однесување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Dec 2023 13:05:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png однесување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Три принципи на однесување кои го отвораат патот до машкото срце https://arhiva.vistina.com.mk/tri-printsipi-na-odnesuvane-koi-go-otvoraat-patot-do-mashkoto-srtse/ Fri, 01 Dec 2023 13:25:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329604

Постојат парови кои се чини дека се лудо вљубени и после деценија љубов. Но, пред да претпоставите дека се преправаат, треба да знаете и дека постојат приказни во кои мажите и натаму се „луди“ по своите партнерки како првиот ден. Прво правило – покажете заинтересираност кон својот партнер Грижата и топлите чувства никогаш не се забораваат. Дури и доколку после раскинувањето мажот покаже страст кон некој друг, секогаш ќе споредува колку таа нова личност навистина се интересира за него. И доколку интересирањето не биде интензивно, мажот на овој или оној начин ќе продолжи да се сеќава на минатите врски. Второ правило – тоа е искреност Да се отворите и да пренесете лични чувства не е секогаш лесно, особено доколку партнерот тоа треба да го почувствува. Детски трауми, убедувања и стравови ги тераат жените да создадат улога за себе и да се преправаат дека се некој друг. Мажот не сака да гледа манипулатор покрај себе. Некои веднаш ги напуштаат таквите врски, а оние кои лошо ја препознаваат манипулацијата, веројатно ќе се „изгорат“ или ќе започнат односи кои поддржуваат детски трауми. Секој треба да покаже искреност – и мажот тоа ќе го забележи. Трето правило – да бидеш благодарен и да умееш да го покажеш тоа Стереотип е тоа дека мажот „мора“ да направи сѐ сам. Кога жената престанува да биде благодарна во односите, тоа му пречи на партнерот и тој едноставно си заминува. Благодарност – реакција која покажува дека мажот не се труди околу вас попусто, тој треба да се почувствува сакано и ценето. Емоциите поврзани со благодарноста се едни од најпријатните. И кога односите се исполнети со таква атмосфера и двајцата во нив ќе се чувствуваат удобно и пријатно. извор:курир.мк фото:freepik]]>

Ако ова го правите во врската, ви се ближи крајот https://arhiva.vistina.com.mk/ako-ova-go-pravite-vo-vrskata-vi-se-blizhi-krajot/ Tue, 03 Oct 2023 12:15:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320878

