огранизам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 May 2021 09:46:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png огранизам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Овие 5 работи му се случуваат на вашиот организам кога внесувате премногу солена храна https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-5-raboti-mu-se-sluchuvaat-na-vashiot-organizam-koga-vnesuvate-premnogu-solena-hrana/ Wed, 12 May 2021 13:00:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202250

Солта е неизоставен зачин кој ѝ дава на храната подобар вкус, но нејзиниот претеран внес може да има катастрофално влијание по здравјето. Експертите препорачуваат внес од 1500 до 2400 милиграми сол дневно. Најлошо е ако солта во најголема мера ја внесувате преку процесирана храна бидејќи тоа дополнително го зголемува ризикот од здравствени проблеми, со оглед на тоа што таквата храна содржи многу малку нутриенти и многу калории. Еве што може да се случи во вашиот организам ако внесувате премногу сол:

Проблеми со бубрезите

Исхраната со висок удел на натриум го зголемува ризикот од создавање бубрежни каменчиња бидејќи ја зголемува количината на калциум во урината, што е клучен фактор за нивно создавање. Колку повеќе сол, толку повеќе телото задржува вода, обидувајќи се да го растопи натриумот и доаѓа до зголемување на крвниот притисок. Тоа може да предизвика проблеми со работата на бубрезите бидејќи, како што се зголемува притисокот поради вишокот сол, се зголемува и притисокот на артериите кои одат до бубрезите.

Зголемен крвен притисок

Зголемениот крвен притисок се случува затоа што солта поттикнува задржување на вода, што го тера срцето да работи побрзо, при што се создава голем напор и притисок на органите. Ваквата работа може да доведе до срцеви болести, мозочен удар, деменција, кардиоваскуларни болести и други сериозни проблеми.

Надуеност

Една вечер внес на премногу сол веројатно нема да предизвика силна надуеност, но со текот на времето, задржувањето на водата предизвикано од исхрана богата со сол сигурно ќе резултира со хронична надуеност.

Послаби когнитивни функции

Чувството на тромавост и недоволна концентрација е обично знак за воспаленија предизвикани од премногу сол. Исто така, луѓето кои внесуваат премногу сол обично не пијат доволно вода, а дехидратацијата може да биде причина за бројни когнитивни нарушувања.

Остеопороза

Со мокрењето, телото губи калциум, а со зголемениот внес на сол губите повеќе калциум бидејќи повеќе мокрите. Кога во крвта нема доволно од овој минерал, организмот го „влече“ калциумот од коските што може да доведе до остеопороза. извор: точка.мк ]]>

Организмот ви испраќа јасни сигнали преку јазикот – еве на кои здравствени проблеми укажува тоа https://arhiva.vistina.com.mk/organizmot-vi-isprakja-jasni-signali-preku-jazikot-eve-na-koi-zdravstveni-problemi-ukazuva-toa/ Wed, 14 Oct 2020 11:45:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171385

Доколку внимателно го погледнете јазикот, ќе забележите некакви знаци кои што укажуваат на здравствени проблеми со кои што се соочувате. Микропукнатини: Пукнатините кои што се наоѓаат на средината или пак на задниот дел од вашиот јазик, укажуваат на цревна малапсорпција, алергии или пак чувствителност на храна. Слузница: Густата, жолта или белa слуз може да биде знак на собирање на токсини во цревата. Доколку се акумулира во средината на јазикот, тоа е симптом на проблем со тенкото црево, а доколку е во задниот дел на јазикот, тогаш можеби имате проблеми со дебелото црево. Кафеав или пак потемен слој на јазикот: Темниот, па дури и црниот слој на јазикот може да биде поради пушењето цигари, кафето или пак темните чаеви, но и лошата орална хигиена. Во тие случаи неопходно е јазикот да го измиете со четка за заби, додека тој слој не се отстрани. Упорни црвени дамки: Ова може да биде знак за канцер на јазикот, но немојте веднаш да паничите, единствено што треба да направите е да посетите доктор. Доколку го одржувате чист вашиот јазик, тогаш вие водите грижа за здравјето на вашите органи. Поради тоа двапати дневно добро измијте го јазикот и направете детоксикација на организмот. извор:точка.ком.мк]]>