охридски трубадури – Вистина.мк
https://arhiva.vistina.com.mk
Се друго е...Mon, 26 Jun 2023 12:53:48 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.6.1https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.pngохридски трубадури – Вистина.мк
https://arhiva.vistina.com.mk
3232Големи имиња на 30-тото издание на „Охрид-фест“: Јубилеј со Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Неда Украден…
https://arhiva.vistina.com.mk/golemi-imina-na-30-toto-izdanie-na-ohrid-fest-jubilej-so-dado-topik-gotsa-trzhan-neda-ukraden/
Mon, 26 Jun 2023 06:01:58 +0000https://vistina.com.mk/?p=307650Подготовките за 30-тото издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид- фест-Охридски трубадури“, се во полн ек. Ќе се слави со песна!
На 1 и 2 септември, во нашиот прекрасен Охрид, на величенствената сцена на Долни Сарај ќе се одржат Фолк и Интернационалната вечер на јубилејното издание на фестивалот, ќе има многу квалитетна музика, етаблирани имиња што на вистински начин ќе го одбележат големиот датум на фестивалот со импресивна традиција.
„Во 1994 година започнаа „Охридски трубадури“, што, еве ја продолжуваат традицијата и годинава го имаме 30 издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“- се сеќава оснивачот и идеен творец на фестивалот, Григор Копров.
„Фестивалот тогаш имаше само Фолк вечер а на неа победија: Ленче тогаш-Дедејска, со „Течете солзи“ со прва награда од публиката и Горан Кукиќ со „Дали има пиле шарено“, со награда од жири.“ Патем, оваа 2023 година е јубилејна и за овој наш голем композитор: Копров одбележува 50 лета блескава професионална музичка кариера.
После 1994, веќе следната година фестивалот се прошири со поп- вечер, а потоа се случи и Интернационалната вечер. Во многуте испишани страници на „Охрид фест“, во неброените хитови што ги изнедрил фестивалот („Усни на усни“-Тоше Проески, „ Јас и мојот бенд“- Биба Додева, „Јана“- Гиш, „За љубов се пее до крај“, дует Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски, „Цреши охридски“ - Александар и Дац, „Штом ноќта помине“- Гоце Арнаудов, „Ех да свири Садило“ - Биоритам..,) скоро и да не постои уметник од бившите ју- републики што не учествувал: Бајага, Горан Каран, „Нови Фосили“, Беби Дол, Хелена Благне, Маја Татиќ, Саша Матиќ, Елеонора Баруџија, „Балканика“, Емилија Кокиќ..., а ја имавме и атракцијата „Бони-М“.
И годинава уметнички директор на Фолк вечерта е Љупчо Соколовски, традиционално ќе ја води- Каролина Петковска и 1 септември ќе биде во знак на македонската фолк елита- Наум Петрески, Зуица Лазова, Петар Нечовски, Нино Величковски, Душко Георгиевски...
На Интернационалната вечер уметнички директор е Горан Шарац а на неа, во ревијалниот дел ќе блеснат Гоца Тржан и Принц, Алка Вуица, Срѓан Марјановиќ, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ... Наградата за промоцијата на музиката на Балканот ќе му припадне на легендарниот Дадо Топиќ, кој ќе ја изведе култната песна „Македонија“ снимена 1973 година, хит „тежок“ 50 години, додека Неда Украден ќе добие награда за безвременскиот хит „Зора је“, што ќе го изведе на сцената на Долни Сарај.
Водителската двојка Марјана Станојковска- Васил Зафирчев ќе бидат домаќини на Интернационалната вечер, каде стандардно фестивалот им остапува простор и на младите музички надежи за кои е задолжен Давор Јордановски. Преносот на „Охрид- фест“ е преку националниот сервис МТВ, а големиот интерес за него го потврдуваат и странските телевизии- фестивалот се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија...
Годинава во телевизии поддржувачи ја има и Гранд ТВ која фестивалот ќе го пренесува во живо. Зад „Охрид фест“ се 29 успешни години, а на ова 30-тото издание сите се добредојдени: влезот на Долни Сарај е слободен.