Во секоја врска има добри и лоши денови, но во некои врски лошите денови се многу побројни и почести отколку во други. Ако често се замислувате дали исчезнале љубовта и страста од вашата врска и чувствувате дека со секој изминат ден вашите односи со партнерот се сè поладни, тогаш најверојатно треба сериозно да размислите дали имате заедничка иднина. Не сте сигурни каде се движи вашата врска? Еве кои знаци укажуваат на тоа дека врската ви е во неволја: Расправиите не стивнуваат, се чувствувате како да сте во војна. Никој друг не знае освен вие, но Третата светска војна веќе се води и тоа помеѓу вас и вашиот партнер. Постојано се расправатe, дури и за најмалите и најнезначајните нешта. Иницирате кавга за тоа што ќе јадете, каде ќе излезете, со кого ќе излезете… Кавгите не се секогаш лош знак, но ако се случуваат секојдневно и ако изгледа како вие или партнерот намерно да барате игла во сено само за да можете да започнете битка, тогаш време е да се запрашате што се случува во врската. Таквите мали кавги најчесто предизвикуваат насобирање на лутина, а еден ден таа лутина неизбежно ќе експлодира. Чувствувате дека седите до странец. На почетокот на врската ви се чинеше дека можете да разговарате со денови без да сопрете. Чувствувавте дека можете да си кажете сè еден на друг и помеѓу вас постоеше блискост и поврзаност. Сега, колку и да седите блиску еден до друг, се чувствувате како да има препрека меѓу вас, исто како да има цела планина која ви ја попречува комуникацијата. Неговите „исповеди“ веќе ги нема и вие знаете сè помалку за неговиот живот. Понекогаш мажите се оддалечуваат на таков начин затоа што во нивната глава врската веќе е завршена, само не нашле начин да ви кажат. Сè поретко имате секс и сè повеќе се намалува вашето задоволство. Порано тој ве опсипуваше со бакнежи и нежни допири и се обидуваше вашето задоволство в кревет да биде максимално. Сега не само што ретко имате сексуални односи, туку и исчезнува неговата грижа за тоа дали вие сте задоволени. Се разбира, може да се работи само за период во којшто тој е оптоварен со други проблеми, па стресот ви го убива сексуалниот живот. Но, ако ова трае подолго време и ако забележите дека искрата во неговите очи исчезнала, тогаш време е за сериозен разговор. Повеќе не запомнувате што му се допаѓа за да можете да го изненадите со најдобар подарок за неговиот роденден. Во текот на првите месеци од вашата врска во главата си правевте список на работи што тој ги сака и список со работи што не ги сака за да можете да му приредувате мали изненадувања. Но, ако сега веќе не обрнувате внимание кога тој кажува какви слушалки или каков паричник посакува, тоа значи дека вашите чувства оладуваат. Доаѓа неговиот роденден, а вие купувате нешто колку да не останете без подарок. Неговите телефонски повици, SMS-и или пораки на Facebook повеќе не ве прават среќни. Се сеќавате на убавите денови кога неговиот повик или порака го забрзуваше ритамот на вашето срце? Сега добивате порака со најнежните зборови што некогаш излегле од него, а вие не можете ниту да се поднасмевнете. Со текот на времето нормално е да исчезнуваат пеперутките од вашиот стомак, но ако неговите убави зборови и комплименти веќе ништо не ви значат и ако не чувствувате потреба вие понекогаш да го направите истото, тогаш и сами можете да забележите дека вашата страст и љубов останале во минатото. Тој нема волја да ја однесете врската на следното ниво. Ако подолго време сте заедно, нормално е да сакате да разговарате за иднината и за посериозни чекори во врската: запознавање со родителите, свршувачка, брак, деца и сл. Доколку тој ги избегнува ваквите разговори и секогаш изгледа незаинтересирано кога ќе започнете да зборувате на овие теми, најверојатно не сака да ги прави тие нешта со вас. Мажите исто колку и жените сакаат да стапат во брак и да имаат деца, па тој сигурно нема да ги избегнува разговорите на тие теми ако навистина планира вие да сте присутни во неговата иднина. Почесто ве расплакува отколку што ве смее. Ако почесто сте во ситуација да плачете поради неговите постапки, отколку да се смеете и да се забавувате заедно, тогаш дефинитивно врската ви е во неволја. Едно негово „извини“ не треба да ви биде доволно за да ги избришете солзите. Тој треба да се стреми никогаш да не види солзи на вашето лице. Доколку не е така, не чекајте и иницирајте сериозен разговор. Поминувате повеќе време со пријатели отколку насамо. Дружењето со пријателите не треба да сопре. Всушност тоа е и нормален дел од секоја здрава врска. Но, ако или тој или вие настојувате да излегувате само со друштво и не излегувате насамо за да ја негувате интимноста меѓу вас, тогаш нешто чкрипи. Започнувате да им бидете љубоморни на други парови. Посакувате да го имате она што го имаат други парови од вашата околина? Дали додека ги гледате паровите во паркот си мислите дека и вие некогаш сте имале таква врска? Ако сметате дека многу други врски се подобри од вашата, тогаш најверојатно не сте среќни и задоволни и не се чувствувате доволно с акани. Се имате разделено неколку пати и еден од вас постојано се заканува дека ќе стави крај на врската. Секоја врска има лоши денови и ако некогаш сте се разделиле и сега повторно сте заедно, тоа не е знак дека имате лоша врска. Но, ако веќе 5-6 пати сте се разделувале и тоа ви станува рутина, тогаш веројатно не се обидувате доволно да ги надминете проблемите. Освен тоа, ако едниот од вас по секоја кавга се заканува дека ќе го напушти другиот, тогаш дефинитивно врската се движи кон пропаст. За да биде една врска успешна, потребно е и двајцата да се грижат за неа и да ја негуваат. Доколку едниот „кренал раце“, стабилноста се нарушува. извор:попара.мк]]>

6 знаци дека вашето токсично однесување полека ја уништува врската https://arhiva.vistina.com.mk/6-znatsi-deka-vasheto-toksichno-odnesuvane-poleka-ja-unishtuva-vrskata/ Fri, 18 Aug 2023 12:17:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314359

