Охрид фест – Охридски трубадури 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Apr 2023 12:10:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Охрид фест – Охридски трубадури 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2023“ https://arhiva.vistina.com.mk/raspishan-konkurs-za-internatsionalniot-muzichki-festival-ohrid-fest-ohridski-trubaduri-2023/ Mon, 03 Apr 2023 11:44:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296390

Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по јубилеен 30-ти пат распишува конкурс за нови композиции, што ќе го имаат премиерното издание на 1 и 2 септември, со Фолк и Интернационалната вечер, на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид. Фолк- вечер ќе се случува на 1 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори - од регионот и пошироко. Интернационалната вечер е закажана за 2 септември 2023 година. Соочени со константен недостиг на млади пејачи и годинава фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 30-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер. Ова е извонредна шанса за промоција на дебитантите, бидејќи Охрид фест го следат повеќе од 15 телевизии од Балканот. На истата сцена, во 1998 година Тоше Проески ја испеа „Усни на усни“ и го започна својот блескав пат. Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2023“ се: Да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик; Наслов на композицијата; Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк, Интернационална); Композициите да не се изведувани; Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации; Демо-снимките од композициите треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара. На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството а рокот за поднесување на пријавите е 1 јуни 2023 година. Своите композиции авторите треба да ги испратат на следните адреси: [email protected], [email protected] и [email protected] Ве очекуваме!]]>