охрид фест 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 13 Oct 2022 11:49:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png охрид фест 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Цветановска македонската забавно-музичка сцена ја обои во нова боја со фестивалската балада – „Засекогаш твоја“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-cvetanovska-makedonskata-zabavno-muzichka-scena-ja-oboi-vo-nova-boja-so-festivalskata-balada-zasekogash-tvoja-video/ Thu, 13 Oct 2022 06:29:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271189

Марија Цветановска има 18 год и доаѓа од Битола. Со пеење се занимавам од  свои 8 години. Годинава ја  започнувава и својата соработка со познатиот композитор Григор Копров, кој воедно е автор на нејзината нова песна „Засекогаш твоја“. Песната беше создадена за потребите на настапот на марија на фестивалот „Охрид Фест 2022“ на кој  оваа млада пејачка ја добива и наградата за најдобра интерпретација. На музиката од Григор Копров, аранжман на песната направил  Владимир Дојчиновски Дојчин, а текст го напишал на Огнен Неделковски... Се' на се'  екипа познати, признати и проверени мајстори на својот занает што  направија оваа песна во старт да биде гарантиран хит. Периодов беше снимен и спотот за ,„Засекогаш твоја“ кој го реализирал Виктор Апостоловски, а дрон камерата ја управувал  Саше Богоевски, додека машката главна улога во видеото ја има Симеон Тасев. Спотот е снимен на повеќе локации во околината на Битола, ресен и Преспа, а официјално беше промовиран деновиве на Јутјуб. „Благодарност до целиот тим кој стои позади овој голем проект, се надевам песната ќе добие добри критики и ќе биде прифатена од јавноста, а очекувајте уште многу нови проекти и добри хитови“ - порачува Марија информирајќи дека веќе следниот викенд ќе настапува и на најреномираниот македонски фестивал на забавна музика „макфест 2022“ во Штип. Во меѓувреме проследете ја визуелизацијата на песната од „Охрид фест 2022“ на Марија Цветановска, насловена „Засекогаш твоја“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Јуре Бркљача, победник од публиката на „Охрид фест 2022“: Момче „со медитаранот во себе“ https://arhiva.vistina.com.mk/jure-brkljacha-pobednik-od-publikata-na-ohrid-fest-2022-momche-so-meditaranot-vo-sebe/ Wed, 07 Sep 2022 07:36:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265923

Јуре Бркљача (27), млад музичар од Задар -Хрватска, на Интернационалната вечер на „Охрид фест“ со песната „Не постојим кад ниси ту“ на Мирослав Рус ја освои првата награда од публиката. Со „медитеранот во себе“, топлината во гласот и далматинска непосредност ги освои сите, па вети дека ќе доаѓа почесто. Неговиот музички пат во Хрватска започна на натпреварот „Тhe voice“ во 2015 година, и за само неколку години целиот талент и дарба испливаа на површина. Еве со какви импресии Јуре се врати во својата татковина. По поминати 1000 километри, што прво направи кога пристигна дома? Јуре: Патував со феноменална екипа од Словенија, што за прв пат ја запознав, а се дружевме како да се знаеме со години. Тоа беа новинарот Вања Вардјан и дел од групата „Рандеву“, Миро Чекелиш и Божидар Волфанд. Од Охрид тргнавме за Загреб, со неколку паузи, па и „гурманска“ во Скопје, каде ручавме, пристигнавме во понеделник, околу 4 часот наутро. Првин легнав да се наспијам. Потоа, веднаш се фатив за гитарата а потоа почнав со тренинг. И, кои се впечатоците неколку дена по победата на „Охрид-фест“, како беше на фестивалот, колку те изненади наградата, ја почувствува ли енергијата на исчекување на „она нешто“? Јуре: Голема чест ми е победата на „Охрид фест“ а најдраго ми е што публиката го препознаа медитеранот во песната. Се изненадив како луѓето ме прифатија „од прва“. Целта ми беше да дојдам во Македонија, да се претставам и да ја запознам вашата земја, не размислував за никаков пласман. Особено што едни од моите најголеми музички идоли ми се Тоше Проески и Влатко Стефановски, така што честа да победам во земјата од каде што се тие, е уште поголема. Првпат си во Македонија и ете, се случи убава работа, награда и можноста да ни доаѓаш почесто. Што ти се допадна кај нас? Јуре:  Најмногу од се ми се допаднаа луѓето кои имаат голема љубезност кон гостите. Охрид е прекрасен, го има „она нешто“. Сите денови пред фестивалот се дружевме во локалот Харбор и свиревме клавир. Запознав добри луѓе и пријатели на кои ќе им се јавам секогаш кога ќе дојдам во Охрид. А што се однесува до храната, многу е добра и морам да признам дека веќе ми недостасува. Соработуваш со Мирослав Рус, и тоа е голема радост за двајцата, па кажи ни како започна тој музички пат, како работите? Јуре: Рус е мојот пријател пред се. Во една прилика ги слушаше моите песни во студио и едноставно се случи „кликнување“, имаме многу сличен поглед на музиката. Мене ме импресионираа неговите песни и текстови.. Сметам дека Рус е еден од најдобрите автори на сите времиња на овие простори. Има безвременски песни. Од него најмногу научив за музиката и за работата. Го снимивме заедно мојот прв албум „Остани тајна живота мог“ и подготвуваме уште песни кои едвај чекаме да ги слушнете. Рус е посебна личност, добар пријател и човек. Кои ти се ангажманите во следниот период? Јуре: Работиме на новиот албум и на тоа сум најмногу фокусиран. Се радувам на новите песни и средби со публиката. Свирењето во живо ми ги полни батериите и ми дава голем предизвик. Имам многу енергија и младост, сакам да ја искористам таа прилика и да оставам трага зад себе. Фото: Марино Бркљача]]>