Секоја врска поминува низ кризи и тешки моменти, а секој има право некогаш да погреши, но што кога тоа несвесно ќе премине во навика? Независно колку сакате некого, тоа не значи дека некогаш не може да влезете во бурна дискусија и човечки е да имате различни ставови и несогласувања. Сепак, постои голема разлика помеѓу мали несогласувања одвреме-навреме кои на добар начин се решаваат и помеѓу оние однесувања кои ја прават врската токсична. Доколку во одреден момент се „фатите“ себеси дека не го почитувате партнерот и постојано повторувате исти грешки, можеби вие сте тие што ја уништуваат врската. Во продолжение неколку знаци на токсично однесување кои ја прават врската неподнослива: Секогаш го обвинувате партнерот дури и ако потсвесно знаете дека вината е во вас и без да размислите. Секогаш му поставувате ултиматуми и го уценувате да прави работи, независно дали се големи или ситници. Го срамите и омаловажувате пред други обидувајќи се да бидете над него. Не знаете како да го контролирате импулсивното однесување и секогаш му се истурате на него. Се грижите само за сопствените потреби независно дали се мали или големи и правите сè за да биде како што сте наумиле. За секоја ситница правите драма или уште полошо, ги премолчувате работите наместо да ги кажете додека е време и да се решат. извор:курир.мк]]>

Психолог тврди: Речиси сите емоционално интелигентни деца ги прават овие четири работи https://arhiva.vistina.com.mk/psiholog-tvrdi-rechisi-site-emotsionalno-inteligentni-detsa-gi-pravat-ovie-chetiri-raboti/ Wed, 16 Aug 2023 12:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313985

Емоционалната интелигенција е дефинирана како способност за препознавање, разбирање, изразување и управување со сопствените емоции. Имајќи предвид дека тоа може да биде тешко за возрасните да го постигнат, многу родители се изненадени кога ќе сфатат дека нивните деца се многу способни да развијат емоционална интелигенција и тоа уште од најрана возраст. Како што објаснува клиничкиот психолог Лиза Фајрстоун, постојат одредени знаци кои јасно укажуваат дека детето е емоционално интелигентно. Еден од нив плачот. Иако звучи необично, детето кое се чувствува безбедно да плаче пред родителите или други луѓе, всушност не се плаши да ги изрази своите емоции, што е еден од главните знаци на емоционалната интелигенција. Исто така, детето кое е емоционално интелигентно има развиено емпатија, односно способност да сочувствува со другите или да ги препознае нивните чувства. Ако детето е особено пречувствително, може да покаже тага ако види дека другарчето во градинка или училиште е тажно, а често знае и да ги утеши своите врсници кога се чувствуваат лошо, објаснува психологот. Друг симптом кој често е знак за емоционална интелигенција кај децата е поврзан со нивната отворена врска со нивните родители. Имено, детето кое секогаш зборува за своите проблеми, емоции и работи кои го мачат има развиена емоционална интелигенција, а во исто време е поспособно да се справи со предизвиците што ги носи растењето. Фајрстоун наведува и дека детето со емоционална интелигенција често покажува високо ниво на љубопитност. Иако секое дете е љубопитно до одреден степен, детето со развиена емоционална интелигенција е отворено и заинтересирано за работите што се случуваат околу него. Исто така, овие деца имаат силна желба за учење, па обично се многу успешни на училиште или имаат многу хоби. извор:kurir.mk]]>

Ако вашиот партнер се однесува вака, дефинитивно планира да ве остави: Ова се јасни сигнали дека повеќе не сака да биде со вас, отворете ги очите https://arhiva.vistina.com.mk/ako-vashiot-partner-se-odnesuva-vaka-definitivno-planira-da-ve-ostavi-ova-se-jasni-signali-deka-poveke-ne-saka-da-bide-so-vas-otvorete-gi-ochite/ Wed, 28 Jun 2023 13:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308085

