охрид фест б2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Sep 2022 08:19:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png охрид фест б2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 29-то издание на „Охрид фест“: Фестивалска еуфорија и добро расположение https://arhiva.vistina.com.mk/29-to-izdanie-na-ohrid-fest-festivalska-euforija-i-dobro-raspolozenie/ Fri, 02 Sep 2022 08:19:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265182

Вечерва и утре, (2 и 3 септември) е планирано да се одржи 29-тото издание на „Охрид фест“. Се' е подготвено, сцената на Долни Сарај никогаш не изгледала помоќно, изведувачите се пристигнати, па и покрај дождливото време, владее вистинска фестивалска еуфорија и добро расположение. Директниот пренос го прави МТВ, па така вечерва, петок- од 20,15 ч на првиот канал на МТВ ќе се пренесува Фолк вечерта, со шеснаесет нови песни и многу познати имиња ( Наум Петрески, Благица Павловска, Зуица Лазова, Баже Груевски, Петар Нечовски, групте „Академци“, „Чардаш“... ) а сите тие, со здружени сили ќе ја направат оваа вечер навистина посебна. За да се биде како што треба ќе се погрижи Каролина Петковска, домаќин на оваа специјална музичка ноќ, што е вистинска причина ТВ гледачите го проследат фестивалот. Во втората, Интернационалната вечер, сабота, на 3 септември, домаќините Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе ги претстават сите учесници: ќе проследиме настапи на етаблирани музички имиња од Балканот како омилениот Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и секако - дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава фантастична можност за промоција. Специјалното интернационалното жири ќе ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава ја имаме и новинарската награда, акредитираните медиуми ќе ја одберат песната што на нив оставила најдобар впечаток. Самиот фестивал создаде многу традиции а една од нив се традиционалните награди за промоција на музика на Балканот, што годинава им припадна на Гарабет Гаро Тавитјан и Мирослав Илиќ. За преносот на фестивалот покрај националниот сервис,  големиот интерес  поокажаа и странските телевизии кои го пренесуваат фестивалот, па така „Охрид фест“ ќе се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија.., односно на „Гранд телевизија, ТВ Црна Гора 2, Балканика, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, Тв Нови Пазар, Белами, Вижн, ТВ 3 и секако преку сателитскиот канал на МТВ кој може да се проследи и во Америка и Канада. Затоа „Охрид- фест“ ве повикува  да гледате, слушате и уживате!]]>