охрид фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Feb 2024 13:24:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png охрид фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Сломи ме“, првенче на Теди Грубица https://arhiva.vistina.com.mk/slomi-me-prvenche-na-tedi-grubitsa/ Mon, 12 Feb 2024 13:24:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338434

„Сломи ме“ е името на првиот албум на младиот и талентиран пејач Теди Грубица, што нашата публика го запозна после учеството на „Охрид фест“. Албумот е во издание на Croatia Records, содржи 11 песни, од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров а како автор е застапен и Горан Шарац. „Славејот од Истра“, како што го нарекуваат Теди, кариерата ја започна сосема случајно, со обработка на песните на Тоше Проески. Овој предизвик беше повеќе од успешен и предизвика одлични коментари и огромно внимание, а така и започна соработка со Григор Копров. Така се родија и песните „Ти си у крви“ и „Сувенир“, учество на Фестивалот на шансона во Шибеник, Сплитски фестивал и Охрид фест. Му посакуваме многу успех и малку среќа на Теди, во ова време каде царуваат инстант вредности е вистински куриозитет издавање на албум.]]>

Ирена Спировска и Марјана Станојковска во специјално издание: Водителките во фокусот на сцената од „Охрид фест“(фото) https://arhiva.vistina.com.mk/irena-spirovska-i-marjana-stanojkovska-vo-spetsijalno-izdanie-voditelkite-vo-fokusot-na-stsenata-od-ohrid-fest-foto/ Tue, 05 Sep 2023 07:00:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316717

Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“ е во редот на најстарите во земјава кој ги надмина европските граници со гледаност на дваесетина телевизии и музички канали и секоако со јубилејот кој годинава одбележа три децении. Атрактивните гости на "Охрид фест" беа вистински предизвик за седмата сила, но голем впечаток оставија и водителките Ирена Спировска и Марјана Станојковска кои го привлекоа вниманието со нивните уникатни фустани. На фолк-вечерта, водителка домаќин беше Ирена Спировска која смени повеќе тоалети од една позната македонска модна куќа. Нејзиниот едноставен, но впечатлив фустан остави впечаток  поради кројот во стил на грчката Афродита. Ирена во него едноставно доминираше, а на нејзиниот профил на социјалната мрежа „Инстарам“ постираше видео како позира задоволна и полна со себе.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Irena Spirovska (@irenaspirovska)

- „Божествена“, „Убавица“, „Како самовила си“, беа дел од позитивните коментари кои се редеа под објавата. Но, ништо помалку впечатлива не беше ниту  водителката Марјана Станојковска  заедно рака под рака на сцената водеше со  македонскиот актер Васил Зафирчев. Марјана највпечатлива беше во свечената светкава тоалета припиена за телото налик како сирена со посебен детаљ на цвет доминираше на јубилејното 30 - то издание на „Охрид фест“ на импресивната интернационална вечер, кога Дадо Топиќ ја испеа „Македонија“ песна стара  50 години. Инаку, според програмата, водители покрај Ирена Спировска (Фолк вечер) и Марјана Станојковска, беа и Васил Зафирчев и Ване Марковски (бекстејџ) кои ги повторуваа ударните реплики на двете фанатстични вечери полни со добра музика каде влезот беше слободен и сите беа добредојдени. А, ние со причина можеме да се пофалиме дека нашиот портал Вистина. ком.мк  доби фестивалска благодарница за долгогодишна успешна соработка и професионално следење на фестивалот, кој својот јубилеј го прослави со големите пејачки имиња и во вистинска фестивалска атмосфера со што потврди дека е најдобар. Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Ирена Спировска/ Марјана Станојковска]]>

Кате со група „Сарај“ и Душко Ѓорѓиевски се победници на 30-то издание од фолк вечерта на „Охрид фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/kate-so-grupa-saraj-i-dushko-gorgievski-se-pobednitsi-na-30-to-izdanie-od-folk-vecherta-na-ohrid-fest/ Sat, 02 Sep 2023 09:30:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316398