Ако сте граделе блискост со вашиот партнер цело време, но чувствувате дека врската не оди во насоката кон која сте се надевале, овие знаци може да укажат на „тивко напуштање“ на врската, познато како „дампинг“. Тивкото одбивање во врската може да започне со сознанието дека сте во врска со некој кој е незаинтересиран и не вложува никаков труд во вашата врска, а најмалку ви носи радост. Здравиот пристап во врската значи дека таквиот партнер зазема став и се соочува со проблемот. Меѓутоа, наместо тоа, тој претпочита да заземе попасивен пристап, очекувајќи од вас да раскинете бидејќи не може да ја почне темата. Тивкото отфрлање може да се манифестира на различни начини и понекогаш е тешко да се протолкува. Според „Psychology Today“, ова се некои од најочигледните знаци дека некој сака да ве остави. Намалена емоционална достапност: Ако забележите дека вашиот партнер станува помалку емотивен и не може да ги пренесе своите чувства, многу е веројатно дека тој се обидува да остане резервиран. Ова се рефлектира како намалено реагирање на емоционалните потреби и сигнали на својот партнер, оставајќи го вознемирен и збунет од целата ситуација. Избегнување разрешување на конфликтите: Мажите често избегнуваат вакви ситуации оправдувајќи се со напорни и тешки теми кои не можат да ги следат, додека жените се секогаш „расположени за кавга“. Сепак, факт е дека ова повлекување од различни конфронтации или избегнување на водење на тешки, но значајни дискусии придонесува за растечката поделба во врската. Недостаток на напор во одржувањето на врската: Многу луѓе ги земаат врските „здраво за готово“ и мислат дека ќе егзистираат сами од себе, што е сосема погрешно. Секоја врска се негува и се работи за да опстане и да биде подобра. Намалената подготвеност да се вложи енергија, време и желба во негувањето на врската доведува до уништување на односот. Охрабрете ја отворената комуникација: Отворената комуникација е камен-темелник на секоја врска и треба да игра важна улога во конфликтите. Директната конфронтација е корисна кога се справуваме со сериозни проблеми, но кооперативната комуникација со наклонетост е корисна кога ситуациите се помалку тешки, а промената е малку веројатна, покажало едно истражување. Стимулирајте го разговорот со активно слушање, покажување емпатија. Добриот разговор од срце до срце може да воспостави доверба и да ги реши основните проблеми. Повторно вклучете се во „ритуалите на врската“: Доколку не сте ги следеле редовните ритуали што ги имате со партнерот, можеби е време повторно да ги воведете. Редовното излегување, јадењето оброци заедно или вклучувањето во активности кои се важни за вас двајцата може да се спротивстави на тивкото одбивање. Негувајте благодарност: Една студија ја нагласува важноста на благодарноста во одржувањето на врските на долг рок. Луѓето кои се ценети од своите партнери имаат поголема веројатност да кажат дека и тие повеќе ги ценат партнерите. Исто така, луѓето кои повеќе ги ценат своите партнери, повеќе одговараат на нивните потреби и се попосветени и со поголема веројатност да останат во врската со текот на времето. Овие резултати даваат доказ дека благодарноста е исклучително важна за успешно одржување на интимните односи. Позитивната и негувачка средина може да обезбеди основа за враќање на вашата врска на вистинскиот пат. Извор: Попара.мк]]>

Личниот возач на Ана Николиќ поради нејзините големи барања решил да ја остави на бензинска пумпа https://arhiva.vistina.com.mk/lichniot-vozach-na-ana-nikolik-poradi-nejzinite-golemi-barana-reshil-da-ja-ostavi-na-benzinska-pumpa/ Thu, 20 Apr 2023 11:21:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298855

Пејачката Ана Николиќ синоќа по долго време гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, а на програмата пристигна доцна во свој стил заедно со нејзиниот менаџер, директорот на продукцијата „Хајп“, Саша Мирковиќ. Ним во студиото им се придружи и Аца Лукас со кого Мирковиќ исто така успешно соработува долги години, а откако пејачот проговори на голем број актуелни теми, Саша Мирковиќ беше запрашан со кого од неговиот тим има најлесна соработка, по за кои раскажа урнебесни деталина за соработка со Николиќ своевремено. - Со господинот Вуксановиќ имам најлесна соработка бидејќи јас и тој мислиме апсолутно исто, освен кога ќе се случи некои безделници да сакаат да фрлат замка. Дефинитивно најдобра соработка со Ацо Лукас, а морам да кажам дека и Ана Николиќ воопшто не е тешка за работа, тешко е да се стигне на време. Имаме пријател и партнер во тоа, а Аца е брат – започна Мирковиќ. Ана се надоврза на приказната на Саша, откривајќи ги деталите за бурниот прекин на соработката од почетокот на нејзината кариера. - Морам да кажам за нашата историја и за прекинот на соработката. Тоа беше почеток на соработка, запознавање... Колку долго траеше нашата соработка? Дваесет часа, петнаесет, ниту 24 часа! Сакав да излезам од колата и викам „Застани да излезам!“, еден од возачите му беше... Бев млад, луд и нервозен! Човекот замина преку Краљево за Белград - рече и Николиќ. - Чекај да ја раскажам оригиналната приказна... Во Скопјебеше, а во Скопје повторно задоцни да влезе во кола за Белград, заспа - почнал Мирковиќ додека Николиќ беше огорчена во позадина, со коментар. "Тоа не е точно! Тогаш бев точна како часовник!". - Таа имаше своја приказна сè до Белград, а јас го замолив тој возач да ми земе нешто од Чиќевац. Потребни се десет минути до таму и десет минути назад до автопатот, значи вкупно дваесет. Таа му вели: „Вози ме во Белград, а потоа врати се во Чиќевац да го земеш тоа што ти треба!“ - вели Саша низ смеа. - Така му реков, вистината, или сама ќе излезам на пумпа, па нека оди каде сака - додава Ана. - Човекот ме прашува што да прави, му велам да застане на пумпата да излезам, баба и е во близина, одамна ја нема видено - раскажува Саша. - Така беше, излегов! Не одам во Белград преку Чиќевац, јас сум од тие краишта и знам каде минува автопатот - заклучила Ана Николиќ гласно смеејќи се, што предизвикало хаос во студиото. фото:Printscreen YouTube/Ami G Show]]>

