офицерски дом – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Nov 2022 12:15:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png офицерски дом – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Саем на креативни индустрии“ во Офицерски дом во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/saem-na-kreativni-industrii-vo-oficerski-dom-vo-bitola/ Tue, 22 Nov 2022 12:15:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276969

Саем на креативни индустрии – Место за вашите креативни идеи!

Офицерски дом – 23/11 од 11.00 – 19.00 ч.

Станува збор за настан каде што ќе ги претставиме креативните индустрии, на едно место, во еден изложбен простор за да го прикажеме нивниот потенцијал и што се креативноста може да создаде. На саемот ќе изложуваат повеќе претставници од креативните индустрии од Битола и околината и тоа мода, уметност, музика, дизајн, видео игри, филмови, аугментирана реалност, гастрономски производи, уникатни креации, литература и повеќе.
Може да присуствуваат сите заинтересирани групи ученици, а влезот е бесплатен. Фокусот е пред се деца и млади и е од едукативен карактер.

Сметаме дека би било интересно сите деца да го проследат настанот на кој ќе има многу изненадувања за нив и ќе бидат анимирани од самите изложувачи со кусо претставување на производите што се презентираат, велат организаторите.

]]>

Отворен ден во „Офицерски дом“ – Битола и богата културна програма овој викенд https://arhiva.vistina.com.mk/otvoren-den-vo-oficerski-dom-bitola-i-bogata-kulturna-programa-ovoj-vikend/ Fri, 04 Nov 2022 14:05:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274467

Како дел од одбележувањето на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, утре во Офицерскиот дом ќе има отворен ден за сите граѓани и посетители. „Вратите на Офицерски дом, ќе бидат широко отворени за сите посетители, кои ќе можат да слушнат за историјата на Офицерски, да ја разгледаат внатрешноста и изложбите како онаа на Благој Мицевски – „ОпераДрамаБалет“- костими и фотографии“ во Кристалната сала,„Звукот на Битола“- посебно мултимедијално доживување во Свечената сала, репрезентативната поставката на „Битолска современа уметност“ во Западната Галерија, да уживаат во музичкиот маратон „Со љубов за Битола“, да ја дознаат историјата на музиката во нашиот град преку книгата „Музика“ на Александар Стерјовски или едноставно да прошетаат и да уживаат во убавината на нашата гордост Офицерски дом. Изборот е Ваш, а ние сме тука да го направиме Вашиот престој попријатен“ -  велат оттаму. Воедно, овој викенд КИЦ Битола е средиште на бројни културни нстани и случувања. ]]>

Офицерскиот дом во Битола повторно ги отвора вратите за посетителите https://arhiva.vistina.com.mk/225858-2/ Wed, 03 Nov 2021 13:25:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225858

Офицерскиот Дом во Битола, што скоро една деценија беше затворен и надвор од употреба, вечерва повторно ги отвора вратите за уметниците и публиката, за гости и туристи, за љубопитни и инспиративни посетители. За Офицерскиот Дом во Битола пишувале хроничари, аналитичари, историчари, поети и писатели, новинари и фоторепортери, и затоа богата е историографијата на овој репрезентативен објект, палата, непроценливо архитектонско здание, старо повеќе од 1 век. Темелите на Офицерскиот дом во Битола се поставени во 1909 година, според тогашниот обичај „Давање Курбан“ од страна на Абдул Керим Паша, ктитор на објектот. Офицерскиот дом има визба, приземје, кат и галерија, а за ликот на објектот најголемо влијание имале архитекти од Австрија и Италија кои граделе со поддршка на познати мајстори од селото Смилево. Зградата на Офицерскиот дом е поставена на површина од над 600 квадратни метри и ја опкружува прекрасен парк која денес се именува како двор со површина од 18.532 метри квадратни. Според тогашниот план, во непосредна близина на Офицерскиот дом кој се наоѓа на Широк Сокак, на северната страна изградена е чешма која годинава е возобновена. Според хронологијата на сопствеништво Офицерскиот Дом во Битола често ги менува сопствениците и името. Во 1932 година Офицерскиот Дом е впишан како имот на Министерството за Морнарица, а во 1972 година преминува во сопственост на Државната служба за народна одбрана, односно ДСНО-Белград. Во 1976 година се врши промена на дејноста со можност за реализација на културни дејности, а сопственик станува Секретаријатот за народна одбрана во Белград. На 5 декември 1977 година Завод за заштита на споменците на културата, природните реткости и музеј – Битола носи Решение со кое се утврдува својството на споменик на културата на Домот на ЈНА во Битола. Во тој период високите воени функционери, офицери…организирале забави, од тоа време датира и познатиот „Син Бал“, но и други културно забавни настани за „привилегираните“ кои биле чести гости во Офицерски. Првиот официјален документ поврзан со сопствеништвото и заштитата на Офицерскиот Дом во Битола или само Офицерски, се донесува во 1993 година кога објектот се заведува како Државна сопственост на Република Македонија, а корисник Министерство за одбрана, подрачна единица во Битола. Во 2013 година со одлука на Владата на Република Македонија, Офицерскиот дом повторно се става во функција на општина Битола како корисник, а паркот се внесува како двор. Во меѓувреме, владината одлука со нова одлука престанува да важи, а на 15 март 2016 година, повторно со одлука на Владата објектот се дава во сопственост на општина Битола. Таа одлука важи и денес. Реконструкцијата на овој архитектонски бисер траеше четири години, а вечерва ги отвора своите врати. На денот на празникот на градот ќе биде доделено највисокото општинско признание, наградата за животно дело „4 Ноември“ која годинава му припадна на доајенот на македонското глумиште, актерот Петар Мирчевски.]]>