око забрането – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 May 2020 15:21:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png око забрането – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Живко Динев и покрај сите забрани во домашни услови сними спот за неговото – „Око забрането“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zivko-dinev-i-pokraj-site-zabrani-vo-domashni-uslovi-snimi-spot-za-negovoto-oko-zabraneto-video/ Wed, 06 May 2020 12:59:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148295

Корона пандемијата на сите ни ги поремети плановите, не затвори дома во 4 ѕида, погодувајќи не и здравствено, психолошки, социјално, економски... Едни од најпогодените покрај угоститеклите и туристичките работници секако се и естрадата и естрадните уметници. Токму тие се тесно поврзани со угостителско-туристичката дејност, па неможноста за настапи заради забраната за јавно собирање и затворањето на локалите, не само што естрадата ја прикова дома, туку ако вака продолжат работите, ќе ја доведе и до тотален банкрот. Некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал, Живко Динев по напуштањето на бендот заплови во соло водите со неколку авторски песни. По дуетот со Миле Кузмановски и песната за родната Струмица, харизматичниот Жика  направи еден поголем потфат преработувајќи и снимајќи видеоматеријал за 15 музички бисери, чии кавер верзии беа објавени испеани од него. Карантинот и изолацијата популарниот Жика покрај бројните онлајн настапи на социјалните мрежи во живо, сега ги искористи и за да подготви нов материјал, поточно нова авторска песна, насловена „Око забрането“. Музиката на композицијата ја потпишува хармоникашот Дарко Илиевски, додека стиховите се на Борче Нечовски. Песната Жика и пријателите ја снимија уште пред почетокот на корона пандемијата, но за жал нејзината експанзија и мерките на забрана го спречија да го сними и веќе планираниот видеоспот за истата. Како алтернативна варијанта, Жика ги собра своите пријатели и соработници - музичари и секој од дома, во домашни услови и куќен амбиент го отсвири својот дел во живо, а вокалите се снимени во студиото Анастасија. Така собраниот видеоматеријал го монтираше и спакува во „хоум видео“ Никола Автовски, по што Живко Динев истото го промовираше на социјалните мрежи, а ние денес премиерно ви го претставуваме неговото... „Око забрането“! ]]>