Организаторите најавуваат уште изненадувања, уште гостувања, покрај вообичаените награди и новинарите во двете вечери ќе доделат награда за песна што најмногу им се допаѓа. Ќе биде вистинска привилегија да се биде дел од 30-тото издание на „Охрид фест“!]]>Подготовките за 30-тото издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид- фест-Охридски трубадури“, се во полн ек. Ќе се слави со песна!
На 1 и 2 септември, во нашиот прекрасен Охрид, на величенствената сцена на Долни Сарај ќе се одржат Фолк и Интернационалната вечер на јубилејното издание на фестивалот, ќе има многу квалитетна музика, етаблирани имиња што на вистински начин ќе го одбележат големиот датум на фестивалот со импресивна традиција.
„Во 1994 година започнаа „Охридски трубадури“, што, еве ја продолжуваат традицијата и годинава го имаме 30 издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“- се сеќава оснивачот и идеен творец на фестивалот, Григор Копров.
„Фестивалот тогаш имаше само Фолк вечер а на неа победија: Ленче тогаш-Дедејска, со „Течете солзи“ со прва награда од публиката и Горан Кукиќ со „Дали има пиле шарено“, со награда од жири.“ Патем, оваа 2023 година е јубилејна и за овој наш голем композитор: Копров одбележува 50 лета блескава професионална музичка кариера.
После 1994, веќе следната година фестивалот се прошири со поп- вечер, а потоа се случи и Интернационалната вечер. Во многуте испишани страници на „Охрид фест“, во неброените хитови што ги изнедрил фестивалот („Усни на усни“-Тоше Проески, „ Јас и мојот бенд“- Биба Додева, „Јана“- Гиш, „За љубов се пее до крај“, дует Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски, „Цреши охридски“ - Александар и Дац, „Штом ноќта помине“- Гоце Арнаудов, „Ех да свири Садило“ - Биоритам..,) скоро и да не постои уметник од бившите ју- републики што не учествувал: Бајага, Горан Каран, „Нови Фосили“, Беби Дол, Хелена Благне, Маја Татиќ, Саша Матиќ, Елеонора Баруџија, „Балканика“, Емилија Кокиќ..., а ја имавме и атракцијата „Бони-М“.
И годинава уметнички директор на Фолк вечерта е Љупчо Соколовски, традиционално ќе ја води- Каролина Петковска и 1 септември ќе биде во знак на македонската фолк елита- Наум Петрески, Зуица Лазова, Петар Нечовски, Нино Величковски, Душко Георгиевски...
На Интернационалната вечер уметнички директор е Горан Шарац а на неа, во ревијалниот дел ќе блеснат Гоца Тржан и Принц, Алка Вуица, Срѓан Марјановиќ, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ... Наградата за промоцијата на музиката на Балканот ќе му припадне на легендарниот Дадо Топиќ, кој ќе ја изведе култната песна „Македонија“ снимена 1973 година, хит „тежок“ 50 години, додека Неда Украден ќе добие награда за безвременскиот хит „Зора је“, што ќе го изведе на сцената на Долни Сарај.
Водителската двојка Марјана Станојковска- Васил Зафирчев ќе бидат домаќини на Интернационалната вечер, каде стандардно фестивалот им остапува простор и на младите музички надежи за кои е задолжен Давор Јордановски. Преносот на „Охрид- фест“ е преку националниот сервис МТВ, а големиот интерес за него го потврдуваат и странските телевизии- фестивалот се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија...
Годинава во телевизии поддржувачи ја има и Гранд ТВ која фестивалот ќе го пренесува во живо. Зад „Охрид фест“ се 29 успешни години, а на ова 30-тото издание сите се добредојдени: влезот на Долни Сарај е слободен.
