огнен неделковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 Mar 2023 14:06:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png огнен неделковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Урнебесна хит комедија за сите во театарот во Штип: „Обвинителка“ со Лидија Вукиќевиќ https://arhiva.vistina.com.mk/urnebesna-hit-komedija-za-site-vo-teatarot-vo-shtip-obvinitelka-so-lidija-vukukevik/ Wed, 15 Mar 2023 14:03:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293588

Во претставата се зборува на македонски и српски јазик. Урнебесна хит комедија за сите, ивент на Н.У. Центар за култура "Ацо Шопов" Штип и Театар Штип Оваа комедија е копродукција и размена на уметници од Македонија и Србија. Главната улога во оваа урнебесна комедија ја игра мега популарната актерка од бившите Ју простори Лидија Вукиќевиќ, која е позната по серијата ,,Бољи живот", ,,Жикина династија" и уште многу други тв и театарски улоги. Спојот на уметници и соработници од двете држави треба да се зајакне, културата обединува, а преку хит комедијата ,,Обвинителка" ќе го прикажеме пред публиката кај нас и во регионот тоа. Како е да се работи во обвинителство? Како е да се биде обвинителка? Како е да се биде обвинет? Како да се спасиш од обвинение? Тоа се дел од прашањата кои ќе бидат одговорени низ урнебесните комични ситуации во претставата. ПРЕМИЕРА: 29.03.2023 (среда) - Народен театар Штип / Почеток: 20:00 часот Резервации: 070 729 430 / 071 394 517 / 077 533 668 / 070 933 002 https://nuckacosopov.com/kupi-bilet/ Автор: Огнен Неделковски Режија: Сашо Ристовски ИГРААТ: Лидија Вукиќевиќ - гостинка од Србија Магдалена Ризова - Черних Сашо Ристовски Костими: Елена Лука Сценографија: Крсто Богојевски Музика: Мишел Трајковски]]>

Сале – СРВ за „скршените срца“ на заљубените чиј свет се урива пред „двете лица на љубовта“ во рок баладата – „Зошто да ти верувам?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-srv-za-skrshenite-srtsa-na-zalubenite-chij-svet-se-uriva-pred-dvete-litsa-na-lubovta-vo-rok-baladata-zoshto-da-ti-veruvam-video/ Thu, 16 Feb 2023 06:30:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289187

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, по последните свои песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, има нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар ја промовира својата рок блада насловена „Зошто да ти верувам?“ Останувајќи доследен на својата музичка определба, македонскиот рокер овој пат лириката во љубовните стихови напишани заеднички со стариот проверен лиричар Огнен Неделковски ја преточил во балада за „скршените срца“ на заљубените чиј свет се урива пред „двете лица на љубовта“. Аранжманот на песната го потпишува Драган Ристовски во чие студио е и снимена песната. Продолжувајќ ја старата традиција дел од големите музички ѕвезди со кои како менаџер Сале -Рокер работи при договарање и организација на нивните настапи низ Македонија, тие да му гостуваат на неговите песни и овој пат уште едно големо музичко име од регионот се појавува како дел од овој проект. Имено, легендарниот лидер и гитарист на култната хард рок група „Дивље Јагоде“, Зеле Липовача ги свири гитарските делници на песната, во која неговата препознатлива гитарска боја и начин на свирење оставаат дополнителен личен печат.  Песната, покрај македонската има и српска верзија, насловена како „Кад су речи ратници“   чиј српски текст е дело на Сефо Дуративиќ, инаку член на придружниот бенд на Ален Исламовиќ. Песната е визуелизирана со едноставно студиско видео прошаранао со инсерти на прошетката на една љубовна двојка во Градскиот парк во Скопје, а неговата реализација повторно ја потпишува ДРД студио, односно Драган Ристовски како камерман и монтажер на спотот. Како сето ова спакувано звучи и изгледа во рок баладата „Зошто да ти верувам“ на Сале-СРВ, проследете од видеото во продолжение(КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Бојана Скендеровски објасни што бара од мажот во -„Ми треба“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bojana-skenderovski-objasni-shto-bara-od-mazot-vo-mi-treba-video/ Mon, 19 Dec 2022 07:44:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280543

