око мое – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Dec 2018 12:51:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png око мое – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога Стојне Николова дава ишарет со… „Око мое“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-stojne-nikolova-dava-isharet-so-oko-moe-video/ Wed, 19 Dec 2018 12:49:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64048

Динамитната струмичанка, Стојне Николова има нова песна и видеоспот за неа. Овој пат телесните атрибути и сиот свој сексапил ги заменила со играта на погледите, со говорот на очите кој многу повеќе зборува кога ќе се јави меракот, отколку било кој кажан збор. Токму таков наслов  - „Око мое“ носи и самата песна, чија музика и аранжман ги потпишува постојаниот соработник на пејачката - Бобан Мојсовски, додека стиховите се дело на проверениот лиричар, текстописецот Огнен Неделковски. 
Песната е снимена и продуцирана во музичкото студио „Анастасија“, а во нејзината реализација уште учествувале и Јане Рафаиловски на кларинет и Дуле Божиновски на хармоника.
Видеото за песната е реализирано од Ин продукција, а неговата реализација ја потпишува Ване Петковски. Истото е снимано во просторот на еден од најелитните скопски ресторани „Воденица Мулино“, а во видеото покрај џепната фолк венера и придружната група музичари, се појавуваат и членовите на ансамблот „Студио Фолклор“, кои со својатра изведба ја надополнуваат визуелната слика, давајќи им го потребниот изворен шмек и на видеото и на самата песна, која е реализирана токму во таков стил и амбиент.
Стојнето и овој пат покажа дека подеднакво добро го владе фолклорот - и оној изворниот и овој новосоздадениот, зашто иако се работи за новокомпонирана песна, сепак „Око мое“ во себе ја носи душата на македонскиот изворен фолклор.
Како звучи и изгледа кога Стојне Николова дава ишарет со „Око мое“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=zhD3-JeL9UY
]]>