OFFest – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 May 2021 10:45:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png OFFest – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јубилејниот 20. OFFest одложен за ноември https://arhiva.vistina.com.mk/jubilejniot-20-offest-odlozen-za-noemvri/ Fri, 07 May 2021 10:45:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201727

Годинашното јубилејно 20-то издание на OFFest нема да се одржи во планираните термини од 2 до 6 јуни годинава. Како што соопштуваат организаторите во соопштение, единствена причина за одложувањето на веќе подготвената фестивалска програма е доцнењето на договорот и придружната документација, (а со тоа и благовремената исплата на неопходниот аванс) од Министерството за култура. -Ова е прв ваков случај во историјата на OFFest, како и на постариот Скопски џез фестивал, на кој искрено се надеваме дека нема да му се случи нешто слично. Новите термини на OFFest се 9-13 ноември 2021. Фестивалот, годинава со значително скратен буџет, во најголем дел ќе ја зачува веќе подготвената програма, првично предвидена за реализација во јуни, со истото планирано фестивалско отворање – концертот на модерниот фадо дует Lina_Raül Refree, колаборативен проект на португалската фадо дива Lina Rodrigues и популарниот шпански артист Raül Refree, еден од најбараните и најиновативните светски продуценти во моментов, наведуваат од Скопски Џез Фестивал.
Овој проект, кој лани кулминираше со албумот „Lina_Raül Refree“ (Glitterbeat), своевидна модерна посвета на музиката на големата фадо легенда Amália Rodrigues, се посочува, беше оценет од критиката како еден од клучните настани на светската музичка сцена во 2020 година. Во рамки на првата фестивалска вечер на OFFest 2021 ќе биде прикажан и документарниот филм “The Art of Amália”, посветен на кралицата на португалското фадо Amália Rodrigues. извор: Курир.мк]]>

Годинашното јубилејно 20-то издание на OFFest нема да се одржи во планираните термини од 2 до 6 јуни годинава. Како што соопштуваат организаторите во соопштение, единствена причина за одложувањето на веќе подготвената фестивалска програма е доцнењето на договорот и придружната документација, (а со тоа и благовремената исплата на неопходниот аванс) од Министерството за култура. -Ова е прв ваков случај во историјата на OFFest, како и на постариот Скопски џез фестивал, на кој искрено се надеваме дека нема да му се случи нешто слично. Новите термини на OFFest се 9-13 ноември 2021. Фестивалот, годинава со значително скратен буџет, во најголем дел ќе ја зачува веќе подготвената програма, првично предвидена за реализација во јуни, со истото планирано фестивалско отворање – концертот на модерниот фадо дует Lina_Raül Refree, колаборативен проект на португалската фадо дива Lina Rodrigues и популарниот шпански артист Raül Refree, еден од најбараните и најиновативните светски продуценти во моментов, наведуваат од Скопски Џез Фестивал.
Овој проект, кој лани кулминираше со албумот „Lina_Raül Refree“ (Glitterbeat), своевидна модерна посвета на музиката на големата фадо легенда Amália Rodrigues, се посочува, беше оценет од критиката како еден од клучните настани на светската музичка сцена во 2020 година. Во рамки на првата фестивалска вечер на OFFest 2021 ќе биде прикажан и документарниот филм “The Art of Amália”, посветен на кралицата на португалското фадо Amália Rodrigues. извор: Курир.мк]]> „OFFest“ продолжува со уште два концерти https://arhiva.vistina.com.mk/offest-prodolzuva-so-ushte-dva-koncerti/ Wed, 04 Nov 2020 13:18:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174549

По фантастичниот концерт на импресивната Silvia Perez Cruz, се најавуваат уште две фестивалски вечери на 19-то издание на  „OFFest“. Продолжувајќи ја традицијата на претставување на домашната сцена на  „OFFest“, на 7 ноември (сабота) во Макдонската филхармонија ќе настапат Добрила & Дориан Дуо и „Баклава“. На 10 ноември (вторник) истата сцена е резервирана за еден голем дует, предводен од величествениот мајстор на иранското кеменче Kayhan Kalhor, добитник на Греми и актуелен носител на специјалната награда за животно дело на Womex. Овој брилијантен музичар од курдско потекло, којшто се смета за клучна фигура во толкувањето на персиската музичка традиција, во Скопје ќе настапи во придружба на турскиот виртуоз на инструментот баглама Erdal Erzincan. Влезниците за овие две вечери на  „OFFest“ 2020 се веќе во продажба преку продажната мрежа Mktickets.
]]>