Рокерите од „Ѕвездите на Гранд“ направија дует на „Охрид фест 2022“: Александар Јосифовски и Белма се само добри пријатели или сепак… „Глупаво е да си сам“, особено кога колешката ќе ти дојде дома? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/rokerite-od-dzvezdite-na-grand-napravija-duet-na-ohrid-fest-2022-aleksandar-josifovski-i-belma-se-samo-dobri-prijateli-ili-sepak-glupavo-e-da-si-sam-foto/ Tue, 06 Sep 2022 09:32:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265659

Деновиве следуваше големо изненадување за сите љубители на „Ѕвездите на Гранд“, но и за љубителите на рок муиката откакои рокерите Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ се појавија со заедничка песна! Песната во која ова дуо ги вкрсти гласовите ја испејаа на ѕукушт завршениот „Охрид фест“ каде и ја освоија втората награда од стручното жири, а последните подготовки за спотот пред неговото објавување се одвиваат деновиве во родниот град на рокерот, македонскиот бисер Охрид. Имено, Белма за потребите на спотот и завршните фази на песната допатува во Македонија, каде веќе неколку дена престојува во домот на својот драг колега и пријател. „Ја поканив да снимиме заедничка песна, а таа веднаш прифати! Имаме многу добра песна, во наш стил. Музиката и текстот ги направи Горан Шарац, а аранжманот го направивме со мојот бенд „French Olives“  во студиото во Охрид“ - изјави неодамна Александар. Но, пред излегувањето на овој дует на српски јазик, Белма и Јосифовски специјално за потребите на „Охрид фест“ ја снимија македонска верзија, каде викендов освоија две награди. „Беше одлично на фестивалот, ја направивме таа промоција и добивме награди. Луѓето беа навистина гостопримливи, публиката одлична и сè пукаше од енергија. Сега само чекаме да ја завршиме српската верзија, се надеваме до 8-ми во месецот и да ја претставиме на YouTube каналот на Гранд“ - изјави Александар. Тој неодамна за Гранд онлајн објасни како се родило пријателството меѓу него и младата Белма, како и желбата за заедничка соработка. „Откако јас и Белма се запознавме во 2019 година во „Ѕвездите на Гранд“, го почувствував тој спој на нашите енергии, а потоа се заљубивме и музички. Нејзиниот стил на пеење за мене е се или ништо, таа навистина секогаш го даваше својот максимум, се од себе и затоа посебно ми е драга“ – изјави македонскиот рокер, загатнувајќи ја дилемата: Дали тој и младата колешка не делат само заедничка песна? Дали се само пријатели засекогаш или меѓу нив има и нешто повеќе од пријателство понекогаш? Има ли некоја поинаква емоција, некаква искра или веќе доволно разгорена тајна врска која ќе букне и ќе се распламти во вистинска љубов пред јавно да биде обзнанета, зашто, како што вели и насловот на нивната дует песна - „Глупаво е да си сам“?... Особено кога колешката ќе ти дојде дома!? Фото: Архива/Охрид фест 2022]]>