„Носи ме на Долни сарај“ е победничката песна на 30-то јубилејно издание на „Охрид Фест“ отпеана од Катерина Танева заедно со групата „Сарај“. Душко Ѓеоргиевски со „Златна риба струшка“ пак, е победник од гласовите и одлуката жирито. Вчеравечер сцената на Долни сарај во Охрид беше местото каде традиционално се собра фолк естрадата, место каде се пееше и дружеше. Наум Петрески и Лилија Семкова за песната „Посилни од се“, го освоија второто место од публиката, а третото место заврши кај Перо Христов за „Добри луге“. За задоволство и чувство на натпревадувачки дух имаше доста награди, па така втората награда од жирито заврши во рацете на пејачот Даце Николовски за „Ние љубов сме“, додека третата на Мирко Врретоски за „Рибарска“. На фестивалот беа доделени и останатите награди, како награда за интерпретација, која ја доби Зуица Лазова, награда од новинарите, а ја доби дуетот Татјана Лазаревска и Новица Василевски, награда за аранжман, кој му припадна на Дамир Имери, награда за најдобар текст на Ѓорги Калајџиев, наградата за дебитант ја освои Марко Трпчевски, а награда за сценски настап на Јуле Николовска. Нгрдадата за најтрубадурска песна ја освои ансамблот „Биљана“, додека наградата „Аце Ангелески“ му припадна на Ристе Наумовски. „Охрид фест“ три децении по ред остана перманентен и место каде се негува македонската музика која продолжува да се пее и слуша понатаму со години и генерации. На „Охридски трубадури“ се создаваат и спомените од дружбите меѓу естрадните уметници кои овој фестивал го гледаат како одлична прилика и место за незаборавна колегијална дружба каде се слави музиката и искрено се честита. Вечерва, 02. Септември фестивалот продолжува со интернационалната вечер. Ке слушнеме 15 нови поп- песни, а гостите дојдени специјално за оваа прилика се Божидар Волф, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ, Џими Сион, Срѓан Марјановиќ и Бане Видојевиќ, Гоца Тржан и Принц, Васил Гарванлиев, Неда Украден која ќе добие награда за безвременски хит за „Зора је“, и Дадо Топиќ годинешниот добитник на наградата за ширење музика на Балканот. фото:Охрид Фест Охридски Трубадури /Фејсбук]]>

Дадо Топиќ: „Македонија“ ја пеам 50 години со иста страст https://arhiva.vistina.com.mk/dado-topik-makedonija-ja-peam-50-godini-so-ista-strast/ Tue, 29 Aug 2023 06:22:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315571

Легендарниот Дадо Топиќ („Македонија“, „Дали знаш да те волим“, „Елизабет“, „За који живот да се родим“...) на јубилејното издание на „Охрид фест“, во Интернационалната вечер на 2 септември, ќе ја добие наградата за ширење музика на Балканот. Инаку, ова е интересна година - „Охрид фест“ ќе го има 30-тото издание, песната „Македонија“ одбележува 50 години постоење, а Дадо на 4 септември полни 74 години, и сите овие убави поводи ќе ги прослави токму кај нас, во Македонија. - Со голема радост доаѓам во Македонија, во Охрид, вели Дадо. - Не можете ниту да сфатите колку луѓето ја сакаат Македонија и колку знаат за неа, за македонската убавина, естетиката, хармонијата на ритамот и јазикот. Македонија има свој идентитет во музиката. Одамна не сум бил кај вас, ми значи поддршката од топлиот југ, се радувам на средбата со публиката. Патем, Копров ми кажа дека има песна за мене, значи можна е и соработка, а „Охрид фест“ е фестивал на кој му посакувам уште толку години. Во Интернационалната вечер ќе ја изведете легендарната „Македонија“ песна која со ист интензитет трае веќе 5 децении. -Луѓето го препознаваат македонското, има многу македонци во целиот свет, и сите тие првин ја бараат „Македонија“. Инаку, уште како мал ги засакав македонските песни, како дете ги слушав, ми се врежаа во меморијата а резултат на тоа е песната „Македонија“ која е мега слушана на сите континенти. Јас само го напишав текстот и музиката, а се`друго направија луѓето, тие не даваат да се заборави. Затоа и трае 5 децении. Имате континуирана кариера, постојано патувате, настапувате. Што ќе направите прво откако ќе стигнете во Македонија? -Не останаа многу музичари од мојата генерација а јас ете имам кариера во континуитет. Фала му на Господ, здравјето добро ме служи, па ќе бидам на пат се додека ме бараат...А штом ќе стигнам во Македонија се знае: и јас не сум имун на вашата кујна, ќе уживам во македонските специјалитети, превкусен зеленчук, салати, тавче гравче, пинџур, и само тоа го јадам. Фото:Марина Пешиќ]]>

