огнен шапковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Mar 2023 13:28:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png огнен шапковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара ја опиша внатрешната борба во себе во – „Нијагара“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-ja-opisha-vnatreshnata-borba-vo-sebe-vo-nijagara-video/ Wed, 22 Mar 2023 06:02:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294549

По дует песната со Тара, насловена „Само ти ми фалиш“ која беше во манирот на старите диско хитови од 80-ите, Тамара Тодевска има нова песна и очигледно малку поинакви планови. Денес, среда, 2 март 2023 година една од најдобрите женски вокали не само во Македонија туку и во регионов ја промовираше во етерот  нејзината „Нијагара“. Музичка тема која е ссема поразлична од она што сме можеле да го слушнеме од Тамара во последно време. Модерна ар ен би слоу - ритмична нумера, спакувана во духот на новото време, со совршена продукција и избор на бои и звуци кои се користат во новите музички трендови. Сето тоа аранжмански стокмено, дотерано  и испеглано да звучи светски иако е наше, балканско. Музиката и стиховите се  заедничко дело на во последниве години веројатно најголемиот македонски хит-мејкер Лазар Цветковски и самата Тамара, продукцијата пак ја направил самиот Лазе што се чувствува во моќта на самиот саунд. Песната е отпеана на српски јазик, што само наговестува дека Тамара која не енепозната кај северниот сосед има намера конечно да се обиде да ја освои комшиската поп сцена. нешто што можеби требаше да проба оддамна да го направи, зашто за тоа ги има сите предуслови: Музичко - вокалните квалитети, изгледот, имиџот, контактите, сестра и Тијана... и уште многу други скриени адути неопходни за успех. Шлагот на тортата доаѓа со визуелизацијата на песната. Видеото на Огнен Шапковски и екипата на „Мелем продукција“ можеби не е сензационално, но е повеќе од ефектно и функционално и совршено соодветствува со стиховите на песната. Со визуелна симболика која ја  пренесува сета внатрешна борба, сета трпеливост и (не)одлучност, сите внатрешни стравови немири и дилеми, сите правилно и погрешно повлечени потези, сите победи и порази, погодоци и промашувања...  сето талкање од крајност во крајност. Визуелен опис на патот по трње на душата од „пеколот до рајот“, во внатрешната борба што во себе ја води секој од нас, па и самата Тамара, што на песнат и дава доза на автобиографска нота. Се' на се', ова како да наведува на некаков нов почеток, на старт на интернационална кариера на Тамара. Ако е така, нека тече како... „Нијагара“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Николче Мицевски од својата „New Era“ ви подарува уште еден музички – „Impulse“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikolche-micevski-od-svojata-new-era-vi-podaruva-ushte-eden-muzichki-impulse-video/ Thu, 08 Dec 2022 10:18:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279176

Македонскиот музичар, композитор и аранжер  Николче Мицевски има нова музикчка тема, со која  одново ја восхити неговата публика. Талентираниот битолски уметник го објави спотот за новиот трет по ред сингл „Импулс“ (Impulse), кој е симнат од „New Era“ - неговиот прв соло албум со таканаречена „World Fusion“ музика, која како што самиот ќе изјави,  отсекогаш била негова инспирација. „Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство“ -  ќе посочи Мицевски  најавувајќи го со темата „Импулс“ и  неговиот  прв солистички концерт во родната Битола, кој ќе се одржи во петок, на 9-ти декември 2022 година, каде ќе биде промовирана музиката од албумот „New Era“. „Ви го подарувам ова парче музика и видео наречено 'Impulse"! Ова е е третиот сингл од мојот албум "Нова Ера". Парче музика, импулс, вибрација, која секој ќе ја доживува на различен начин, но "Impulse" има една и единствена цел - да шири љубов и позитивна енергија. Им благодарам на Огнен Шапковски и целата екипа на 'Мелем продукција' за прекрасното видео! На  'XL студио Момироски' за врвната продукција. Благодарам на Владимир Крстев за виолината, Martin Bleki за несебичната поддршка и ангажман, Stefan O Pulos за позирањето. Благодарам на Андреј Папаз за стајлингот! Благодарам на сите кои се дел од ова видео, Ирма, Mатеј Дамчевски Сомнар, Ана, Студио Ребис, Студио Лебед, Ансамбл Студио фолклор, Теа, Јана, Јована, Мила, Ника, Илијана и сите други! Ова нека значи загревање пред концертот на 9-ти декември, петок од 20 часот во ЦК - Битола. И уште еднаш ве поканувам сите, да дојдете и да ја уживаме приказната наречена "New Era" - порачал Николче Мицевски преку својот Фејсбук профил, промовирајќи ја во етер темата „Импулс“ (Impulse), која можете да ја проследите во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Инструменталистот Јане Рафајловски ќе ви подари своевиден музички – „Превез од сништа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/instrumentalistot-jane-rafajlovski-kje-vi-podari-svoeviden-muzichki-prevez-od-snishta-video/ Tue, 04 Oct 2022 12:54:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270055