Заврши 29-тото издание на „Охрид фест 2022“: Фестивалски мост што промовира, спојува и оплеменува (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshi-29-toto-izdanie-na-ohrid-fest-2022-festivalski-most-shto-promovira-spojuva-i-oplemenuva-foto/ Tue, 06 Sep 2022 08:54:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265615

„Охрид фест“, во неговото 29-то издание, една година пред јубилејот ја потврди тезата дека фестивалите се одлична можност за промоција на песни и интерпретатори, музички мостови што спојуваат и оплеменуваат и дека се' уште имаме златни грла кои ја бранат македонската песна до последната нота. Во првата, Фолк вечер на „Охрид фест“, слушнавме 16 нови композиции, квалитетна музика што донесе освежување во фолкот: Наум, Зуица, Благица, Благоја Грујовски, „Академци“, „Чардак“, Катерина Танева.., и покрај дождот, оваа ноќ ја направија посебна а за убавото чувство е заслужна и водителката Каролина Петковска. Се разлеваа звуците од Долни Сарај, имаше песни, рефрени и стихови што останаа да се повторуваат. Стручното жири на фестивалот им додели награди на: Наум Петрески, кој со песната „Не се откажав“ го освои врвот, второто место им припадна на „Академци“ кои ја изведоа песната „Бура е“, додека Кирил Белистојановски со „Изгрејсонце“ се пласира на третата позиција. Публиката за своите фаворити ги одбра: Зуица Лазова и „Да ме носиш в Охрид“ (првата награда), Петар Нечовски со „Секоја вечер“се пласира на втората позиција, додека Милован Секуловски и групата Ишарет со „Душа голема“ го освоија третото место. Најдобрите дебитанти се Ирена Петрова и Игор Нејков што ги запознавме преку ,,Љубовта трае само миг“, наградата за интерпретација и припадна на Катерина Танева, за сценски настап на Стојне Николова, најдобрите стихови ги напиша Борче Нечовски- „Да ме носиш в Охрид“ а најдоброто аранжманско решение за песната „Бура е“ го направи Дарко Илиевски. Потоа, наградата Долни сарај му припадна на Благоја Грујовски и песната „Лилјана“, наградата „Аце Ангелевски“ ја доби групата „Чардак“, а акредитираните новинари и доделија награда на Благица Павловска која ја испеа „Усни на усни.“ Втората, Интернационалната вечер донесе ведро време, исти такви ноти, празник за очи беше шармантната водителска двојка Марјана Станојковска - Васил Зафирчев, а музички „мегдан“ со различни стилови од соседните земји го „омекнуваа“ старите волци - групата „Рандеву“, Владо Калембер, Срѓан Марјановиќ и Томи Мишел. Многумина во публиката коментираа дека сцената на Долни сарај никогаш не била толку полна и толку моќна. Таква беше и оваа Интернационална музичка ноќ каде награди освоија: Јуре со песната „Не постојим кад ниси ти“ на Мирослав Рус се пласира на првата позиција и најави сериозна кариера, Теодора Стјеповиќ со „Сањам те“ на Дејан Божовиќ го освои второто место додека Веса Смолица со своја композиција „Kaj” се пласира на третото место. Жирито, топ- листата на најдобрите ја креираше по следниот редослед: првото место за Expose – „This love will last forever”, второто за Александар и Белма и „Глупаво е да си сам” и трето за Моника Кнезовиќ за „Молекул“. Се доделија многу награди: новинарите песната „Глупаво е да си сам“ ја одбраа за најдобра, најдобар текст е „Твоја сум“ на Борче Нечовски, најдобар аранжман е на Александар Масевски за „Close to the sun“, Марија доби награда за интерпретација, наградата Долни Сарај е за Ненад Цвјетиќ а Ник е нај дебитант... Највпечатливо од се е што „Охрид фест“ ја потврди својата доминација во сите сегменти, па и во подготвеноста да го истакне најдоброто со традиционалната награда за промоција на музика на Балканот, што му припадна на Гарабет Тавитјан. Да го чуваме најдоброто и да се видиме на Охрид фест 2023!]]>

