охридски трубадури 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 Sep 2018 10:49:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png охридски трубадури 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32  Стартуват трубадурите: „Охрид-фест 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/startuvat-trubadurite-ohrid-fest-2018/ Thu, 06 Sep 2018 10:49:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46624

Вечерва, 6-ти септември 2018,  во Охрид, со песните создадени во духот на македонскиот фолклор ќе започне 25. јубилејно издание на меѓународниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“. Во официјалната програма се наоѓаат 20 песни кои ќе ги исполнат познатите македонски   интерпретатори: Петар Нечоски, Благица Павловска, Кате и „Нели ти реков“, „Скопски боеми“, „Молика уан“, Милован Секулоски, Зоран Марковски и Мерима Његомир, а своја шоу-програма (додека траат гласањата на жиријата) ќе има Нада Обриќ.
Фотографија на Ohrid Fest. Утревечер, в петок, 7-ми септември, фестивалот продолжува со националниот избор за најдобра поп–композиција. На  оваа вечер 18 нови песни од македонски автори ќе исполнат: Симеон Коруноски, Горан Наумовски, Дует ЧОКИ, Жармена, Денис Димоски, трио „Џентлмен“, Лени Партикова, Огнен Здравковски, Зои Блаж, Пепа Димовска, Филип Јордановски, Лена
Во паузата од фестивалот свој рецитал од песни за љубовта (автори Александар Митевски и Григор Копров) ќе има познатиот бизнисмен, бившиот скопски градоначалник и пејач Трифун Костовски. Со  голем интерес  се очекува интернационалната вечер, на која покрај наградените песни од поп-вечерта, во борбата за награди ќе учествуваат и познати пејачи од балканските земји, како што се: Пантелис Кастанидис (Грција), групите „Балканика“ (Србија)  и „Колонија“ (Хрватска), Ален Исламовиќ (БиХ), Дарија Швајгер (Словенија), Дениса Мерсини (Албанија), Божидара Симеонова (Бугарија)
Водители на поп и интернационалната вечер ќе бидат Марјана Станојковска и Васил Зафирчев. Македонската телевизија ќе врши директен пренос на фолк, поп и интернационалната вечер, а јубилејното 25. издание на фестивалот „Охрид-фест – Охридски трубадури“, покрај гледачите од Македонија, ќе можат да го проследат и љубителите на музиката од Бугарија, Босна и  Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија и  гледачите во светот преку сателитските канали на Македонската телевизија и австралиската ИНТВ.]]>