охрид фест 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Dec 2018 10:05:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png охрид фест 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Филип Јордановски ќе ви ги стопли срцата во декември со баладата – „Без тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/filip-jordanovski-kje-vi-gi-stopli-srcata-vo-dekemvri-so-baladata-bez-tebe-video/ Mon, 03 Dec 2018 10:05:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60995

Филип Јордановски сними видеоспот за победничката песна според жирито, насловена „Без тебе“, која пејачот ја изведе на поп - вечерта на последниот „Охрид фест 2018“.
Видеото го изработил Александар Ристовски – Принц, а истото е снимено на неколку локации во Скопје и  Куманово.
Покрај Филип како главен лик во приказната,  се појавува и неговиот придружен бенд, додека сексапилната русокоса која ја има улогата на единствената дама во видеото е атрактивната кумановка, моделот Тања Коцевска.
Авторите на песната се Владимир Дојчиновски - Дојчин,  кој ги потпишува музиката и аранжманот и Ристо Самарџиев, чии се стиховите на оваа фестивалска балада.
Како сето тоа спакувано звучи и изгледа, проследете во видеото кое, како што вели и самиот изведувач вели: „Се надевам дека ќе Ви се допадне и ќе уживате во оваа прекрасна балада, размислувајќи на оние кои Ви го топлат срцето во овие студени декемврски денови“! https://www.youtube.com/watch?v=zRw5jL1RQ6Y&feature=share  ]]>

Сале – Рокер ја пушти во етер баладата „Остани“ од последниот „Охрид фест 2018“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-roker-ja-pushti-vo-eter-baladata-ostani-od-posledniot-ohrid-fest-2018-video/ Thu, 01 Nov 2018 09:20:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55623

Македонскиот пејач и музички менаџер Сашко Андриески попознат како Сале - Рокер во етер ја пушти баладата „Остани“ со која настапи на  последниот „Охрид Фест - Охридски трубадури 2018“.
По досега неговата комерцијално најуспешна тема и видеото за неа насловена „Мост“  која се појави во текот на летото, оваа песна води во малку помирни води, но секако не отстапува од неговиот препознатлив стил, кој Сале - Рокер грижливо го гради и негува - базичниот, полнокрвен рок ен рол. Токму затоа и за „Остани“ може да се каже дека е рок балада, без оглед што е изведена на еден фестивал како „Охрид фест 2018“, кој Сале го искористи за медиумска промоција на своето ново остварување.
Автор на музиката и стиховите е самиот Сашко Андриески, додека аранжманот на песната го потпишува Драган Ристовски, која Сале овој пат ја изведува сам, без својата придружна група „СРВ“. Како звучи „Остани“ и како изгледаше нејзината фестивалска изведба на „Охрид фест 2018“ од нејзиниот автор и изведувач Сале - Рокер проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=WHTmi-OyRXk&feature=share]]>

Анастасија Аврамовска е нова тинејџ ѕвезда која веќе жнее награди со „Ти си мојот херој“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-avramovska-e-nova-tinejdz-dzvezda-koja-vekje-znee-nagradi-so-ti-si-mojot-heroj-video/ Tue, 18 Sep 2018 12:27:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48642

Младата Анастасија Аврамовска, остави осбен впечаток на поп вечерта на неодамна  одржаниот фестивал „Охрид фест 2018“.
Внуката на нашиот истакнат македонски композитор и музички работник, академик Ристо Аврамовски, има претензии да го понесе приматот на нова музичка тинејџ  ѕвезда во Македонија.
Со учеството во различни детски хорови, почнува остварувањето на нејзиниот сон за градење музичка кариера, по што следуваат настапи награди на неколку меѓународни фестивали, учеството во „Кастинг талент шоуто“ и мјузиклот „посветен на Тоше Проески - „Тајно моја“ за годинава да дебитира во поп вечерта на „Охрид Фест 2018“ со песната „Ти си мојот херој“, која и донесе две за неа важни награди:  3-то место од жирито и 2-ро место од публиката.
Музиката на наградената песна ја потпишува Иле Спасев, додека стиховите се заедничко дело на композиторот и изведувачот -Иле и Анастасија, додека аранжманот го направиле повторно Иле Спасев и Андреј Иваноски („Сирилик“).
По успехот и наградите на „Охрид Фест 2018“, младата тинејџ ѕвезда полека ги  започнува и подготовките за престојниот „Макфест 2018“, каде со својот настап ќе ја промовира и својата втора авторска песна.
Во мешувреме погледнете го нејзиниот настап и изведна на наградената „Ти си мојот херој“ од поп вечерта на „Охрид Фест 2018“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=84&v=haCyyVSvi_0]]>

Филип Јордановски со баладата „Без тебе“ победи на поп вечерта на „Охрид Фест 2018“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/filip-jordanovski-so-baladata-bez-tebe-pobedi-na-pop-vecherta-na-ohrid-fest-2018-audio/ Wed, 12 Sep 2018 12:31:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47632

Со песната „Без тебе“ на композиторот Владимир Дојчиновски - Дојчин и текстописецот Ристо Самарџиев, со македонскиот поп пејач Филип Јордановски ја освои првата награда од жирито на поп вечерта на годинешшниот фестивал „Охрид Фест 2018“ .
Ова воедно беше и враќање на сцената на поп пејачот кој направи пауза откако за прв пат стана татко, а токму неговата сопруга и синчето беа неговата најголема поддршка на фестивалот.
Последен пат на македонската музичка сцена Јордановски беше активен пред околу две години откако ја објави песната со патриотска содржина „Вечна Македонија“, а претходно и емотивната „Погледни ме“. Сепак, за време на двегодишната пауза пејачот  сосема не мируваше, па иако креативно не беше активен, тој сепак имаше и доста набиена агенда со настапи по кафулињата и клубовите како низ Скопје, така и ширум Македонија.
Како звучи победничката фестивалска балада „Без тебе“, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=57&v=Ly-yf3mgnnY]]>

Пепа Димитрова не престанува со работа https://arhiva.vistina.com.mk/pepa-dimitrova-ne-prestanuva-so-rabota/ Wed, 29 Aug 2018 06:39:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44983

  Една од највредните македонски пејачки во последните години не запира со својата мисија да создава  музика. Пепа  пред неколку дена снимаше видео за нејзината најнова песна "Ти си тој", која ќе биде промовирана на овогодинешното јубилејно издание на Охрид Фест - Охридски Трубадури .
Видеото се снимаше на неколку локации на преубавото  мавровско езеро, во Леуново и Галичник . Продукцијата Фабрика е задолжена за видеото кое најавува ново свежо издание на Пепа  на која ова и е петти видео запис.
"Уживам навистина многу кога сум во студио или на снимање на видео спот, на почетокот ми беше доста по напорно и тешко, сега мислам дека секој ден можам да сум на снимање и да не застанам со созадање на убава македонска музика и песна, пропратено со 12 часовни снимања на видео записи" .
Со настапите на Охрид фест и Макфест оваа година и промовирање на две нови песни, останува само да се стават на носач на звук и официјално да го имаме првечето на Пепа Димитрова која за овие три години веќе има и повеќе од доволно песни за албум.]]>