охо продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Sep 2021 12:31:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png охо продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов сака да ве потсети дека… многу му е премалку во – „Love is so Good“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-saka-da-ve-potseti-deka-mnogu-mu-e-premalku-vo-love-is-so-good-video/ Thu, 09 Sep 2021 12:31:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218551

„Love is so Good (многу ми е премалку…)“ е најновата песна на македонскиот шоумен, актер и пејач Игор Џамбазов. Текстот и музиката се дело на Игор, а аранжманот е на Мите Димовски во чие студио  „Тра ла ла“ песната и е снимана и продуцирана. Инструментите во песната ги свират врвни македонски музичари - инструменталисти  како: Гуру Харе (гитара), Дамир Имери (клавијатури), Оливер Јосифовски (бас), Владимир Крстев (виолина) и Мите Димовски (тапани). Песната е визуелизирана со видеоспот кој го потпишува „Охо“ продукција, истата онаа продукциска куќа која стои зад ТВ проектите како детскиот серијал „Пет плус“ или ТВ серијата „Преспав“. Камерата е на Тони Величковски, а монтажата на Сашко Потер. Спотот е сниман на Попова Шапка, а покрај кадрите од таму, во спотот се прикажува и дел од ликовното творештво на неговата партнерка, македонската планинарка и ликовен творец Илина Арсова. Проследете како звучи и изгледа кога Игор Џамбазов сака да ве потсети дека... Многу ми е премалку во „Животот е убав“: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=KMXuhJzIfVo&t=1s[/embed]]]>

„Љубојна“ со филмска екранизација на симфониската „Севдо ле“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubojna-so-filmska-ekranizizacija-na-simfoniskata-sevdo-le-video/ Tue, 24 Sep 2019 09:29:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108649

„Драги фанови. Тазе од "кујната" на Љубојна. Погледнете го официјалното видео од нашиот нов сингл #СевдоЛе од албумот со Џијан Емин и Maкедонската филхармонија, кој излегува наскоро, насловен „Phonic Silence“. Благодарност до целата екипа која неуморно работеше на спотот и луѓето кои беа постојано околу нас за сé што ни треба“ - напишала вокалистката Вера Милошевска во најавата за новото видео на етно групата „Љубојна“, за песната „Севдо ле“. Инаку, видеото се снимаше уште летоска под режисерската палка на Сашко „Потер“ Мицевски во продукција на продуцентската куќа „Охо“. Уште тогаш, судејќи според споделените фотографии, беше извесно дека не очекува уште една одлична екранизација во која главните улоги ги добија актерите Наталија Теодосиева и Димитрија Доксевски.   Новото видео се снимаше токму во пресрет на концертот што „Љубојна“ го одржа на 7 август 2019  во „Антички тетатар“ – Охрид, во рамките на годинешното „Охридско лето“.   Инаку групата 2019 година ја започна со спектакуларниот концерт со Македонската филхармонија, одржан на 1 февруари, кога публиката уживаше со новите аранжмани на маестро Емин Џијан од каде е темата за „Севдо ле“, а во март од страна на  „Кроација рекордс“ беше објавен и албум со нивните најголеми хитови. Музиката е на Оливер Јосифовски, стиховите се на Вера Милошевска, миксот и мастерингот на Анѓел Ќосев, во чије студио „Подрумот“ е сниман материјалот, за чија оркестрација, инструментализација и аранжман се погрижил маестро Емин Џијан. И додека чекаме наскоро  да се појави и комлетниот материјал за новиот албум на „Љубојна“ чие излегување е најавено за идниот месец - октомври 2019, уживајте во филмската екранизација на првиот сингл симнат од него, темата „Севдо ле“. https://www.youtube.com/watch?v=vTcE4C6bLn0  ]]>