охрид фест 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Aug 2023 10:01:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png охрид фест 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 30-то јубилејно издание на „Охрид фест 2023“: Сите се добредојдени, влезот е слободен https://arhiva.vistina.com.mk/30-to-jubilejno-izdanie-na-ohrid-fest-2023-site-se-dobredojdeni-vlezot-e-sloboden/ Thu, 31 Aug 2023 10:01:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316108

Еден ден пред официјалниот старт на јубилејното, 30-то издание на „Охрид фест“: сцената на Долни Сарај е во полн блесок, водителите Ирена Спировска (Фолк вечер), Маријана Станојковска, Васил Зафирчев и Ване Марковски (бекстејџ)- ги повторуваат ударните реплики, организаторите ветуваат две фантастични вечери полни со добра музика, а фактот дека влезот слободен, најавува добредојде за сите! Фестивалот, изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи, во педесетина земји во Европа и низ светот, а во фестивалските анали е запишано дека пејачи од 37 земји во Европа и светот на „Охрид Фест – Охридски трубадури“ имаат изведено околу две илјади музички нумери.
Во првата , Фолк вечер ќе слушнеме 19 новосоздадени песни, што ќе ги изведат Милован Секуловски, Игор Петковски, Павле Витанов, Јуле Николовска, Мирко Вретоски, Ансанбл Билјана, Ристе Наумовски, Татјана Стефановска, Даце Николовски, Марко Трпчевски, Петар Нечовски, Катерина Танева и група Сарај Перо Христов, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Зуица Лазова, Нино Величковски, и дуетите Татјана Лазаревска - Новица Василевски и Наум Петревски - Лилија Семкова а во ревијалниот дел ќе настапи Сузана Спасовска. „Охрид фест“ е еден од најпознатите музички фестивали и надвор од границите и еден од значајните симболи на Охрид кои низ својата историја оставија сериозна трага во нашата музичка индустрија.
Втората, Интернационална вечер, ќе слушнеме 15 нови поп- песни, а гостите дојдени специјално за оваа прилика се Божидар Волф, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ, Џими Сион, Срѓан Марјановиќ и Бане Видојевиќ, Гоца Тржан и Принц, Васил Гарванлиев, Неда Украден која ќе добие награда за безвременски хит за „Зора је“, и Дадо Топиќ годинешниот добитник на наградата за ширење музика на Балканот.
Преносот на фестивалот е преку националниот сервис МТВ, а голем интерес за него го потврдуваат и странските телевизии што го пренесуваат, па така „Охрид фест“ се гледа и во Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора, Словенија, Албанија, Бугарија, односно преку - ТВ Црна Гора, ТВ 3,Би-ем -си мјузик, Би ем си- Етно, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, ТВ 3 , Net.tv Slovenija... Првата вечер преку директен пренос се емитува на првиот канал на МТВ од 20.15, а во истиот термин, следниот ден, сабота- 2 септември, Интернационалната вечер ќе се емитува на третиот канал на државен сервис а преку сателитскиот канал ќе може да се проследи и во Америка и Канада. „Охрид- фест“ повикува - да гледате, слушате и уживате!
]]>

 Гоца Тржан и Стефан Здравковиќ – Принц на „Охрид фест 2023“: „Очекуваме ‘Мирно’ да ја разбранува публиката“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/gotsa-trzhan-i-stefan-zdravkovik-prints-na-ohrid-fest-2023-ochekuvame-mirno-da-ja-razbranuva-publikata-foto/ Fri, 28 Jul 2023 05:28:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311953