„Ми треба“ е насловот на новата песна на Бојана Скендеровски, со која таа реши да ја заокружи музичката приказна што годинава во јануари започна да ја раскажува со темата „Зад завесите“, па преку „Среќа и несреќа“ ја продолжи со „Сонце меѓу сенките“. Станува збор за ведра, весела тема со, како што вели Бојана, труби – композиција каква одамна посакувала. Песната веќе стандардно кога е Бојана во прашање ја има во две верзии – македонска и српска (српската е со наслов „Докажи“). Комплетен автор е Саша Милошевиќ – Маре, додека за препевот се погрижи Огнен Неделковски. Видеото, пак, е работено под режисерската палка на Александар Ристовски – Принц, а по сценарио на Васко Скендеровски. Дел од видеото освен Бојана се и многу јавни личности и нејзини драги пријатели. Така, главните улоги ги имаат водителките Маријана Станојковска и Ведрана Ѓорѓевиќ, заедно со актерот Зоран Љутков, а гостуваат и Миле Кузмановски, Ферус Мустафов, Мики Црнокрак, фудбалерот Александар Васовски, Јелена, Ива и Вики… Текстот е феминистички, па затоа песната им ја посветувам на сите жени, мајки, кралици, кои се издржливи, силни и точно знаат што сакаат во животот. Оваа година сакада ја заокружам со една моќна и ведра песна која ќе ги размрда сите, затоа што сите заслужуваме малку забава, уживање и позитивни мисли“,вели Бојана. На синоќешната промоција Бојана освен што на јавноста ѝ ја претстави новата песна, откри дека со исто темпо продолжува и во следната година, како и дека веќе се работи на дует со колега од соседството, но и дека ќе работи на тоа да си ја оствари желбата за солистички концерт. Што тоа на Бојана Скендеровски и треба , што бара во љубовта од мажот, проследете во „Ми треба“ во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Благој Блаж Маротов има нова песна во која можеби ќе се пронајдете и вие – „Лаго моја“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/blagoj-blaz-marotov-ima-nova-pesna-vo-koja-mozebi-kje-se-pronajdete-i-vie-lago-moja-video/ Fri, 21 Oct 2022 11:17:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272452

Познатиот македонски музичар, композитор и пејач Благој Блаж Маротов деновиве промовираше  нова песна. Откако лани летото го промовираше својот последен албум насловен како „Среќа барам“ на која работеше две години,  музичарот годинава одново е активен. Новата песна носи наслов „Лаго моја“ и во неа уметникот ги демонстрира сите свои музички и авторски способности, како и свиречката виртуозност. Станува збор за уште една негова песна, на која тој е потпишан како автор на музиката, аранжманот, продукцијата и секако негова е изведбата, а свири “живи инструменти” како гитари, бас, клавир и самиот ги пее придружните вокали. Стиховите се дело на стариот добро проверен мајстор на лириката, текстописецот Огнен Неделковски. „Текстот на Огнен го имав уште на почетокот на пандемијата, ама поради редот на нештата и работата на многу други обемни музички материјали, пред се албумот со забавни песни “Среќа барам” и албумот со етно преработки “Класика М”, оваа песна почека и редот на “Лаго моја” и дојде сега. Малку е во во изменет стил, за разлика од првата сосема различна верзија, но сепак на мое и на задоволство на Огнен. Во песната учествува и мојот колега професор Петар Колевски на кларинет. Мастерингот го направи Диџеј Партимен“ - открива авторот и изведувач. И спотот е снимен според негова идеја и замисла. „Во спотот се користени материјали од преубавиот “Ресорт Портонови” во близина на Херцег Нови, и некои скопски локации, како “Хантерс Лоуџ Камник”, Градски парк, Автокоманда… Во спотот како мои гости се појавуваат и Дамјан Ѓоргиев и Петар Колевски“ - вели Блаж промовирајќи ја новата песна која овој пат е отсвирена во џезиран поп - свинг манир. Како звучи „Лаго Моја“ на Блаж Маротов, проследете во видеото за песната во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Марија Цветановска македонската забавно-музичка сцена ја обои во нова боја со фестивалската балада – „Засекогаш твоја“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-cvetanovska-makedonskata-zabavno-muzichka-scena-ja-oboi-vo-nova-boja-so-festivalskata-balada-zasekogash-tvoja-video/ Thu, 13 Oct 2022 06:29:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271189

