ограничување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 May 2020 10:01:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ограничување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали вака ќе биде и на плажите во Грција? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-vaka-kje-bide-i-na-plazite-vo-grcija/ Mon, 25 May 2020 10:01:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151228

Социјалното дистанцирање на плажите ова лето ќе се применува низ сите плажи во светот. Многубројни летувалишта ширум светот морале да пронајдат начин како успешно да го остварат социјалното дистанцирање на плажите оваа година. Додека Италијанците имаа идеја за развивање лежалки од плексиглас и големи куполи од бамбуси, во Франција примениле едноставна варијанта. Плажите се заградени со јажиња, а фотографиите како тоа изгледа ги објавил некој корисник на групата на Фејсбук „Грција“, каде што ги прашал корисниците: „Дали вака ќе изгледаат и плажите во Грција оваа година?“. Сепак, и покрај тоа што станува збор за мерки на безбедност и превенција од смртоносниот вирус, на многумина не им се допаднала оваа идеја која што се применува во Франција. „Може сето тоа посуптилно и поубаво да се намести, ова изгледа глупаво“ – напишала некоја девојка во коментар. „Ова е глупост, па не седиме ние на плажите в прегратки еден со друг“ – мислење на некоја друга личност. „Сепак, кога малку подобро ќе погледнеш можеби и подобро е вака, барем на градските плажи да се избегне метежот“ – напишал трет корисник. Сепак, имало и онакви луѓе кои што изјавиле дека подобро е така да се ужива на плажа, отколку никако. Фотографиите од Франција настанати се на плажа во летувалиштето Grand Motte, на северот од земјата.
]]>

Автопат на кој нема да бидете казнети ако возите побрзо од ограничувањето https://arhiva.vistina.com.mk/avtopat-na-koj-nema-da-bidete-kazneti-ako-vozite-pobrzo-od-ogranichuvanjeto/ Thu, 28 Mar 2019 14:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79903

Autobahn или Bundesautobahn е национален германски автопат, кој е долг околу 13.000 километри. Се смета за најбрз автопат на светот, а воедно и најпознат, со оглед на тоа дека нема класично ограничување на брзината. Поточно, пред урбаните средини или на градилиштата, има табли со ограничување на брзината од 50 до 100 километри на час, но не е нелегално ако ги игнорирате, сè додека вашето возење не предизвика сообраќајна несреќа или не станете нејзин учесник. Од друга страна, може да добиете казна и до 375 евра, ако возите премногу блиску до автомобилот пред вас, а забрането е да се возат автомобили кои не можат да достигнат брзина од 60 километри на час. На рамните делови, каде нема ништо, се препорачува возење од 130 км/ч, но Германците ретко се придржуваат до тие препораки. Покрај тоа, тие сакаат да ја тестираат издржливоста на своите „лимени миленичиња“ и возат дури 200 км/ч. Ако се прашувате колку често се случуваат несреќи на овој автопат, одговорот е интересен - поретко отколку на гратските и селските патишта. Статистиката покажала дека бројот на несреќи на германските автопати од 70-те години, до 2010-та година, се намалиле за дури 80 отсто. Причината за ова е тоа што Германците на автопат ги пуштаат само најискусните возачи, но исто така бараат многу вештини позади воланот, пред на младите да им дадат возачка дозвола. ]]>