офсајт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Mar 2018 18:46:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png офсајт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вера Мештеровиќ и Игор Кралевски се разведуваат: Љубовта на манекенката и фудбалерот – во офсајт! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vera-meshterovikj-i-igor-kralevski-se-razveduvaat-ljubovta-na-manekenkata-i-fudbalerot-vo-ofsajt-foto/ Fri, 02 Mar 2018 08:42:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14520

Некогашната Мис на Македонија, манекенка и модел  Вера Мештеровиќ и екс фудбалерот на повеќе клубови во земјава и странство, меѓу кои и скопски Металург и сплитски Хајдук, Игор Кралевски, по една деценија брак се разделија.
Имено, мисицата си ги собрала куферите и заедно со децата се отселила од нивниот дотогашен заеднички дом уште пред Нова Година, а во моментов  во тек се судските рочишта врзани со разводот.
Како што пишуваат македонските портали, веста за разводот ја потврдила и самата Мештеровиќ, но не сакала да ги коментира причините, потенцирајќи дека нема намера да прави сензација за народ и спектакл за медиуми на сметка на својот приватен живот.
Таа моментално работи како бренд амбасадор на една македонска модна куќа и рекламира нокти и препарати за нега на кожа и лице.
Од бракот двојката ги има синот Андреј и ќерката Јована, додека фудбалерот од првиот брак во Хрватска зад себе го има и синот Теодор, кој живее со мајка му во Сплит.
За разлика од Вера, Игор кој сега работи како тренер со младите категории на ФК Вардар, кусо изјавил:  „Сфативме дека подобро ќе биде да се разделиме пријателски. Животот продолжува понатаму“  - пренесуваат некои од македонските портали
Вера Мештеровиќ пред да влезе во брак важеше за една од најпосакуваните девојки од таканаречениот „скопски крем“, додека пак Кралевски, особено додека се' уште беше активен играч го поврзуваа со неколку познати македонски девојки, јавни личности од светот на естрадата.
При тоа чаршијата му ја лепеше етикетата на фудбалски „Дон Жуан и боем“  кој во кафулињата и дискотеките минува исто толку време, колку и на тренинг на фудбалскиот терен. Како и да е, љубовта на бившата манекенка и бившиот фудбалер, сега исто така е... бивша! Љубов во офсајт!
 
]]>