Однесувања на кои треба да обрнете внимание на првиот љубовен состанок https://arhiva.vistina.com.mk/odnesuvana-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-na-prviot-luboven-sostanok/ Mon, 20 Feb 2023 13:35:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289714

Кога станува збор за црвените знаменца при забавувањето со одредена личност, често сме веќе во врска со некого, па стануваме свесни дека нешто не е во ред. Се докажало дека црвените знаменца се присутни уште на првиот љубовен состанок, само што не се доволно запознаени со нив. Заслепени од неговото ласкање и совршен изглед, целосно е разбирливо доколку успеете да предвидите тоа дека тој не е толку прекрасен за каков што вие мислите. Таквите ситуации доведуваат до кршење на срцето затоа што имаат надеж во врска со погрешно момче. Доцнење На сите нас ни се случува со текот на времето некаде да задоцниме, дали на работа или при дружење со пријателите. Но, доколку знаете дека со некој треба да одите на првиот љубовен состанок навистина е важно да се потрудите да дојдете на време. Експертите тврдат дека доколку лицето доцни на својот прв љубовен состанок, а притоа не покажува дека поради тоа посебно е вознемирен, тоа може да биде знак дека не е подготвен да се посвети на врската. Премногу алкохол Чаша до две вино можат да бидат токму тоа што ви е потребно за да се опуштите на првиот состанок затоа што неминовно ќе имате трема кога првпат ќе излезете со некое момче кое навистина ви се допаѓа. Меѓутоа, навистина би требало да се грижите за тоа колку момчето со кое сте на љубовен состанок пие. Доколку претерува со алкохолот, тоа може да биде знак дека има проблеми со него. Премногу чувства (за почекот) Иако е навистина прекрасно на прв љубовен состанок да бидете со некој којшто ви возвраќа на чувствата, на тоа ќе треба да внимавате. Љубовното „бомбардирање“ е тактика која ја користат нарцисите и манипулаторите за да ве привлечат. Доколку тој претерува со комплиментите, романтичните гестови и подароци на првиот состанок, тоа е црвено знаменце кое не треба да го игнорирате. извор:точка.ком.мк фото:getty images]]>

Толку голем, а така обичен: Кијану Ривс уште еднаш докажа дека славата не мора да удри во глава (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tolku-golem-a-taka-obichen-kijanu-rivs-ushte-ednash-dokazha-deka-slavata-ne-mora-da-udri-vo-glava-foto/ Tue, 07 Feb 2023 10:14:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287702

Кијану Ривс повторно ја оправда својата титула на најљубезен холивудски актер. Тој неодамна се појавил во еден британски паб и ги израдувал сите присутни, а особено вработените. Актерот моментално престојува во гратчето Тринг, Англија, а слободното време одлучил да го искористи за посета на локалниот паб и со таквиот потег ги изненадил вработените кои ја споделиле приказната на Фејсбук страницата на пабот. „Денеска имавме ненадеен гостин на ручек. Колку драг човек. Го прашавме дали би сакал да се фотографира со тимот од кујната, а тој веднаш отиде таму, се ракуваше со сите и ја пофали храната. Излишно е да се каже дека им го разубави денот“, напишале од пабот на Фејсбук. Една вработена во пабот открила за британскиот „Metro“ дека актерот нарачал пиво, риба со помфрит и парче месна пита и дека бил сам. Познато е дека Кијану Ривс не живее живот типичен за познатите. И покрај огромното богатство, актерот не живее во вила, нема телохранители, користи подземна железница и им помага на бездомните со кои често знае и да испие по некое пиво. Ривс е познат како многу скромен човек кој со своето однесување ја импресионира јавноста. Без разлика дали станува збор за љубезни гестови или начинот на кој се фотографира со обожавателките, холивудскиот актер секогаш одново и одново ги воодушевува фановите со своите постапки. фото:Instagram printskrin/Fejsbuk]]>

