оффест 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 May 2018 09:00:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оффест 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Време е за „Оффест 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/vreme-e-za-offest-2018/ Sun, 27 May 2018 21:00:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28665

Новото, 17. по ред издание на фестивалот „ОФФест“ ќе се одржи од 31 мај до 5 јуни. Програмата и годинава вклучува актуелни и врвни имиња од Европа, Африка, САД и Австралија. Ќе се одржат десет концерти на три локации. „Џупитер и Оквес“ (Jupiter & Okwess) од Конго ќе гостуваат по втор пат, а „Фајтинг виндмилс“ (Fighting Windmills) се единствената домашна група, кои ќе се претстават со нов албум, со своја премиерна концертна промоција на „ОФФест“. „Дртмјузик“ (Dirtmusic) се ол-старс група со Крис Екман (The Walkabouts)Хуго Рејс (The Bad Seeds на Ник Кејв) и Мурат Ертел (Baba Zula), и ќе се прикажат во едно психоделично-рок издание. Автентичните „Офичина Зое“ (Officina Zoe) од Италија со својот хипнотички транс.
Од Тунис ќе гостуваат „Ифрикија електрик“ (Ifriqiyya Electrique) со шаманско-индустриски-електро ритуал. Ориентален рок со најдоброто од Турција – Гаје Су Акијол (Gaye Su Akyol) и нејзината група. Пополноќна aфро-грув забава до утринските часови со диџеј Мукамбо (DJ Mukambo) од Белгија. „Бармер бојс“ (Barmer Boys) ја продолжуваат вековната индиска музичка традиција. „Транс-Ејолијан трансмишн“ (Trans-Aeolian Transmission) ќе приредат свој специфичен аудио-видео перформанс. И за затворање на фестивалот, африканската кралица – Уму Сангаре. Најголемата африканска пејачка која доаѓа од Мали.
Во четири вечери (31 мај – 3 јуни), концертите ќе се одржат во Младинскиот културен центар. На 31 мај и на 1 јуни со почеток во 21.00 часот, а на 2 и 3 мај со почеток во 20.00 часот. Полноќната забава на 2 мај е со почеток после 24.00 часот во клубот „Епицентар“. Завршната вечер е на 5 мај во Македонската опера и балет со почеток во 20.30 часот.]]>