На почетокот од есента, еден од нашите најпочитувани инструменталисти Јане Рафаиловски на публиката и подари комплетно спакувано музичко и визуелно дело. „Превез од сништа“ е насловен новиот проект на Рафаиловски, проект кој повторно и според квалитетот и според тимот, ги поместува границите на невозможното на македонската музичка сцена. За него велат дека е виртуоз на инструментот и „вајар“ на тонот со висока суптилност, а за тоа говори и ова последно авторско дело, кое во музичките кулоари, веднаш после вчерашната промоција се доживува како уште еден негов проект во кој успева музиката да ја претвори во слика и во боја. Спотот е само целосно надополнување на сказалката во приказната. Музиката е на Јане Рафаиловски, аранжманот за „Превез од сништа“ го направи Дамир Имери, спотот е дело на Огнен Шапковски и неговиот тим. Проследете го видеото со своевиден музички „Превез од сништа“ на Јане Рафајловски (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Тони Зен се врати иако никаде не ни тргнал… поинаков му е – „Планот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-se-vrati-iako-nikade-ne-ni-trgnal-poinakov-mu-e-planot-video/ Sat, 09 Jul 2022 09:39:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257892

По  подолга пауза на македонската музичка сцена повторно се враќа човекот кој пред десетина години беше еден од најслушаните изведувачи. Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен, има нов сингл со наслов „Планот“ .  Во ова време – невреме за сите уметници, тој одлучи повторно да го прави она што најдобро го знае, а тоа е музиката. Ново време, нови визии, нови цели. „Целата приказна почна од поривот и љубовта за творењето. Се инспирирав од музиката и поддршката на моите пријатели и соработници Нино Васков и Ики, со кои работевме долги години. Идејата со оваа песна е дека сето она што ни било зацртано низ времето го остваруваме и прикажуваме на ваков начин, затоа што ова ни е задача и љубов од многу одамна. Се чувстувам должен кон публиката бидејќи долго време бев отсутен, ова враќање е токму за нив, инспириран од младите, но секако и од постарите артисти, музиката мора да продолжи без оглед на се. Сакам да се претставам на наш, македонски начин“ – вели Тони Зен. Музиката, аранжманот, миксот и мастерот го направија Илија Цветковски – Ики и Нино Васков, а за видео записот одговорен е Огнен Шапковски – „Мелем продукција“. Неговата агенда со настапи е веќе преполна, го очекува богата летна турнеја. Слушнете ја новата песна „Планот“  на Тони Зен и погледнете го видеото за неа: ]]>

„Некст Тајм“ го промовираа филмскиот спот за – „Кога падна на Пирина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekst-tajm-go-promoviraa-filmskiot-spot-za-koga-padna-pirina-video/ Thu, 14 Apr 2022 09:44:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246384