Не можеле веќе да го поднесат: Славниот водител го исфрлиле од ресторан https://arhiva.vistina.com.mk/ne-mozele-vekje-da-go-podnesat-slavniot-voditel-go-isfrlile-od-restoran/ Thu, 20 Oct 2022 09:32:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272217

Џејмс Корден бил исфрлен од ресторан поради лошо и агресивно однесување кон вработените. Не е чудно што проблемот настанува таму каде што се наоѓа Џејмс Корден. Популарниот водител и комичар веќе ја провоцираше јавноста со своите постапки. Само некои од примерите се дерење во авион да се смири дете кое вреска и плаче, а и кога со продуцент на неговата емисија отишол на состанок и барал да им се намалат платите на вработените.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by James Corden (@j_corden)

Овој пат, него забранет му е влез во ресторан во кој одел цели 25 години. Кит Мекнели, сопственик на ресторанот „Balthazar“ во Њујорк, водителот го нарекол „најнасилен гостин“ затоа што тој многу лошо се однесувал кон вработените во ресторанот. Во објава на социјалната мрежа Инстаграм, сопственикот на ресторанот напишал: „Џејмс Корден е исклучително надарен комичар, но е мал кретен од човек и најнасилниот гостин од кога постои ресторанот, а отворен е пред 25 години. Ретко ги бркам гостите, но денес го избркав Корден и тоа не ме насмеа. Еве два примери како овој смешен човек се однесува кон моите вработени. Слично се однесуваше и пред неколку години во мојот поранешен ресторан“, напишал сопственикот. „Џејмс Корден во јуни беше тука на маса 61. Откако го изеде главното јадење, Корден му покажа влакно на менаџерот кој поради тоа му се извини. Корден беше многу одвратен кон него и рече: Дај ни нова тура пијалак во истава секунда. Погрижи се и за сите наши пијалаци досега. Ќе ви напишам негативна рецензија“, открил сопственикот на ресторанот и навел друга ситуација која пресудила.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Keith McNally (@keithmcnallynyc)

„Џејмс Корден беше во „Balthazar“ на 9 октомври. Седеше на масата 301 која ја побара. Сопругата на господин Корден нарача омлет со сирење и салата. Неколку минути подоцна откако ја добија храната, Џејмс ја повика нивната келнерка и ѝ кажал дека имало малку јајца во порцијата. Келнерката му донела нова порција, но наместо салата случајно ставила компирчиња. Тогаш тој почнало да вика: Не можете да ја работите вашата работа! Не можете, не умеете. Можеби треба јас да влезам во кујна и сам да направам омлет“, открил сопственикот на ресторанот. фото:Инстаграм]]>

Го паркирала автомобилот пред семафор: Револтирани граѓани направија хаос на социјалните мрежи поради дрското однесување на Дара Бубамара (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/go-parkirala-avtomobilot-pred-semafor-revoltirani-gragjani-napravija-haos-na-socijalnite-mrezi-poradi-drskoto-odnesuvanje-na-dara-bubamara-video/ Fri, 29 Jul 2022 07:20:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260877

Дара Бубамара уште еднаш ја покажува својата ароганција кога се во прашање автомобилите, а овој пат се работи за паркирање на среде улица. Имено, како што објави страницата на Инстаграм 192.rs, пејачката практично го паркирала својот Мерцедес на среде раскрсница, односно на само неколку метри пред семафорите, што предизвикало огромен гнев кај жителите на Нови Сад. Во коментарите под објавата има реакции од граѓани кои најмногу се гневни поради нејзиниот потег, па имаше пцовки на нејзина сметка.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 192.RS (@192_rs)

Да потсетиме, Дара не е првпат вака да се однесува во сообраќајот, а додека вози редовно објавува фотографии кои наидуваат на остри критики од другите учесници во сообраќајот. фото:Инстаграм]]>