Љупчо Соколовски – уметнички директор на фолк вечерта на „Охрид фест 2023“: Јубилеј во знак на големи ѕвезди, а ревијалниот дел резервиран за Сузана Спасовска https://arhiva.vistina.com.mk/lupcho-sokolovski-umetnichki-direktor-na-folk-vecherta-na-ohrid-fest-2023-jubilej-vo-znak-na-golemi-zvezdi-a-revijalniot-del-rezerviran-za-suzana-spasovska/ Wed, 23 Aug 2023 10:33:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315020

Големиот јубилеј, 30 години „Охрид фест“ го дочекувате како и минатата година, на позиција - уметнички директор на Фолк вечер. Претпоставувам, продолжува вашата заложба на фестивалот да се чуе старатата охридска песна, да доминираат мандолина, тамбура, кларинет... -Да, како минатата така и годинава, како уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“ целта ми е се да е на високо ниво, уште подобро од лани, кога според многу компетентни критичари и новинари од музичката фела добивме позитивни критики дека фестивалот е еден од најдобрите за 2022 година. Да потсетам: имаше доста наши квалитетни музички звезди кои се претставија со навистина квалитетни песни. Годинава сум уште поинспириран бидејќи го имаме големиот јубилеј, 30 години траење на фестивалот. Се е како што треба: ќе настапат еминентни имиња од фолк сцената, вистински ѕвезди: дуети, Наум Петрески и Лилија Семкова, Тања и Новица, потоа Зуица Лазова, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Перо Христов, Петар Нечовски, ансамбл „Билјана“, Катерина Танева и група Сарај, Нино Величковски.., и секако ќе им дадеме шанса на дебитантите. Песните што ќе се разлеат од Долни Сарај на 1 септември се во духот на охридскиот мелос, можеби во помодерни аранжмани но сепак ќе биде запазен звукот на мандолината, тамбурата, кларинетот и виолината. На сите учесници им посакувам успешен настап. По што ова издание ќе биде посебно? Како е замислена Фолк вечер, ќе има ли ревијален дел, ги откривате ли сите адути?  Како што спомнав, ќе видиме доста познати пеачи што ќе изведат нови 20 песни . Исто така можам да се пофалам дека имаме различни автори застапени на фестивалот, што е голем адут, бидејќи стилски ќе се разликуваат, ќе имаме различни мелодии. Во ревијалниот дел ќе настапи нашата фолк дива Сузана Спасовска, која има неколку настапи на „Охрид фест“ и тие песни ќе ги слушнеме токму сега. Ќе има и неколку изненадувања, да оставиме гледачите да уживаат во ова единствено музичко патување. Kолку е тешко да се обезбеди квалитетно пејачко име на фестивал? И, дали со добри песни може да се „одбрани“ фолкот кај нас? - Да бидам искрен, потешко е да се обезбеди квалитетно пејачко име, од причина што тие се предходно веќе ангажирани, станува збор за викенди кога најмногу се активни и настапуваат. Има доста наши пејачи од дијаспората кои сеуште се тука во тој период, ќе се дружиме со нив...Како и да е, година ќе имаме доста големи музички имиња, ќе биде вистински празник на музиката. Околу прашањето- дали со добра песна може да се одрани фолкот , ех... тоа е големо прашање но во кратки црти можам да одговорам . Првин ќе ги посочам телевизиите (оние со национална концесија) колку тие пуштаат македонска музика и во кој период. За жал, многу малку, што е и една од причините но и самите изведувачи не вложуваат во новите песни туку се насочени на обработки на народни песни или во голем број преработки на веќе авторски снимени песни. Но за среќа ќе речам, сеуште ги имаме фестивалите како што е „Охрид фест“ каде навистина може да се чуе добра песна, она што останува како браник наспрам сите „наезди“ од соседите. Тие што ќе бидат во Охрид ќе се уверат на лице место, а истото може да го направат и гледачите преку директниот пренос на „Охрид фест  2023“ на МТВ.]]>

Ирена Спировска- новата водителка на Фолк вечер на „Охрид фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/irena-spirovska-novata-voditelka-na-folk-vecher-na-ohrid-fest/ Mon, 14 Aug 2023 10:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313602