Популарното македонско дуо Некст Тајм ги израдува фановите со уште една преработка на стара македонска песна. За преработката на старата македонска песна „Кога падна на Пирина“, Стефан и Мартин од Некст Тајм направија уште еден филмски спот со кој ги воодушевија фановите. Преработка на песната „Кога падна на Пирина“,  вчера, 13-ти април, беше промовирана заедно со  видеоспотот за неа. Старата македонска песна ја опејува смртта на војводата и македонски револуционер Јане Сандански, а музичкиот спот на Некст Тајм е како еден вид краток филм за овој историски настан. Од коментарите на Јутјуб и Фејсбук, јасно е дека фановите го сметаат за уште едно вистинско, мало музичко-филмско ремек-дело. „Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди“ - рекоа Мартин и Стефан на промоцијата. За аранжманот на песната се погрижи маестралниот Николче Мицевски, а режисер на видеото е Огнен Шапковски, додека изработката на спотот го потпишува „Мелем продукција“. Комплетната екипа која учествувала во неговата реализација е потпишана под видеото кое можете да го погледнете во продолжение: ]]>

ВИС „Рисови“ – „Одиме на Европско првенство“ е навивачката химна на Македонија за на ЕУРО 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/vis-risovi-odime-na-evropsko-prvenstvo-e-navivachkata-himna-na-makedonija-za-na-euro-2021/ Mon, 10 May 2021 07:10:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201768

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство“ која е во изведба на групата ВИС  „Рисови“ и претставува најава на деби-учеството на нашиот национален тим на еден голем настан. Сениорскиот тим ќе биде дел од ЕП 2020 кое ќе се одржи во повеќе земји, а токму затоа направена е навивачка химна за да се крева атмосферата и еуфоријата. Македонија ќе игра во група со Холандија, Австрија и Украина, а групите се во Букурешт и Амстердам.
Во спотот, покрај дел од македонските фудбалски асови како Пандев, Елмас, Барди, Алиоски, Несторовски, Ристовски, Муслиу... се појавува и селекторот Игор Ангеловски...
...Како и многу други статисти, но и познати ликови од спортскиот, естрадниот, културниот и јавниот живот во Македонија како автомобилскиот ас Игор Стефановски - Иџе, манекенката и модел Катарина Ивановска, ТВ водителката Јана Серафимова, актерката и ДЈ-ка Елизабета Клинчаревска Младеновска, моделот и мисица Емилија Розман, актерите Тино и Атанас, малиот Јане Велковски... и  многу други.

Автори на музиката и текстот се Саше Љолес и Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“, кои ја изведуваат песната како дел од групата „ВИС Рисови“, заедно со Никола Бочваров, Танче Гроздановски и Слободан Хаџи-Илиев.

Меѓу придружните вокали се и Симе Златков, Дени Крстев и Васко Атанасовски, сите дел од скопската урбана музичка сцена.

Режисер на спотот е Огнен Шапковски.   Како изгледа спотот на навивачката химна, погледнете во продолжение... https://www.youtube.com/watch?v=4jlYbUoFn9k  ]]>

Лара Иванова како Алиса во земјата на чудата во – „За нас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-kako-alisa-vo-zemjata-na-chudata-vo-za-nas-video/ Mon, 21 Sep 2020 10:40:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167844

Овој викенд, 18 и 19 септември 2020 год. на плоштадот „Слобода“ во Штип под ведро небо се одржа јубилејното 35-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“, каде свое учество зеде младата пејачка Лара Иванова со темата „За нас“. Изведбата на песната беше поздравена со огромни овации, по што наградата за најдобар аранжман токму за оваа композиција замина во рацете на нејзиниот автор и продуцен, Иле Спасев. За текстот на прекрасната балада се погрижи Робин Зимбаков. Додека траеше самата манифестација, видео записот за „За нас“ доживеа своја премиера уште истата вечер, каде магијата на приказната ја заокружи режисерот Огнен Шапковски. Инаку, ова е нејзино второ појавување на сцената на „Макфест“, по минатогодишното учество. https://www.youtube.com/watch?v=ROVHthGpWHc]]>

