оган да го гори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Jun 2023 10:51:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оган да го гори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ламбе со „Оган да го гори“ е првата нумера од пректот „Македонијо во срце те носиме“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/lambe-so-ogan-da-go-gori-e-prvata-numera-od-prektot-makedonijo-vo-srtse-te-nosime-video/ Mon, 12 Jun 2023 10:45:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305886

„Оган да го гори“ во изведба на Ламбе Алабаковски е првата од предвидените дванаесет нумери што јавноста ќе има можност да ги чуе како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“. „Оган да го гори“ е песна со потписите на две фолк легенди Војо Стојаноски, како автор на музиката, и Гоце Николовски, кој го потпишува текстот. Аранжманот е на Николче Мицевски, кој со огромна одговорност застана пред предизвикот да напише нови аранжмани за сите 12 композиции. „Гоце Николовски е мојот омилен пејач и од детството имав желба да препеам некоја негова песна, со овој проект оваа моја, дамнешна желба конечно станува реалност. Горд сум што сум дел од „Македонијо во срце те носиме“, горд сум што ја отпеав „Оган да го гори“, вели Ламбе. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот, во чии рамки се преработени меѓу најубавите македонски патриотски песни, стои Скендеровски продукција. Идејата за реализацијата на проектот во кој на едно место се собрани 12 песни, 12 изведувачи, а со единствена цел - во овие турбулентни времиња кога често сме негирани како народ кој има своја историја, свое творештво, песни во кои се крие вистината на нашата земја – е да се возобноват најубавите македонски патриотски песни, да им се продолжи векот и да ги приближиме до младите генерации. Освен Ламбе меѓу изведувачите се и Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“ ... Во склоп на проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци. Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас. Уживајте во изведбата на Ламбе Алабаковски: ]]>

Сања Ристеска свечено, патриотски и со гордо срце ја преработи – „Оган да го гори“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-risteska-svecheno-patriotski-i-so-gordo-srce-ja-preraboti-oan-da-go-gori-video/ Wed, 14 Sep 2022 10:33:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266865

Пејачката Сања Ристеска, која во моментов е една од најпопуларнитепејачки  на нашата фолк естрада. Водена од љубовта кон македонската традиционална песна, направи извонредна преработка на песната “Оган да го гори”, оригинално изведена од доајенот на македонската народна музика Гоце Николовски, чиј автор на музиката и текстот е самиот тој.   Песната е премиерно изведена 1992 и по цели 30 години и уште 3 преработки од врвни македонски пејачи, како група Бисер, Војо Стојановски и Сузана Спасовска, ја добива и оваа модерна верзија. Спотот е снимен во Крушево и е во продукција на “Арт студио” и BalkanMusicTv, аранжманот го направи Дејан Момировски (XL Studio), а дополнителна празнична и впечатлива музичка нота дава познатиот Џељо Дестановски со своите зурла и кавал. “Верувам дека ќе ве направам горда и ќе го зачуваме духот на македонската песна сите заедно” – изјави Сања Ристеска задоволна од реализацијата на целиот нов музички проект. Со констатацијата дека во овие турболентни времиња во кои опстанокот и идентитетот на татковината и македонскиот народ се брутално  загрозени, на Македонија и тоа како и се потребни вакви исклучително патриотски настроени  уметници, кои и во иднина низ своите песни ќе продолжат да ја негуваат традицијата на македонската народна музика и обичаи, кои се нераскинлив дел од идентитетот на еден народ. Проследете како звучи изгледа најновата верзија на „Оган да го гори“ во изведба на Сања Ристеска (КЛИКНИ ТУКА), која премиерно беше промовирана за Денот на независноста,  8-ми Септември, годинава: ]]>