Во годината на јубилејот на „Охрид фест“, водителка на Фолк- вечер е популарната Ирена Спировска, омилено тв- лице што, верувале или не, има 30. годишно професионално искуство, точно колку што трае фестивалот. - Радосна сум што ќе имам можност да се појавам на сцената на „Охрид фест“ за неговото 30-то издание - вели Ирена. - Фолк вечер на „Охрид фест“ е преубав спој на новосоздадената песна и уникатната убавина на величествениот Охрид, па токму затоа е омилен помеѓу изведувачите, авторите и публиката. Три децении придонес за македонската музичка сцена, голем број музички хитови и незаборавни музичко-сценски доживувања се за секоја почит и, од срце го честитам јубилејот на „Охрид фест“. Инаку, сите изминати години редовно ги следев случувањата на „Охрид фест“: понекогаш во публика а некогаш пред тв- екранот. Од сега ја чувствувам возбудата што оваа година за прв пат ќе можам да ја доживеам на сцена фестивалската магија на фестивалот и што организаторите ми ја укажаа честа за јубилејното издание.“ Инаку, Ирена својата кариера ја започна токму во националнит сервис, во МТВ пред 30 години, и уште во првите години беше дел од редакцијата за народна музика. - Во тоа време МТВ секоја година организираше избор за ФОЛК ХИТ НА ГОДИНАТА во Универзална сала, настан на кој во живо се исполнуваа 12-те најпопуларни песни ( според официјален избор на Хит на месецот на МТВ), по што присутната публика гласаше и го избираше хитот на годината. Иако бев многу млада, имав можност неколку пати да бидам водител на овој настан на кој учествуваа најголемите фолк имиња- се сеќава Спировска. Понатаму Ирена неколку години по ред беше водителка, заедно со Орце Гелевски, на Тетовскиот Фолк- фест а го водеше и Фолк- фестивалот ЦВЕТНИЦИ. - Но, најголема чест за мене беше застанувањето на сцената на ВАЛАНДОВСКИОТ ФОЛК ФЕСТ, пред точно 25 години, кога заедно со колегата Ѓорѓи Калајџиев ја добивме можноста да го продолжиме она што со години беспрекорно го правеа доајените на спикерството и водителството- Лилјана Крстева и Благоја Крстевски.“ Потоа следуваа и ангажманите на ФОЛК ФЕСТ РОСА, ЛЕШОЧКИ ФОЛК ФЕСТ...фестивалот на Дувачки оркестри во Пехчево, јубилејни концерти на фолк легендите - Сузана Спасовска, Милан Завков, Наум Петрески, Јордан Митев, Н.А.ТАНЕЦ, голем број културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли, и еве сега, во биографијата може да се додаде „Охрид -фест“. Се чини, во нејзиното богато водителско искуство, недостасуваше само тој дел. Се гледаме на 1 и 2 септември, на „Охрид-фест“.]]>

Големи имиња на 30-тото издание на „Охрид-фест“: Јубилеј со Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Неда Украден… https://arhiva.vistina.com.mk/golemi-imina-na-30-toto-izdanie-na-ohrid-fest-jubilej-so-dado-topik-gotsa-trzhan-neda-ukraden/ Mon, 26 Jun 2023 06:01:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307650

