оќајни домаќинки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Nov 2019 12:00:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оќајни домаќинки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Буцкастата Хуанита од „Очајни домаќинки“ израсна во вистинска убавица (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/buckastata-huanita-od-ochajni-domakjinki-izrasna-vo-vistinska-ubavica-foto/ Tue, 12 Nov 2019 12:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118029

Актерката Медисон Де Ла Гарзу (17) гледачите ја запознаа пред 10-тина години кога ја толкуваше улогата на младата бунтовничка во серијата “Очајни домаќинки“. Денес има 17 години и неколку стотици илјади обожаватели, а судејќи според фотографиите на нејзиниот Инстаграм, Медисон израсна во вистинска убавица. Во серијата престана да глуми во 2012-та година, но денес сите ја паметат како Хуанита Солис, ќерката на Габриела Солис која ја толкуваше популарната Ева Лонгорија. Помалку е познато дека Медисон има славна полусестра и тоа 10 години постарата пејачка Деми Ловато. „Мислам дека кога луѓето ќе кажат дека сакаат Деми Ловато да им биде сестра, не разбираат како е да се биде со некој во роднинска врска кој постојано е на турнеи. Но, таа сепак наоѓа време за мене. Постојано се допишуваме и кога и да види некој смешен твит секогаш го испраќа во групата во која сме јас, таа, нашата мајка и сестра ми Далас. Телефонот поради тоа постојано ми ѕвони. Кога е дома имаме однос како и сите останати сестри на светов. Гледаме телевизија и зборуваме за сешто. Знам дека можам апсолутно да ѝ верувам“ - изјавила Медисон во интервју. Таа додава дека сестра и постојано ја заштитува од насилниците кои ги има по интернет бидејќи еднаш Медисон била жртва на погрдни коментари, а Деми на сите кои ја навредувале им испратила пораки во кои ја бранела сестра си. „Некогаш би сакала на таквите луѓе да не им дава толкаво значење, но кога луѓето ме мразат таа не може да се воздржи. Таа е силна и има слободен дух и тоа е тоа што најмногу го сакам кај неа“ - вели младата актерка.]]>