одговори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Feb 2024 09:45:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png одговори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Шерифовиќ реагираше на злонамерните коментари упатени до неа поради синот : „Ќе ви објаснам“ (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-reagirashe-na-zlonamernite-komentari-upateni-do-nea-poradi-sinot-ke-vi-objasnam-foto/ Tue, 06 Feb 2024 09:45:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337597

Марија Шерифовиќ неодамна го доби синот Марио, кој на свет го донесе сурогат мајка. Колку е среќна пејачката затоа што станала родител, покажуваат нејзините објави со синот на социјалните мрежи. Марија неодамна објави видео како танцува со своето бебе, додека малиот е во кенгур и ужива додека мама му пее. Овој момент воодушеви многумина, а имаше и такви кои оставија лоши коментари. „Кога ќе ги видам овие носачи на кенгур... Ни за колковите, ни за нозете на бебето (ги криви нозете на детето)... ужас, треба да се забранат“, „Знам дека не ме прашале за совет, но јас од искуство би рекла дека носачот не е адекватен за новороденче, положбата на главата и рацете не е добра“, „Најди друг носач за доброто на колковите, драга, биди среќна и секогаш пеј му“, беа некои од коментарите.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Марија се огласи и јасно им кажа дека знае што прави. - Па, вие луѓе сте навистина неверојатни. Ќе објаснам затоа што во моментов имам живци! BabyBjorn Mini е направен за бебиња од 0 до 12 месеци и од 3 до 11 кг. Тие исто така мора да бидат најмалку 53 см. Секако фала за советот, единственото нешто што би сакала да те научам е како да пишуваш навистина добронамерен совет, но во моментов немам нерви за тоа. Што се однесува до музиката, син ми од раѓање го учам што е добра музика и само со неа спие правилно. Не грижете се, ние мериме и децибели. Всушност, за да скратиме, внимавајте на вашата работа. Всушност - сиктер! За останатите љубовта се разбира, напиша Марија. Инаку, Марија неодамна за „Блиц“ откри дека нејзиниот син сака музика и дека често му пее. - Се е во ред и се е под контрола, логистиката ми е силна страна и се е како што треба, се е во ред. Му пеам, од кога е роден сака гласна музика и не сака брза музика, не сака бавна музика - рекла таа. Фото: printskrin/instagram/serifovic]]>

Мег Рајан одговори на тврдењата дека се уништила со пластичните операции (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/meg-rajan-odgovori-na-tvrdenata-deka-se-unishtila-so-plastichnite-operatsii-foto/ Fri, 01 Dec 2023 13:13:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329581

Во ново интервју Мег Рајан одговори на тврдењата дека претерала со операциите. Актерката која го одбележа Холивуд во деведесеттите отсекогаш важела за природна убавица. Од друга страна, нејзиниот изглед е значително различен во последните години, а многумина ја осудуваат дека наводно претерувала со ботоксот. Мег сега ги коментираше тие критики и истакна дека не размислува за нив. „Не можам да обрнам внимание на тоа. Едноставно не можам. Не вреди. Има многу поинтересни работи за разговор. Подлоста и омразата се толку глупи“, изјави актерката во интервју за магазинот „Гламур“. Таа неодамна се врати во светот на глумата по осум години пауза. Го сними филмот „Што се случува подоцна“, кој моментално се прикажува во американските кина. И покрај тоа, во фокусот на нејзините обожаватели сепак е нејзиниот изглед. „Ми се допаѓа што се врати на сцената, но ќе беше многу подобро да не се уништеше целосно“, „Мислам дека филмот треба да се преименува во „Што се случува со лицето на Мег Рајан““, се некои од коментари на социјалните мрежи. Фото: Принтскрин/Instagram/megryan]]>

Тамара Тодевска за претрпениот страв и последиците од несреќата што се уште траат: „Имав 20 конци на главата“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-za-pretrpeniot-strav-i-posleditsite-od-nesrekata-shto-se-ushte-traat-imav-20-kontsi-na-glavata-foto/ Tue, 29 Aug 2023 07:43:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315581