„Мирно“, песната потпишана од Душан Бачиќ и Дејан Николиќ, што ја прати синергијата на Гоца Тржан и Стефан Здравковиќ- познат како Принц од Врање, ќе биде дел од Интернационалната вечер на „Охрид-фест 2023“. Ова вкрстено интервју на двајцата блескави вокали, само ја опишува страста со која тие ќе настапат на фестивалот. По фантастичниот дует со Тоше, во темата „1200 миља“ Гоца е во дует со Принц во песната „Мирно“. Како се случи овој музички „спој“: поради привлечноста на песната, взаемна енергија или можеби најдовте некоја сличност со Тоше? Гоца Тржан: Тоше е незаменлив и хитот „1200 миља“ стана легендарен и ги обележи нашите кариери. Принц има посебна енергија но една заедничка црта помеѓу него и Тоше е прекрасна пристојност, достапност и леснотија со која соработувавме. Песната „Мирно“ допре на прво слушање а реакциите се повеќе од одлични. Нашиот композитор Душан Бачиќ ни ја пушти песната и кога е добра, се оди лесно. Всушност, се е лесно кога работиш со талентирани луѓе, а Принц е преталентиран. Вистинска привилегија е да се има дует со Гоца Тржан, каков предизвик е на почетокот на кариерата да се настапи со вака познато име? Принц: Соработката со Гоца Тржан навистина е привилегија. Како етаблирана уметница, таа создаде извонредна кариера и стекна голем број обожаватели. Да се пее со неа е голем предизвик, ама и неизмерна радост. Гоца има неодоллива харизма и неверојатна вокална експресија која може да измами емоции кај секој слушател. Се радувам што на публиката во Охрид заедно ќе и пружиме незаборавно доживување. Ќе биде тоа посебен момент за сите нас и за сите оние што ќе сведочат на нашата музичка синергија. Гоца Тржан на “Охрид фест“ доаѓа по втор пат: во рани деведесети бевте гостинка на овој познат македонски фестивал... Затоа пак, Принц ќе го има официјалното пробивање на мраз на „Охрид фест“. Гоца: Уште од многу одамна Охрид ми остана во срцето, но немав прилика често да го посетувам. Ама ете, кога слушнав дека постои можност, веднаш се одлучив да дојдам. Инаку, ја обожавам Македонија, уживање ми е дружење со колеги на фестивали, и едвај чекам „Мирно“ да ја претставиме на македонската публика. Потоа, во план ни е серија концерти низ Македонија, и искрено се надевам дека настапот на „Охрид фест“ само ќе ја зајакне мојата љубов со Македонија. Принц: Учество на 30- то, јубилејно издание на „Охрид фест“ за мене е особено значајно. Да си дел од вака престижен настан со толку големи уметници е вистинска чест и прилика која не е честа. Дадо Топиќ, Неда Украден, Срѓан Марјановиќ.., се извонредни музичари и да си во нивното друшто, на иста сцена, за мене е голема инспирација. Инаку, пред десетина година имав прилика со друштво да пеам на плоштад во Охрид, направивме мал концерт и имавме добра реакција на публиката. Од бакшишот што го добивме, го продолживме одморот на уште два дена. Сега се чувствувам привилегирано што ќе бидам дел од фестивалот кој ја слави музиката и уметноста, и се надевам дека ќе и донесеме радост на публиката. Што мислите, како македонската публика ќе ја прифатат „Мирно“? Гоца Тржан: Македонците се еден особено музикален народ кој ја почитува добрата музика и добрите пеачи, чест е да се настапува пред таквата публика. Песната е модерна, ама во неа има многу од нашата балканска душа и емоција и луѓето тоа го препознаваат. Сигурна сум дека на македонците ќе им се допадне нашата песна и дека наскоро ќе се видиме на концерти. Принц: Македонија има богата музичка традиција и љубов кон уметноста, а тоа посебно се чувствува на фестивалите. Очекувам дека македонската публика ќе биде особено срдечна и страствена кон музиката, верувам дека ќе не дочека со голем ентузијазам и радост... Со оглед на тоа што сум од Врање, македонската музика за мене, уште од дете е блиска и позната. Татко ми ја пееше „Зајди зајди“ а јас бев голем фан на Тоше Проески...Македонија има квалитетни изведувачи а со некои имав среќа да се запознам и делам иста сцена со Елена Ристевска, Даниел Кајмаковски, Тијана Дапчевиќ.]]>

Срѓан Марјановиќ и Бане Видаковиќ на 30-то, јубилејно издание на „Охрид- фест 2023“ https://arhiva.vistina.com.mk/srgan-marjanovik-i-bane-vidakovik-na-30-to-jubilejno-izdanie-na-ohrid-fest-2023/ Wed, 19 Jul 2023 05:41:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310806

Ниту Срѓан Марјановиќ може без „Охрид- фест“, ниту пак фестивалот без него, особено кога одбележува три децении траење. Популарниот екс- ју кантавтор Срѓан Марјановиќ, познат по специфичниот стил („Иди“, „Бебо не плачи“, „Ми смо један другом говорили ви“, „Имаш код мене велики плус“, „Кад једном пукнем ја“) е вљубен нашата земја, поради музиката, пријателите, енергијата... - Имам многу пријатели во Македонија, вели Срѓан. - Го служев воениот рок во онаа прекрасна Југославија, во Битола. Сопругата по потекло беше од Охрид... Многу работи ме врзуваат за вашата земја, и се радувам секогаш кога ќе го го повторам дружењето. Се разбира дека ја сакам македонската кујна, вкусив скоро се...А „Охрид-фест“, тој ми е голема слабост...“ Досега овој , слободно може да се нарече легендаренмузичар, на фестивалот настапувал со песните „Добри мој“, „Пешчани сат“- дует со Маја Оџаклиевска, „Роденден“ а на јубилејното 30-то издание ќе настапи со актерот Бане Видаковиќ во темата именувана според истоимениот роман „А могао сам бити геј“. Песната настана како реакција на Еуросонг: ја враќа насмевката на лице, духовита е, и се лепи на прво слушање. Да потсетиме: Интернационалната вечер на „Охрид фест“, кога настапуваат Срѓан и Бане е на 2 септември, на сцената на Долни Сарај.]]>

Кики Лесендриќ на „Охрид фест 2023“: „Со посебно задоволство ќе дојдам во Охрид“ https://arhiva.vistina.com.mk/kiki-lesendrik-na-ohrid-fest-2023-so-posebno-zadovolstvo-ke-dojdam-vo-ohrid/ Fri, 14 Jul 2023 10:01:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310298

Организаторите на „Охрид фест“ на 30-тото издание на фестивалот, со големо задоволство го најавуваат учеството на легендарниот кантавтор Кики Лесендриќ. Иконата на рокенролот од екс-ју простори  и предводник на легендарната белградска група „Пилоти“  вели дека со голема радост ќе настапи на сцената на Долни Сарај, во Интернационалната вечер на 2-ри септември, со констатација дека му е голема чест да се појави на јубилејот на „Охрид-фест“. „Не сме биле во Македонија, навистина оддамна. Но, во еден период со „Пилоти“ свиревме многу, мислам, сигурен сум дека скоро и да нема место каде не настапувавме. Искрено се надевам дека најновиот албум повторно ќе не донесе во Македонија, и дека пак ќе свириме, и тоа ќе биде посебно задоволство.“ Кики минатата година го издаде албумот „Мали трагови на небу“, но евергрините „Свет је леп када сањамо“, „Заборављени“, „Како си лепа“, „Као птица на мом длану“, „Баракуда“ ...„ќе ја потсетат македонската публика на времиња кога се уживаше во нежните балади и специфичната боја на гласот на Кики Лесендриќ. Фотографија: Анѓела Буцаловиќ]]>