri, 22 Mar 2019 08:41:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78742

Кампањата „Плати со поезија“  на Јулиус Мајнл која годинава се одржува во над 40 држави од целиот свет, го опфати и Скопје. Така во текот на вчерашниот ден, 21 март 2019, секој можеше да си приушти гратис кафе доколку е креативен. Поточно, да си го плати кафето со напишан стих и куса поезија во повеќе познати скопски кафулиња и локали, на атрактивни локации: Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21.
Надарените кафепијачи  таму ги чекаа поети и писатели од цела Македонија, кои им помагаа  да ја пронајдат внатрешната инспирација заедно со Јулиус Мајнл. Редица поетски души, а воедно и кафеуживатели се обидоа да си го покажат поетскиот талент и задоволат потребата за квалитетна голтка од црниот напиток, без кој на половина планета не и почнува денот. За секој напишан стих - бесплатна голтка, за сложени стихови во песна или поема, филџан мераклиско кафе.
Меѓу останатите, отсекогаш имало и од оние на кои поезијата и пишувањето не им се баш најака страна, ама затоа секоја голтка кафе гага им е повеќе од драга. Ама, како до гратис кафе ако инспирацијата ти е на минимум, а талентот за поезија не ти е во кохезија со целата идеја?
Но, кој вели дека и за тоа нема чаре, а него го најде токму познатиот македонски радио и ТВ водител Димитар Атанасовски. Водителот можеби е со поетска инспирација слаб, ама затоа има „идеја лаб“: Како да „искамчи“ барем едно гратис кафе во поетскиот ден, а да не го наруши целиот систем?! Димитар седна во кафуле на една од одредените кафе локации, си нарача кафенце па иако од неговото перо не излегоа којзнае какви стихови, сепак  тој „плати со поезија“... Или поточно, без да плати си замина, применувајќи  мала итрина!
„За пишување ич не не бива, ама за гратис кафе, мислата сама ни се слива“ - напиша Димитар на парчето хартија оставено покрај филџанот и покажа дека е „гагаџија“... ама со стил! Поетите од жирито „поемата“ му ја прифатија,  а келнерите кафето не му го наплатија! Се разбира, сето ова беше само мал придонес кон прекрасната идеја и убавата кампања, на која ете и се приклучија и некои од познатите македонски личности.      ]]>