Горан Шарац – уметнички директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест“: Споредба на трендовите на иста сцена https://arhiva.vistina.com.mk/goran-sharac-umetnichki-direktor-na-internacionalnata-vecher-na-ohrid-fest-sporedba-na-trendovite-na-ista-scena/ Thu, 01 Sep 2022 09:49:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265021

„Песните што ќе ги чуеме во Интернационалната вечер на „Охрид фест“ го носат печатот и звукот на времето во кое живееме а секако го опишуваат и просторот од каде доаѓаат музичарите - во пресрет на фестивалот“, не информира Горан Шарац, уметничкиот директор на втората фестивалска вечер. Секој артист се претставува со песна која го презентира неговиот музички карактер, така што не очекува квалитетна музичка средба. -Како музичар но и како „нашиот“ уметнички директор имате можност да учествувате на повеќе фестивали во Словенија каде што живеете, но и надвор од неа. Како се котира „Охрид фест“? „Оваа година како автор бев присутен (победив) на неколку хрватски фестивали. Таму музиката остана во медитеранскиот мелос кој има голема публика во Хрватска и во соседните држави. Тешко можеме да направиме споредба, бидејќи медитеранската музика е поинаква од вкусот на македонските слушатели, таа е поедноставна, предвидлива. Македонска музика е музика на ритамот, длабоките емоции и колоритот на македонската земја и луѓе. Годинава фестивалот ни донесува, музички гледано спој на младост, на музичките трендови што ги слушаме низ радио- етерот и класична, забавната песна. Дадена е шанса на младите пеачи што го дополнуваат колегите од регионот. Доколку го заборавиме глобалниот вкус, музичкото разбирање на тоа што и каква е квалитетната песна, таа се разликува од држава до држава. Затоа е добро да можеме на истата сцена да направиме споредба на трендовите. И, конечно, тоа е добро за понатамошниот развој на македонската музика, која не заостанува ниту по продукција, ниту по мелодијата. Очекуваме квалитена музичка вечер и затоа, дојдете заедно да го проследиме 29-тото издание на „Охрид фест“.]]>

Марјана Станојковска и Васил Зафирчев, домаќини на Интернационалната вечер на „Охрид фест 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/marjana-stanojkovska-i-vasil-zafirchev-domakjini-na-internacionalnata-vecher-na-ohrid-fest-2022/ Tue, 30 Aug 2022 06:47:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264647

Во многуте традиции што за време на своето постоење ги создаде „Охрид-фест“, најомилена е водителската двојка на Интернационалната вечер, Марјана Станојковска и Васил Зафирчев. Тие двајцата едноставно се толку уиграни, така привлечно доминираат на сцена што се разбираат и со поглед. Плус, фантастично танцуваат и се големи љубители на музиката. „За мене е задоволство и уживање повеќе годишната соработка со „Охрид -Фест“, фестивалот кој речиси три децении континуирано ја негува македонската народна и забавна музика, ги обединува најзначајните музички имиња од регионот, гради музички мостови на пријателство, им дава одлична можност за промоција на младите а воедно ги афирмира и промовира вечните убавини на Охрид и на Македонија“ - вели Зафирчев. „Инаку, со прекрасната Марјана не врзува долгогодишно пријателство и соработка, а покрај модерацијата, не обединува и љубовта кон музиката и танцот. Се радувам што и годинава заедно со неа ќе бидеме домаќини на Интернационалната вечер на фестивалот и ќе се дружиме со изведувачите и публиката на сцената на „Долни Сарај“. „Со Васил сме супер тим“ - се надоврзува Марјана. „Ми одговара неговата енергија, неговиот сензибилитет, одлично се согласуваме. Тој е првенствено голем уметник, кој поседува извонреден талент и за сценски движења, токму затоа и кога се подготвуваме за „Охри фест“ одлучуваме да вметнеме некоја интересна танцова кореографија со која ќе ја изненадиме публиката. Да се работи со него претставува вистинска чест и задоволство. Патем, многу ја сакам музиката и се радувам на „Охрид фест“, бидејќи е единствен фестивал што гради регионални мостови на музиката и како што потенцира уметничкиот директор на Интернацоналната вечер, Горан Шарац-  “Охрид- фест“, тоа е како Евровизија на Балканот. Се гледаме на 3 септември во Охрид!“]]>