Марија Цветановска има 18 год и доаѓа од Битола. Со пеење се занимавам од  свои 8 години. Годинава ја  започнувава и својата соработка со познатиот композитор Григор Копров, кој воедно е автор на нејзината нова песна „Засекогаш твоја“. Песната беше создадена за потребите на настапот на марија на фестивалот „Охрид Фест 2022“ на кој  оваа млада пејачка ја добива и наградата за најдобра интерпретација. На музиката од Григор Копров, аранжман на песната направил  Владимир Дојчиновски Дојчин, а текст го напишал на Огнен Неделковски... Се' на се'  екипа познати, признати и проверени мајстори на својот занает што  направија оваа песна во старт да биде гарантиран хит. Периодов беше снимен и спотот за ,„Засекогаш твоја“ кој го реализирал Виктор Апостоловски, а дрон камерата ја управувал  Саше Богоевски, додека машката главна улога во видеото ја има Симеон Тасев. Спотот е снимен на повеќе локации во околината на Битола, ресен и Преспа, а официјално беше промовиран деновиве на Јутјуб. „Благодарност до целиот тим кој стои позади овој голем проект, се надевам песната ќе добие добри критики и ќе биде прифатена од јавноста, а очекувајте уште многу нови проекти и добри хитови“ - порачува Марија информирајќи дека веќе следниот викенд ќе настапува и на најреномираниот македонски фестивал на забавна музика „макфест 2022“ во Штип. Во меѓувреме проследете ја визуелизацијата на песната од „Охрид фест 2022“ на Марија Цветановска, насловена „Засекогаш твоја“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Младиот дует „Гранд ѕвезди“, Алекс и Белма со српска верзија и видеоспот за наградената песна на „Охрид фест“ – „Воли ме ко себе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladiot-dute-grand-dzvezdi-aleks-i-belma-so-srpska-verzija-i-videospot-za-nagradenata-pesna-na-ohrid-fest-voli-me-ko-sebe-video/ Mon, 03 Oct 2022 11:59:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269786

Еден месец по завршувањето на фестивалот „Охрид фест 2022“, песната „Глупаво е да си сам“ која ги освои сите симпатии и освои две награди доби и српска верзија, како и свој видеозапис. Фантастичното македонско-босанско „Гранд“ дуо од соништата: Александар Јосифовски - Белма Хасанефендиќ ја снимија „Воли ме ко себе“, на музиката на Горан Шарац, за која стиховите одново го напиша македонскиот лиричар Огнен Неделковски, а песната премиерно својата промоција ја доживеа викендов на Јутјуб каналот на „Гранд продукција“. Спотот го режирал талентираниот Кристијан Љушев, кој решил да снима во Охрид и Скопје и успеал на многу оригинален начин да ги пренесе возбудата, енергијата и заразниот ритам. Веројатно и не му било многу тешко да ја оствари задачата, зашто Александар и Белма се еден од оние дуети кои се создаваат спонтано и остануваат запаметени за цел живот. Инаку, додека се промовира оваа песна, Александар ќе настапува низ САД како специјален гостин на американската турнеја на Лепа Брена, а  наскоро ќе има своја турнеја низ Америка и Австралија, каде што неговиот бенд ќе го придружува на настапите. Во меѓувреме уживајте во видеото за „Воли ме ко себе“ на Александар и Белма (Кликни ТУКА): ]]>

Ова е видеото за навивачката химна посветена на ракометарите пред ЕП 2022 – „Европско од сон“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-videoto-za-navivachkata-himna-posvetena-na-rakometarite-pred-ep-2022-evropsko-od-son-video/ Fri, 31 Dec 2021 10:02:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233334