Подготовките за 30-тото издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид- фест-Охридски трубадури“, се во полн ек. Ќе се слави со песна! На 1 и 2 септември, во нашиот прекрасен Охрид, на величенствената сцена на Долни Сарај ќе се одржат Фолк и Интернационалната вечер на јубилејното издание на фестивалот, ќе има многу квалитетна музика, етаблирани имиња што на вистински начин ќе го одбележат големиот датум на фестивалот со импресивна традиција. „Во 1994 година започнаа „Охридски трубадури“, што, еве ја продолжуваат традицијата и годинава го имаме 30 издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“- се сеќава оснивачот и идеен творец на фестивалот, Григор Копров. „Фестивалот тогаш имаше само Фолк вечер а на неа победија: Ленче тогаш-Дедејска, со „Течете солзи“ со прва награда од публиката и Горан Кукиќ со „Дали има пиле шарено“, со награда од жири.“ Патем, оваа 2023 година е јубилејна и за овој наш голем композитор: Копров одбележува 50 лета блескава професионална музичка кариера. После 1994, веќе следната година фестивалот се прошири со поп- вечер, а потоа се случи и Интернационалната вечер. Во многуте испишани страници на „Охрид фест“, во неброените хитови што ги изнедрил фестивалот („Усни на усни“-Тоше Проески, „ Јас и мојот бенд“- Биба Додева, „Јана“- Гиш, „За љубов се пее до крај“, дует Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски, „Цреши охридски“ - Александар и Дац, „Штом ноќта помине“- Гоце Арнаудов, „Ех да свири Садило“ - Биоритам..,) скоро и да не постои уметник од бившите ју- републики што не учествувал: Бајага, Горан Каран, „Нови Фосили“, Беби Дол, Хелена Благне, Маја Татиќ, Саша Матиќ, Елеонора Баруџија, „Балканика“, Емилија Кокиќ..., а ја имавме и атракцијата „Бони-М“. И годинава уметнички директор на Фолк вечерта е Љупчо Соколовски, традиционално ќе ја води- Каролина Петковска и 1 септември ќе биде во знак на македонската фолк елита- Наум Петрески, Зуица Лазова, Петар Нечовски, Нино Величковски, Душко Георгиевски... На Интернационалната вечер уметнички директор е Горан Шарац а на неа, во ревијалниот дел ќе блеснат Гоца Тржан и Принц, Алка Вуица, Срѓан Марјановиќ, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ... Наградата за промоцијата на музиката на Балканот ќе му припадне на легендарниот Дадо Топиќ, кој ќе ја изведе култната песна „Македонија“ снимена 1973 година, хит „тежок“ 50 години, додека Неда Украден ќе добие награда за безвременскиот хит „Зора је“, што ќе го изведе на сцената на Долни Сарај. Водителската двојка Марјана Станојковска- Васил Зафирчев ќе бидат домаќини на Интернационалната вечер, каде стандардно фестивалот им остапува простор и на младите музички надежи за кои е задолжен Давор Јордановски. Преносот на „Охрид- фест“ е преку националниот сервис МТВ, а големиот интерес за него го потврдуваат и странските телевизии- фестивалот се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија... Годинава во телевизии поддржувачи ја има и Гранд ТВ која фестивалот ќе го пренесува во живо. Зад „Охрид фест“ се 29 успешни години, а на ова 30-тото издание сите се добредојдени: влезот на Долни Сарај е слободен. Организаторите најавуваат уште изненадувања, уште гостувања, покрај вообичаените награди и новинарите во двете вечери ќе доделат награда за песна што најмногу им се допаѓа. Ќе биде вистинска привилегија да се биде дел од 30-тото издание на „Охрид фест“!]]>

„Рандеву“ на „Охрид-фест“: Од проект-бенд до блескава кариера (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/randevu-na-ohrid-fest-od-proekt-bend-do-bleskava-kariera-foto/ Fri, 19 Aug 2022 10:24:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263430

Годинава, во Интернационалната вечер на „Охрид фест“, публиката и гледачите ќе имаат можност да ја слушнат евровизиската „O no Cherie“(1984) и тоа во оригиналната постава на „Рандеву“ со Миро Чекелиш, Горан Шарац и Божидар Волфанд Волф. Еве што за бендот и песната велат- Миро Чекелиш, идеен татко на „Рандеву“ и еден од членовите на групата, музичарот и продуцентот Горан Шарац. Чекелиш: Еве на почетокот, ќе ја откријам тајната чувана толку многу години наназад. Групата „Randes Vous“ беше оформена ad hoc со намера да се натпреваруваме на престижната Југовизија во 1984 година во Скопје, која, се сеќавам имаше извонредна конкуренција и со песни и со изведувачи. Идејата ми беше да се соберат млади талентирани музичари, кои беа дел на тој нов музички бран, да се обидеме со песната а приемот кај публиката, понатаму да ни ги каже следните чекори... Инаку, јас во тоа време бев шеф на мега популарниот бенд „Хазард“, бев во друг филм, но ова беше интересен предизвик... Шарац: Миро ја имаше песната долго време, ја слушнаа разни музичари а мене веднаш ме воодушеви. И како што имам „нос“ за хит, ми беше јасно дека и- ќе биде хит. Во тоа време, јас свирев фанк, Волф со својот бенд се подготвуваше за Скандинавија а другите музичари од нашите бендови не беа заинтересирани за таков тип на кариера. Така „Рандеву“ на некој начин беше проект- бенд за една песна, па потоа ќе видиме што понатаму. Песната ве задржа заедно долго време, бидејќи „О не шери“ во далечната 1984 година, на Избор за песна на Евровизија во Скопје, не отпатува на Евровизија во Лондон, но имаше блескав старт и исто таква кариера. Чекелиш: Првичниот текст на песната беше „Марина спие“, но три дена пред настапот се собравме и го сменивме во „О ne Cherie“, што во тоа време беше како мода, зборовите да се странски, светски а разбирливи, на што сега се смееме. По доаѓањето во Скопје, по генералната проба, кога се качивме на бина до тогашните најголеми ју-ѕвезди Дадо Топиќ, Слаѓана Милошевиќ, Даниел, Владо Калембер, Маја Оџаклиевска, Бисера Велентанлиќ.., не фати трема, ама кога Волф самоуверено ја отпеа песната, во салата се случи паника, свативме дека не сме „ad hoc“ приказна и дека имаме големи шанси за победа. Шарац: Се случи тоа што се случи, ТВ Црна Гора првин ни даде поени а потоа ги поништи и така победи дуетот Владо и Ида кои ја претставуваа Црна Гора, а ние бевме трети... Но, станавме морални победници на Ју-визија а песната хит низ целата држава. Таа година добивме трета награда на „Месам“, бевме „Нада године“ а Волф стана пејач на годината. Издадовме пет албуми, Волф почна со соло кариера, а јас станав композитор и продуцент. Сето тоа беше заслуга на Миро, кој како постар и поискусен не формира и во музичка смисла, така што сите останавме во музиката скоро 40 години, како релевантни играчи. Чекелиш: И така „О не шери“ стана евергрин, го издржа тестот на времето а за тоа колку се обнароди ќе посведочи и тоа што ја има на репертоарот и по нашите градски кафеани. Шарац: Баш така, песната „О не шери“ стана толку легендарна што ја свират и во скопските боемски кафеани, а ние велиме, направивме толку песни а оваа, една те иста, ја свириме цел живот, па така и сега ќе ја изведеме на „Охрид фест“.]]>

Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ, огнен дует на „Охрид фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-josifovski-i-belma-huseinefendikj-ognen-duet-na-ohrid-fest/ Thu, 11 Aug 2022 06:49:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262195

Тие двајцата се финалистите на Гранд: Александар Јосифовски го освои второто место, а Белма Хусеинефендиќ беше пласирана меѓу првите десет во мегапопуларното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Патем, пласманот и не е важен туку можноста нивните таленти, енергии и музиката што ја имаат во вените, да се спојат во дует а истиот да има премиера на 29-тото издание на „Охрид фест“, на Интернационалната вечер на 3 септември. Песната што тие ќе ја изведат се вика „Глупаво е да си сам“ а ја потпишуваат Горан Шарац-музика, Огнен Неделковски- текст и Александар Валенчиќ- аранжман.
„Со Белма се знаеме од предминатата сезона - вели Александар - и некако веднаш се споивме со тие наши енергии. Одтогаш сакаме да направивме нешто заедно, секоја средба кулминираше со муабет за дует, кој еве ќе се случи на „Охрид-фест“. Штом Горан Шарац ми ја пушти песната, си реков- тоа е тоа! Му благодарам што му текна на нас, што еве музички ја спојуваме Македонија и Босна и со здружени сили очекуваме добар фидбек од публиката. Инаку, кога и се јавив на Белма со веста дека ќе правиме дует, таа веднаш се согласи а дури отпосле ја слушна песната. И така тргна: снимањето беше на две страни- таа во Босна, јас - тука, бевме воодушевени кога ја слушнавме и, да: едвај чекаме да настапиме.“
Спотот ќе се снима во септември и како што не информира Александар, ќе биде и убав и откачен, и ќе ја има нивната енергија. „Глупаво е да си сам“ ќе се снима и за Гранд продукција, во српска верзија, но најважно од се е што премиерата на песната, за која одсега многу се зборува е на „Охрид фест“. Им посакуваме многу среќа, сето останато го имаат! фото:Инстаграм/Александар Јосифовски]]>

Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/raspishan-konkurs-za-internacionalniot-muzichki-festival-ohrid-fest-ohridski-trubaduri-2022/ Fri, 15 Apr 2022 06:59:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246496

Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 29-ти пат распишува конкурс за нови композиции, што ќе го имаат премиерното издание на 2 и 3 септември, преку Фолк и Интернационалната вечер, на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид. Фолк- вечер ќе се случува на 2 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори - од регионот и пошироко. Интернационалната вечер е закажана за 3 септември 2022 година. И годинава фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 29-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер. Демо-снимките од нивните композиции треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара. Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“ се: * Да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик; * Наслов на композицијата; * Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк, Интернационална); * Композициите да не се изведувани; * Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации.   На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството, а рокот за поднесување на пријавите е 20 мај 2022 година. Своите композиции авторите треба да ги испратат на следните адреси: [email protected], [email protected] и [email protected]]]>