Дебитантите на „Охрид-фест“- Андреа Коевска и Бојана Арсовска: „Дојдете на фестивалот да пееме и танцуваме заедно“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/debitantite-na-ohrid-fest-andrea-koevska-i-bojana-arsovska-dojdete-na-festivalot-da-peeme-i-tancuvame-zaedno-foto/ Fri, 26 Aug 2022 09:10:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264195

Со цел за што поголема афирмација на младите, „Охрид-фест“ и годинава им дава приоритет и шанса на дебитантите и веруваме дека ова 29-то издание на фестивалот ќе биде многу успешно за многумина. Две девојки  за првпат настапуваат на „Охрид фест“: Андреа, добро позната на јавноста и со неколкугодишно музички стаж и евровизиско  искуство и Бојана- на самиот почеток на кариерата. АНДРЕА: Иако мојата музика повеќе се слуша во странство, поддршката од тука ми е најскапоцена Андреа e артист и автор кој ја освои македонската публика со нејзиното првенче „I know”, а денес ја препознава и Европа. Музиката што таа ја изведува за само десет месеци е стримувана на повеќе од девет милиони пати на платформата Тик Ток, 2.2 милиони пати на YouTube и вкупно 2.87 милиони стримови на Spotify, со рекордна бројка од 512.209 илјади слушатели месечно. Навистина се импресивни податоците врзани за песните на Андреа кои се вртат на повеќе од 200 радио- станици во 40 земји, вклучувајќи ги САД, Англија, Канада, Германија, Франција и Италија а таа сними сет од 3 песни со светски познатиот оркестар FAME’s. Освен тоа, на годинешниот Евросонг во Торино, Италија со песната „Circles” се пласира на 11- то место на втората полуфинална вечер. Интензивно си присутна на музичка сцена веќе неколку години, но за првпат си на „Охрид фест“. Дали ти пречи дебитантската „позиција“? АНДРЕА: Апсолутно не, баш напротив. Јас сум многу благодарна што повторно сум во позиција каде што можам да научам нешто ново. Имајќи ја Евровизија зад себе знам колку треба да се вложи во целиот процес ако сакаме нашата замисла да биде успешна. Воедно, за мене нема поубава средина од таа која е полна со луѓе што ја делат истата страст како мене. Имаме толку почит и љубов кон уметноста што одвај чекаме да застанеме на сцена и да го споделиме тоа со публиката. Што беше предизвик за учество на фестивалот, бидејќи Интернационалната вечер на „Охрид фест“ има интересен концепт - се појавуваат етаблирани имиња од Балканот и дебитанти? Ќе настапиш со композиција на Александар Масевски, композитор со кој работиш: имаш ли некакви очекувања? АНДРЕА: Всушност поради концептот и се пријавив. Чест ми е да учествувам на наш фестивал каде што со интересен концепт се спојуваат интернационални и домшни имиња. Покрај тоа што ја имав можноста да ја претставувам нашата земја надвор од Балканот, сакам да ја имам истата можност на настапување во неа и секако претставување на истата во регионот и пошироко. За мене најголемиот предизвик е споделување на мојата музика која не е баш типична за оваа средина. Не е тајна дека мојата музика е повеќе слушана во странство, но сакам да ја зграпчам и секоја прилика со која можам да и се доближам на домашната публика и публиката во регионот. Каде и да одам сепак поддршката од тука ми е најскапоцена. На овој фестивал ќе настапувам со песната „Close To The Sun”, повторно во соработка со Александар Масевски, ние сме одличен тим и планираме да работиме заедно многу долго време. Оваа композиција е многу