офф фест 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Apr 2019 12:07:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png офф фест 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Објавена програмата за „OFFest 2019“ https://arhiva.vistina.com.mk/objavena-programata-za-offest-2019/ Mon, 22 Apr 2019 12:07:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84424

Традиционалниот ОФФ-Фест, што годинава ќе се одржи (во рекордни шест дена) од 3 до 8 јуни, е сочинет од 9 настапи и еден документарен филм. Осумнаесеттото издание на фестивалот ќе го отвори, на 3 јуни во МОБ, виртуозниот дует на велшката харфистка Catrin Finch и сенегалскиот кора-мастер Seckou Keita, како и нашиот њујорчанец Крсте Роџевски, со концертна премиера на својот исклучително интересен и вреден материјал, во придружба на неговите најблиски музички соработници од првата лига на њујоршката џез сцена. На 4 јуни во МКЦ ќе се слави музиката од Мали, најпрвин со прикажување на документарниот филм “Mali Blues”, а потоа и со концертот на единствениот Bassekou Kouyate и неговиот бенд Ngoni Ba, промовирајќи го својот најнов, одлично оценет албум “Miri”. Звукот на Мали ќе одекнува и следната вечер, на 5 јуни, во МОБ, со настапот на најголемата ѕвезда на годинешниот ОФФ-Фест, атрактивната африканска дива Fatoumata Diawara. Во рамките на т.н. “Balkan Fever Night”, на 6 јуни во МКЦ, ќе се „судрат“ две големи балкански world-music атракции: неприкосновените претставници на „унгарската тамбурица“ Sondorgo и струмичкиот „фанки тигар“ Џамбо Агушев со неговиот многуброен, експлозивен и светски популарен дувачки оркестар. Претпоследната вечер (7 јуни, МКЦ) е посветена на модерната интерпретација на традиционалното, претставена низ фасцинантниот аудио-визуелен перформанс на „либанскиот одговор на Gotan Project“ – групата Love And Revenge и фуриозната електро-психоделична cumbia на Колумбијците Romperayo. Фестивалот ќе финишира на 8 јуни, во клубот Епицентар, со ексклузивен полноќен диџеј-сет на Daddy G од Massive Attack. Влезниците за OFFest 2019 ќе бидат пуштени во продажба на 23 април (вторник), а информацијата за цените и продажните места ќе биде објавена дополнително.
]]>