Организаторите најавуваат уште изненадувања, уште гостувања, покрај вообичаените награди и новинарите во двете вечери ќе доделат награда за песна што најмногу им се допаѓа. Ќе биде вистинска привилегија да се биде дел од 30-тото издание на „Охрид фест“!]]>Мелани е на добар пат да ја надмине мајка и: Запознајте ја талентираната ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски (ФОТО+ВИДЕО)
https://arhiva.vistina.com.mk/melani-e-na-dobar-pat-da-ja-nadmine-majka-i-zapoznajte-ja-kjerkata-na-sonja-i-johan-tarchulovski-foto-video/
Tue, 26 Oct 2021 08:56:51 +0000https://vistina.com.mk/?p=224538Македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска нема кој не ја познава. И по нејината естрадна кариера и по тоа што е сопруга на македонскиот бранител и патриот, хашкиот маченик Јохан Тарчуловски.
Но, малкумина занаат дека нивната постара ќерка Мелани тргна по стапките на мајка и. 16 годишната тинејџерка не само по својата убавина, туку и по вокалните предиспозиции е на најдобар пат да ја стигне и надмине мајка и.
Инаку, Мелани е најстарото дете на Соња и Јохан Тарчуловски, кои покрај неас уште ги имаат синот Младен кој има 14 години и најмалата ќерка Јоана, која има 6 години и е прваче.
Мелани е ученичка во средното музичко училиште “Илија Николовски-Луј”, за кое вели дека и' помогнало во процесот на создавање на новитети на мизички план. Во слободното време таа пишува текстови и поезија во чие создавање, како што самата вели, вистински ужива.
Мелани летово стапна на големата фестивалска сцена и беше најмладиот учесник на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури 2021“, со песната „А ти“. Елегантно дотерана,, таа одлично се претстави на Интернационалната вечер, па многумина забележаа дека на прв поглед таа многу личи на мама, и изгледа како Соња во помлади години, на што фолк-пејачката е бескрајно горда.
Соња Тарчуловска иако досега имал бројни настапи, никогаш не се чувствувала повозбудена и немала повеќе трема отколку во моментите кога ја гледала својата ќерка Мелани како пее на големата фестивалска сцена.
„Песната “А ти” е снимена во студиото на Иле Спасев, кој е и аранжер на песната. Сè се одвиваше доста брзо и спонтано, посебно бидејќи до мене имаше искусна личност за соработка како него. Тука сакам да ја спомнам и Весна Малинова која беше меѓу првите кои ја слушнаа мојата прва авторска песна и ми беше голема поддршка“ - изјави тогаш младата пејачка за „Женски магазин“ и додаде:
„Сè беше онака како што очекував. Моето семејство е мојата најголема поддршка отсекогаш. Мајка ми беше со мене до последната минута пред настапот“ - раскажа Мелани.
Покрај училишните обврски, младата Мелани најавува дека работи на неколку проекти и се надева дека тие набргу ќе се реализираат.
Во секој случај Мелани покажува дека е не само убава, туку и мошне талентирана млада девојка, со вокални, но и авторски способности. Како тргнала, може многу лесно да се случи, бргу да ја надмине и мајка и.
]]>Македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска нема кој не ја познава. И по нејината естрадна кариера и по тоа што е сопруга на македонскиот бранител и патриот, хашкиот маченик Јохан Тарчуловски.

]]>Неочекувана двојка: Еве кои ќе бидат водителите на претстојниот фестивал „Охридски трубадури“
https://arhiva.vistina.com.mk/neochekuvana-dvojka-eve-koi-kje-bidat-voditelite-na-pretstojniot-fetival-ohridski-trubaduri/
Mon, 03 Sep 2018 07:49:50 +0000https://vistina.com.mk/?p=45757На 25-от јубилеен меѓународен фестивал ’’Охрид фест-Охридски трубадури“ кој ќе се одржи на 6-7 и 8 септември ќе настапат преку 80 изведувачи. Фестивалот покрај македонската телевизија ќе го пренесуваат уште седум балкански телевизии и австралискиот сателитски канал INTV
Подготовките за фестивалот се во завршна фаза. Од денес (понеделник) ,на кејот од Охридското езеро пред хотелот ““Нова Ривиера““ почнува монтажата на големата сцена, на озвучувањето и светлосните ефекти.