повесела од последната песна која ја имате слушнато од мене. Веќе заврши едно патешествие, време е да сонуваме и работиме кон следното. Кога се работи за очекувања, искрено пробувам да немам. Не сакам да се ставам непотребно во позиција каде што ќе бидам разочарана. Затоа се фокусирам на работи кои што можам да ги контролирам, а тоа е мојата изведба. Какви ти се фестивалските искуства и што е најважната работа во досегашното твое музичко патување? АНДРЕА: Секој фестивал е посебен и носи свој шарм, а сите досегашни искуства ми биле феноменални. Секако не можам да не ја споменам Евровизија. Ја имав можноста да учествувам на најпрестижниот фестивал во Европа на оваа возраст. Патот до евровизиската сцена, морам да признаам дека не ми беше права линија. Но, најискрено ќе ја паметам како едно од најубавите искуства во мојот живот затоа што ме изгради во човек кој секогаш сум сакала да бидам. Во моето музичко патување како најважно го издвојувам мојот однос кон работата. Со години градам дисциплина за да бидам најдобрата верзија од себеси. Сите знаеме дека има денови каде што ни е тешко да станеме од кревет бидејќи немаме мотивација. E токму во овие моменти дисциплината ни е најдобар пријател затоа што телото наше веќе е приспособено да функционира на одреден начин. Најважното за мене, без оглед на тоа дали имам добар или лош ден, е да дадам се од себе. Па ако не сум задоволна, знам дека утре имам шанса да пробам повторно и да бидам подобра. Бојана Арсовска е млада девојка која е вљубена и во танцот и во музиката, но во многуте преиспитувања вели дека нема конкретен момент кој би го издвоила како пресуден во контекстот на песната. Сепак, музиката е вгнездена во неа, но, интересен е моментот поврзан со танцувањето - бидејќи од 3-тата години е со хип- хоп а потоа и со класичниот балет. - БОЈАНА: Постојано слушам песни, пеам и танцувам во секој момент, на секое место. Зад себе имам многу натпревари, настапи и телевизиски и сценски појавувања и со танцот а со пеењето а можеби сега е моментот да се обидам со пеењето, бидејќи е нешто што си го носам во мене и имам голема љубов кон истото. Бидејќи го пробиваш мразот, што за тебе значи појавување на „Охрид фест“? БОЈАНА: Веројатно ова ќе биде настан што ќе го паметам засекогаш. „Охрид фест“ е едно интересно искуство или како што би рекол татко ми „отскочна даска“ за мојата, ако можам така да ја наречам, понатамошна кариера или моето понатамошно бавење со музиката. Отсекогаш сакам да сум на сцена поради танцувањето, така што фестивалот е одлична можност да направам спој на танцот и пеењето. Сигурно ќе биде интересно да те видиме на сцената. Каква е песната што ја пееш, колку ја доживуваш како своја? БОЈАНА: Музиката е на Григор Копров, аранжманот е на Владимир Дојчиновски, текстот на Огнен Неделковски а и јас имав некои мали сугестии, бидејќи бев инспирирана во студиото додека снимавме и имавме многу идеи. Песната „Колку добро љубиш“ е летна, певлива, влегува во уво а сигурно и ќе ве натера да заиграте и да се размрдате. Па, дојдете на „Охрид фест“ да пееме и танцуваме заедно!]]>

Кики Лесендриќ на „Охрид фест 2022“: „Моите песни мирисаат на вистина, затоа траат“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiki-lesendrikj-na-ohrid-fest-2022-moite-pesni-mirisaat-na-vistina-zatoa-traat-foto/ Thu, 07 Jul 2022 11:07:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257578