„Некст Тајм“ на нова прошетка низ македонската музичка историја со преработката на „Прошета се Јовка кумановка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekst-tajm-na-nova-proshetka-niz-makedonskata-istorija-so-promocijata-na-prosheta-se-jovka-kumanovka-video/ Sat, 12 Oct 2019 10:37:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112215

Дуото Некст Тајм во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи песната „Прошета се Јовка кумановка“. Вечерта на празникот „11 Октомври“ 2019 година, истата и официјално беше претставена со видео запис во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во чест Денот на македонското востание. Станува збор за уште една одлична преработка на стара македонска песна, која имате прилика да ја слушнете во едно ново и поинакво руво, чиј нов аранжман повторно го потишува Николче Мицевски, а песната е снимена во студиото ХЛ на Дејан Момироски кој стои и зад миксот на песната. Нејзината филмска визуелизација е во вид на уште еден одличен видеоспот кој одново го режираше Огнен Шапковски, чии се и колорот и монтажата на спотот, додека зад камерата како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров, а сето тоа под капата на „Мелем продукција“. Со „Прошета се Јовка кумановка“ близнаците Мартин и Стефан Филиповски ја продолжуваат приказната од нивните последни музички проекти, каде  преработија неколку стари македонски традиционлани песни како „Нешто ќе те питам бабо“, „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“. https://www.youtube.com/watch?v=Cclx-3UwUH8]]>

Приказната за „Јовка кумановка“ е новата преработка на „Некст тајм“ https://arhiva.vistina.com.mk/prikaznata-za-jovka-kumanovka-e-novata-prerabotka-na-nekst-tajm/ Sat, 05 Oct 2019 09:41:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111026

По многубројните настапи низ Македонија и турнејата низ соседна Бугарија,  Мартин и Стефан Филиповски од братското дуо „Некст Тајм“, изминатиот период работеа паралелно и на нивниот најнов музички проект. Станува збор за уште една одлична преработка на стара македонска песна односно нивно музичко видување на приказната насловена „Прошета се Јовка кумановка“, која ќе имате прилика да ја слушнете во едно ново и поинакво руво. Промоцијата на песната чиј нов аранжман повторно го потишува Николче Мицевски и нејзината филмска визуелизација во вид на видеоспот кој одново го режираше Огнен Шапковски, ќе се одржи на 11 октомври во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово. „Горди сме што со оваа обработка заедно ќе заокружиме 500 години Куманово и веруваме дека Македонија повторно ќе ужива во уште една наша обработка!!! Очекувајте не !!!“ - напишале близнаците на својот Фејсбук профил во објавата и поканата за промоцијата на новиот проект.]]>

Гуру Харе и Аки Рахимовски – заедничка соработка во „Мајко“ https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-i-aki-rahimovski-zaednichka-sorabotka-vo-majko/ Tue, 14 May 2019 13:31:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87851

македонскиот гитар блуз мајстор Игор Атанасовски - Гуру Харе сними заедничка песна со легендата на екс ЈУ и регионалната рок сцена, нашиот Аки Рахимовски - вокалистот на култните „Парни Ваљак“.
„Песната настана спонтано, во една дружба, без многу договорање и планирање, и е наблиска до некој македонски блуз. Аки сѐуште го сочувал правилниот и убав македонски јазик и ја испеа песната токму така. Многу пријатно се изненадив а Дики Тавитјан направи одличен аранжман, токму онаков каков што замислував“- вели Гуру Харе, автор на музиката и на текстот на песната а Диран Тавитјан ја продуцираше. Спотот премиерно ќе се прикаже во емисијата „1 на 1“, на 19 мај, а Харе ќе ја раскаже комплетната приказна за соработката и за дружењето со Аки.
Во видеото се појавуваат тој и Аки во неформална дружба и во работна атмосфера, а приказната ја доловуваат и актерите Виолета Шапковска, Сеад Хаџиќ, Милан Тоциновски и Јан Теодоров. Спотот е во режија на Огнен Шапковски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров а го изработи „Мелен продукција“.
]]>