огненздравковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Sep 2022 07:08:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png огненздравковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се омажи сестрата на македонската „Гранд ѕвезда“ Огнен Здравковски: „Не ми е сеедно, ме совладаа емоциите“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-sestrata-na-makedonskata-grand-dzvezda-ognen-zdravkovski-ne-mi-e-seedno-me-sovladaa-emociite-foto/ Tue, 06 Sep 2022 07:08:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265591

Поранешниот македонски финалист на „Ѕвездите на Гранд“ и внук на легендарните македонски музичари и музички автори, покојните Наско и Зоран Џорлеви, пејачот  Огнен Здравковски викендов (сабота, 03-ти септември 2022 г.) во Македонија ја мажеше својата постара сестра Оле, која исто така се занимава со музика. Семејството на 30-годишната виолинистка, братот  Огнен и неговите родители, Софија Џорлева, позната по учеството на натпреварот за музички ветерани „Никогаш не е доцна“, како и таткотоа Миле организираше голема свадбена прослава на отворено. Средени од глава до петици, гордите родители и брат не ги криеја емоциите што женскиот член од семејството сега и официјално го напушта семејниот дом. „Не ни беше сеедно, беше многу емотивно, но многу сме среќни“ - ќе изјави Огнен за порталот „Звезде Гранда“ чии новинари и биле присутни на свадбата и додал дека неговата сестра е во сигурни раце. „Среќен сум што имам зет каков што имам. Зет како мед“ - јавно вели Огнен и додава: „Тој е прекрасен човек и тие многу се сакаат. Богдан Шундиќ по потекло е од Белград, но се пресели во Скопје и сега работи тука“ - открива пејачот. Убавата и многу весела свадба уште повеќе ја зачинија невестата и Огнен, кои спонтано решија да направат вистински спектакл за гостите. Во еден момент Оле свирела на виолина во нејзината венчаница, додека младиот Здравковски го зел микрофонот. Тие двајца заедно извеле неколку нумери, а потоа гордиот брат продолжи да ги забавува гостите на свадбата со мноштво познати поп и фолк хитови, по што добил доби голем и долг аплауз. Нека им е со среќа на младите, да се вечни и многудетни! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/ognenzdravkovski
 ]]>

Дојде братот од САД, се собра старата „естрадна екипа“: По дома може сите, а за во диско… женетиот „несуден советник“ остана дома (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dojde-bratot-od-sad-se-sobra-starata-estradna-ekipa-po-doma-moze-site-a-za-vo-disko-zenetiot-nesuden-sovetnik-ostana-doma-foto/ Mon, 25 Oct 2021 07:39:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224316

Секоја генерација си има свои естрадни ѕвезди, свои идоли, свои љубимци на публиката која расте и созрева со нив, а и тие со неа... Тие тројца тоа и се - генерација македонски поп пејачи која стануваше популарна некако во исто време. Димитар Андоновски, Дарко Илиевски, Александар Тарабунов...  Во исто време  се појавија, се пробиваа, учествува по разни фестибвали., манифестации, музички натпреварувања и доам и надвор од Македонија, почнаа да редат хитови, прават албуми, снимаат спотови, освојуваат награди... Се' додека животните и професионални патишта не ги рапрснаа на различни страни, па некои од нив се иселија од земјава, како Дарко Илиевски кој се ожени за ќерката на македонската ДЈ легенда Славе Келешоски и остана да живее во САД, а музиката речиси и ја батали. Димитар Андоновски исто така вплови во брачните води и се вреати во родната Битола, а и тој како и Дарко стана и сопруг и татко, почна да работи и друга професија, и се придружи на групата „Тајфата“ со која настапува, а на овие локални избори реши да се обиде и во политиката како кандидат на советничката листа на СДСМ во Битола, но не успеа сцената да ја замени со општинската говорница и советничката фотелја. Александар Тарабунов и понатаму е музички најактивен, снима, сега и микса и продуцира, има неколку нови песни и видеа и среде корона пандемија... Кога на тројцата „стари музички мускетари“ ќе им се придружи најмладиот, надежната македонска „Гранд ѕвезда“ од семејството Џорлеви, младиот Огнен Здравковски, музичкото „триото-фантастико“ станува „квартет од соништата“, овој пат собран крај софрата! И тоа во домашна атмосфера, на гости кај „несудениот општински советник“ во Битола. Братот Дарко дојде од САД, па време беше да се седне... Сите заедно на едно видување за потсетување на старите добри времиња и она што носи денешнината, секако со богато мезе и по некоја пијачка, по дома. А кога ќе се собере екипата добро позната стара, неизбежна е песна и гитара за уште подобра домашна атмосфера, во која свој тон ќе даде и најмалиот Огнен, како „ново дете“ во тимот за уште подобар штимунг. И кога сите чинии и чаши ќе се испразнат и сите драги песни ќе се испеат, доаѓа време за второ полувреме. Екипата се сели во друга сфера, од домашна во клубска атмосфера. Колку за потсетување на младоста на оние малку постарите и одржување на формата на помладиот и неженетите. Арно ама, како што може да се забележи по споделените фотографии на социјалните мрежи, „на диско“ заминале само ергените, ако се смета дека и Дарко е овде дојден сам. По дома може сите, за за во диско, женетиот „несуден советник“, дали „по совет“ на младата сопруга или  причината некоја друга, останал дома! Така квартетот одново заврши како трио, како три тела - една душа, која се веселеше до фајронт! Четвртиот остана само на добриот домаќинлук и гостопримство што им го приреди на другарите, ама тоа е... Во кого душа да остане...? А, и кој да ти признае?! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/dimitarandon/ognenzdravkovski/aleksandartarabunov/ilievskidarko