Комплетирани се списоците на пејачи и песни кои ќе бидат преимерно изведени на Фолк, Поп и Интернационалната вечер. Во рамките на Поп вечерта, додека жиријата гласаат, свое шоу ќе има познатиот бизнисмен Трифун Костовски, голем љубител и подржувач на музиката. Песните од Поп Фолк вечерта ќе се најдат на ЦД-еа кои ќе ги сними “Сенатор“ од Битола.
На Поп вечерта поголем простор за афирмација ќе и биде дадена на новата млада и надежна генерација пејачи. На програмата се наоѓаат 18 песни кои ќе ги слушнеме во извдба на Ѓерѓи Пандо ,.Александар Здравков ,.Сашко Андриески Рената Блажевска ,.The G Notes,Анастасија Аврамовска ,Симеон Коруноски ,.Горан Наумовски,.Дует ЧОКИ ,Жармена.Денис Димоски ,.Трио ЏЕНТЛЕМЕНС , Лени Партикова -,.Огнен Здравковски , Зои Блаж , Пепа Димовска, .Филип Јордановски и Лена.
Водители на Поп и Интернационалната вечер ќе бидат Марјана Станојковска и Васил Зафирчев.
На минатогодишните „Охридски трубадури“ првата награда на стручното жири ја освои мелодијата’ ’Очи зелено сини’’( Горан Милошески ) додека првата награда на публиката и припадна на песната ’’Силна’’ која ја исполни Пепа.
[email protected]
www.ohridskitrubaduri.mk
(за оние кои сакаат покомплетна информација )
Поп вечер - Oхридски Трубадури 2018
1.ЃерѓиПандо - За тебе
м. и т. Ѓерѓи Пандо ар. Димче Китрозоски
2.АлександарЗдравков - Малечка
м. и т. Александар Здравков ар. Жарко Настески Точак
3.СашкоАндриески - Остани
м. и т. Сашко Андриески ар. Драган Ристовски
4. РенатаБлажевска- Љубовен печат
м. и ар. Борче Шабаноски т. ЦанеТрајцевски
5.TheGNotes- Кој ли ѓавол
м. Константин Карев – Глигор Гошев т. Константин Карев ар. Глигор Гошев –Филип Динев
6АнастасијаАврамовска- Ти си мојот херој
м. Иле Спасев т. Иле Спасев -Анастасија Аврамовска ар. И.Спасев А.Сирилик
7.СимеонКоруноски- Што ни остана
м. и т. Симеон Коруноски ар. Иле Спасев
8.ГоранНаумовски- Црно-бел филм
м. т. и ар. Слободан Наумов
9.ДуетЧОКИ- Песната е наша судбина
м. и ар. Горан Милосески т. Огнен Неделковски
10.Жармена - Сите мои сни
м. т. и ар. Димче Китризоски
11.ДенисДимоски - Не знам
м.Филип Неделковски т. Огнен Неделковски ар. Рубин Димоски
12.ТриоЏЕНТЛЕМЕНС - Убавина
м. Хрис Марин т. Огнен Неделковски ар. Владимир Дојчиновски
13. ЛениПартикова- Спомени
м. и ар. Горан Милосески т. Ефтимија Јованова
14.ОгненЗдравковски- Разбуди ме
м. Крис Марин т. Огнен Неделковски ар. Владимир Дојчиновски
15. ЗоиБлаж- Свинг
м. и т. Рики Марин ар. Владимир Дојчиновски
16. ПепаДимовска- Ти си тој
м. Крис Марин т. Огнен Неделковски ар.Владимир Дојчиновски
17.ФилипЈордановски– Без тебе
м. и ар. Владимир Дојчиновски т. Ристо Самарџиев
18. Лена - Дојди или оди си
м. т. и ар. Владимир Дојчиновски]]>На 25-от јубилеен меѓународен фестивал ’’Охрид фест-Охридски трубадури“ кој ќе се одржи на 6-7 и 8 септември ќе настапат преку 80 изведувачи. Фестивалот покрај македонската телевизија ќе го пренесуваат уште седум балкански телевизии и австралискиот сателитски канал INTV