„Фудбалерите имаат неколку свои химни, а ракометарите не! А нели ракометот е најуспешниот и најсаканиот спорт во Македонија?! Па, зошто македонскиот ракомет да нема своја Химна?! Сметаме дека токму песната „Европско од сон“ ќе ја пополни оваа празнина и ќе биде музичко-текстуален поттик пред секој натпревар на македонските ракометни херои, а ќе се пее и при прославувањето на сите идни нивни успеси“ -  ја објаснува навувачката ракометна химна текстописецот Огнен Неделковски,  кој е идеен творец на истата, заедно со синот Филип и неговата сопруга, новинарката Соња Алексоска Неделковска. Замислата на идејните творци на проектот беше песната да ја пеат двајца вокални интерпретатори, вљубеници во ракометот и цел хор од најверните македонски навивачи од цела Македонија. Во спотот беа вклучени инсерти од снимањето во студио на песната од страна на пејачите и на навивачите, но и инсерти од нивното дружење, навивање и веење на македонското знаме. Низ соодветна динамична монтажа се вметнати повеќе незаборавни потези (голови, одбрани, додавања) на македонските ракометни јунаци, од разни натпреварувања. Во песната и спотот учествуваа навивачи од Скопје, Дојран, Струмица, Куманово, Тетово. Беа најавени навивачи од повеќе градови, но не се појавиле на снимањето поради различни причини. Во видеото се ставени нивни фотографии од ракометните трибини. Пред почетокот на ракометното ЕП 2022 каде Македонија ќе се појави во континуитет по шести пат во низа и по рекорден седми пат атмосферата се загрева и со промоцијата на новата навивачка песна наречена „Европско од сон“. ]]>

Охридскиот рокер Александар Јосифовски е на добар пат да го освои регионот со рок баладата – „Иди“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ohridskiot-roker-aleksandar-josifovski-e-na-dobar-pat-da-go-osvoi-regionot-so-rok-baladata-idi-video/ Tue, 06 Jul 2021 12:54:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209925

Охридскиот рок-пејач Александар Јосифовски ја промивораше својата прва песна на српски јазик, насловена „Иди“. Александар кој настапува со групата „French olives“, пошироката јавност го запозна по учеството во „Ѕвездите на Гранд“. Музиката на „Иди“ ја напишал самиот  Александар заедно со гитаристот Мартин Милевски, додека стиховите се дело на проверениот лирик мајстор Огнен Неделковски.   Младиот охридски пејач веќе во старт покажува дека е одличан вокал кој маестрално ја испеал оваа своја рок балада, но и пејач кој би можел да застане рамо до рамо со најголемите рок вокали во регионот и нивните славни бендови. Одличната визуелизација на рок баладата „Иди“ ја потпишува режисерот Кристијан Љушев односно „Шпанец продукција“, кои  совршено си ја завршиле работатата. Погледнете ја и прслушајте ја темата „Иди“ со која на младиот охридски рокер му претстои блескава кариера во светот на рок музиката во Македонија, а со малку среќа и добар менаџмент, секако и во регионот. ]]>

Вака Даниел Кајмакоски глуми дека сака во – „Глумим да волим“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-daniel-kajmakoski-glumi-deka-saka-vo-glumim-da-volim-video/ Wed, 30 Jun 2021 08:40:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208968