Кики Лесендриќ, една од иконите на српскиот рокенрол звук во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, ќе настапи на Интернационалната вечер (3 септември) на 29-тото издание на „Охрид фест“. Евергрините „Свет је леп када сањамо“, „Заборављени“, „Као птица на мом длану“... ќе ја потсетат македонската публика на нежните балади и специфичната боја на гласот на Лесендриќ. Кики, каде се наоѓаш моментално, и што вообичаено правиш во овој летен период? - Моментално сум на Санторини во Грција, но бргу се враќам за Белград, па почнувам со јулските концерти. Воглавно, преку лето сум на Закинтос, а се враќам samo за концерти. Македонската публика ќе има можност да те види и слушне на годинешниов „Охрид фест“. Откога не си биле кај нас, имашли убави спомени од Македонија? - Не сум бил во Македонија навистина долго. Но, во еден период со „Пилоти“ свиревме многу кај вас, мислам, сигурен сум дека скоро и да не постои место каде не настапувавме. Се надевам дека новиот албум на есен, повторно ќе не донесе во Македонија, дека повторно ќе свириме, и тоа ќе го правиме со посебно задоволство. Од твоео богато музичко и животно искуство  како автор, пејач, продуцент, ментор... кој период го сметаш за најважен?  - Секоја од тие станици мене ми е драгоцена. Почетокот во 1981 година е како прв бакнеж во училиште. Понатаму навистина имаше различни периоди, од луди 80- ти па се до војната, моето заминување за Грција и подоцнежното враќање со албумот „Месец на вратима“. Многу години се зад мене, но некако се' уште сакам да снимам нови песни и да сум на сцена.]]>

Не очекува фантастичен „Охрид фест 2022“: Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ…, награди за промоцијата на музиката на Балканот за Гаро и Мирослав Илиќ https://arhiva.vistina.com.mk/ne-ochekuva-fantastichen-ohrid-fest-2022-kiki-lesendrikj-vlado-kalember-zlatko-pejakovikj-nagradi-za-promocijata-na-muzikata-na-balkanot-za-garo-i-miroslav-ilikj/ Thu, 16 Jun 2022 10:12:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254702

На 2 и 3 септември не очекува фантастичен „Охрид фест 2022“. Ќе настапат: Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ..., награди за промоцијата на музиката на Балканот за Гаро и Мирослав Илиќ Подготовките за најновото, 29-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест “, една година пред јубилејот, се во полн ек. На 2 септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, во Фолк вечер ќе настапи домашната фолк елита, свое шоу ќе има популарниот пејач од Србија - Мирослав Илиќ („Божанствена жено“, „Није живот једна жена“, „Још те нешто чини изузетном“, „Поломиќу чаше од кристала“...) а во втората фестивалска ноќ на 3 септемри ќе видиме многу атрактивни музички имиња од Балканот. „Бастионот на убавата македонска песна „Охрид фест“, годинава ќе понуди одлична фолк и интернационална вечер, каде на 2 и 3 септември ќе настапат докажани музички имиња и, бидејќи ги охрабруваме новите музички сили, даваме можност дебитантите да ја започнат музичката кариера токму од Охрид - вели првиот човек на „Охрид фест“, Григор Копров. Традиционално, водителите на фестивалот се Каролина Петковска - во Фолк вечерта и Маријана Станојковска и Васил Зафирчев во Интернационалната вечер, кога ќе настапат многу интересни имиња. Од Србија доаѓаат Кики Лесендриќ и Срѓан Марјановиќ, од Хрватска- Владо Калембер, Златко Пејаковиќ, Теди Грубица и Јурица Паѓен („Аеродром“ „Азра“, „Парни ваљак“), од Босна го имаме Ален Исламовиќ, словенските музичари се Божидар Волф, Инес Ербус& Давид Амаро, од Бугарија ќе го видиме дуото „Expose“, од Албанија - Рина Рамадани и гостинот од Грција е Толис Дамјанос. Советот на фестивалот најавува уште многу изненадувања. Наградите за промоцијата на музиката на Балканот се доделуваат на Мирослав Илиќ, кој ќе има свој мини концерт во фолк вечер и нашиот Гарабет Тавитјан, кој ќе го видиме во Интернационалната вечер. Од најубавата сцена на Балканот- Долни Сарај, фестивалот директно ќе го пренесува националниот сервис, МРТВ а преносот ќе го емитуваат над 10 телевизии од Балканот. Се гледаме во Охрид!]]>