Даниел Кајмакоски е повторно актуелен… Само што сега пејачот „Глуми дека сака“!  Или поточно, така пее! „Зошто ме предаде ти, кажи ми, можеш ли барем на крајот да не ме лажеш, можеш ли…? Овој ѕид го дели мојот свет на два, во еден дел, ти, во другиот јас… Јас глумам дека сакам после тебе, зашто се плашам во срцето да го стопам мразот, јас лажам дека сакам, се лажам себе, кога друга со допир ќе ме разбуди од сонот, јас секогаш бегам“…  Вака некако отприлика одат стиховите кога Даниел Кајмакоски пее за тоа дека „Глуми дека сака“ (Глумим да волим), во најновата песна испена на српски јазик, која набргу по враќањето во Белград ја сними во студиото на „Скај мјузик“ за потребите на ТВ шоуто „Студио“, продуцирано од истата продукциска куќа, кое оди секоја сабота на првиот канал на националната РТС 1. Музиката ја напишал самиот, во текстот „како создаден за него“ преточен во стихови од маестралниот македонски лиричар Огнен Неделковски и извесна Данијела Илиќ, многумина на прва го препознаа она што Даниел Кајмаковски го доживува во себе по разводот со екс сопругата Кристина Димитриевска? Дали стиховите се „чиста случајност“ која се поклопила со реалноста, или наменски пишувани по негови кажувања како парче од неговата животна биографија, останува или авторот или самиот изведувач да се произјаснат. Судејќи по тоа дека Даниел Кајмакоски „тешко и ретко отвора душа“, останува една друга дилема: Дали пејачот е навистина толку многу погоден од разводот или „секое зло за добро е“,  па „вешто ја користи“ таа ситуација за „ревитализација“ на својата кариера!? Одговорот во првата следна прилика за интервју со Кајмакоски, кој „Глуми дека сака“… ама засега, само во песна, која звучи вака: ]]>

Роберто Поп Димитров се обидува да ја разбуди нејзината љубов во – „Разбуди се во мене“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/roberto-pop-dimitrov-se-obiduva-da-ja-razbudi-nejzinata-ljubov-vo-razbudi-se-vo-mene-video/ Mon, 22 Feb 2021 13:41:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190869

Штипскиот рокер и пејач  Роберто Поп Димитров, некогашниот вокал на штипската група „Кентаур“ станува се поактивен. Така по темата „Живот ко филм“, за која веќе напишавме дека беше едно од ретките музички освежувања што позитивно можат да ве изненадат во минатата 2020 година, еве го одново со нова песна, овој пат многу попрофесионално визуелизирана. „Разбуди се во мене“ во основа е поп-рок балада со гитарски призвук, по теркот на песните од старите добри времиња, без експериментирање со електрониката и сајзерските звуци. Едноставна, емотивна, тема кој на прво слушање нуди просторна ширина и мелодичност како во самиот звук, така и во сигурната вокална изведба, во која искусниот пејач сопствената експресија и одличните стихови на Огнен Неделковски знаел како да ги спои во единствена хармонична прегратка. Впрочем, убавината отсекогаш била во едноставноста, но никогаш не било едноставно да се најде начин таа убавина да се сподели на приемчив начин со слушателот, што на штипскиот Кентаур и вокално и музички и аранжмански, па и продукциски му оди со неподнослива леснотија. Видеото кое го потпишува Кокан Палашев и во кое покрај пејачот женската актерска улога ја има Весна Дуева само визуелно ја дополнува звучната слика, како одраз на емотивната состојбата на, за љубов жедната душа, која ја опишуваат стиховите, но ја доловува и целата атмосфера на темата  „Разбуди се во мене“, која буди трперливи емоции кај секој што ќе ја слушне и ќе го погледне спотот. „Песната е само дел, парче албумот со наслов 'Смртник'  кој е снимен во 2020/2021 година во моето студио Кентаур Продукција, каде работам повеќе од 10 години и во кое издадов повеќе албуми и песни од различни стилови: од  рок и хеви метал, рнб, хип хоп... со различни уметници од Македонија, Грција, Словенија, Бугарија“ - вели Роберто и додава:  „Конкретно на целиот албум има мало експериментирање и аранжмански и стилско со нојот матичен гранџ стил и модерен хип хоп, рнб звук... Направив мешавина што може ќе и се допадне напубликата, која сепак го има последниот збор. Во моментов, иако во ситуацијата на коронапандемија работам на неколку проекти“ - порачува Поп Димитров канејќи ве да го проследите и ова негово музичко парче. https://www.youtube.com/watch?v=dYxyvf-OzCM]]>