Тамара Тодевска периодов е како нејзиното музичко тотнадо. Летово помалку одмораше, а повеќе работеше, така што публиката се почесто има можност да ја слуша и гледа и на отворена сцена. Пред неколку дека пееше пред кумановската публика која ја пофали како најдобра, а потоа следеше и настапот пред беровчани.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Набиена агенда со обврски, професионални и приватни, но Тамара успева да најде време за се’ па дури и за одговарање прашања за следбениците на Инстаграм. Прашалници за разни нешта поврзани со нејзината краиера и приватност имаше доста, а таа ги селектираше оние за кои сметаше дека може да излезат јавно. Муабети секогаш кружат разно- разни, па овие Инстаграм интервјуа на некој начин и беа како добредојдени да се решат дилемите и за тоа дали некој и останал должен за настап. Кратко и јасно, за Тамара некој таков се уште не се родил. Оние пак што ја доживуваат како борбена личност со топло срце, прашаа од каде е изворот за таквите одлики? -Животот, искуството,грешките, успесите... Се’ е комбинација од тоа што поминало и тоа што доаѓа. Но и ген, а и карактер секако – гласеше нејзиното резиме за тоа како таа се доживува. Меѓудругото, меѓу прашањата намерно или случајно стоеше и она дали знае да води мотор и која марка и е омилена? Не е првпат Тамара да каже дека пред многу години доживела несреќа од која тогаш завршила со 20 конци на главата, но последиците траат и денес. -Имав немила случка на мотор далечната 97- ма со последици 20 конци на главата. Од тогаш немам седнато ни друг да ме вози. Но, ако треба да одберам тоа би бил „Triumph Bonneville bober“. Редоследот прашање одговор траеше долго на „стори“, а Тамара ги испочитува сите оние кои сакаа да знаат нешто повеќе за тоа што било или допрва треба да биде. фото:Instagram printskrin/Tamara Todevska]]>

Исплива видео од Ана Николиќ за кое корисниците на социјалните мрежи тврдат дека пее пијана (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ispliva-video-od-ana-nikolik-za-koe-korisnitsite-na-sotsijalnite-mrezhi-tvrdat-deka-pee-pijana-foto/ Tue, 21 Mar 2023 09:53:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294250

На интернет кружи видео на кое се гледа како Ана Николиќ седи на сцената и се држи за глава за време на нејзиниот настап, поради што ја нападнаа дека пее пијана. Набргу потоа пејачката се огласи и на сите им одговори со брутална порака. Ана Николиќ важи за пејачка која публиката ја обожава, како поради нејзиното пеење, така и поради искреноста и духовитоста. Така сега, на нејзиниот профил Ана објави видео на кое обожавателите се шегуваат на нејзина сметка, а таа им возврати со иста мерка. Имено, на видеото кое кружи на интернет, може да се види Ана како седи на бината, ја држи главата и ја пее песната „Проверено“, а на споменатиот клип стои и натпис: -  Објаснува што значи да се биде пијан како летва - напишаа корисниците на социјалната мрежа покрај видеото на Ана. Набргу потоа, пејачката им одговори во нејзиниот добро познат стил. - Ако така им е полесно... - напишала Ана. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Папарацо лов  ]]>

Дијана Оу-Џи во „интимни муабети“ со своите Инстаграм следбеници: Од незгодни прашања, до комплименти и навреди и една ексклузивна понуда што „не се одбива“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dijana-ou-dzi-vo-intimni-muabeti-so-svoite-instagram-sledbenici-od-nezgodni-prashanja-do-komplimenti-i-navredi-i-edna-ekskluzivna-ponuda-shto-ne-se-odbiva-foto/ Thu, 28 Jul 2022 08:28:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260605

Само неколку дена откако ја исфрли во етерот својата најнова музичка тема со скокотлив наслов - „Only fans“ во која македонската (т)раперка Дијана - Оу-Џи во иста песна успеа да спои три јазици: Македонскиот, српскиот и бугарскиот, таа ја отвори душата за „блиски муабети“ со своте Инстаграм следбеници. Дијана на своите Инстаграм приказни ги предизвика ситe што ги интересира се ' живо во врска со неа, да и поставуваат „прашања кои ги мачат“, а тие и возвратија со „рафална серија“... Од незгодни прашања, до комплименти и пофалби, па се до лични навреди... А во целата „стори приказна“ осамна и една интересна понуда, за која Дијана е се' уште „на два ума“ и и' треба време самата да се преиспита... Дали да ја прифати, се разбира! Среќна или не после се', знае само самата Дијана, која уште на почеток беше запрашана како е да бидеш среќен? Со прашањата за сексот дојдоа и прашањата за „игрите за возрасни“ и колекцијата фетиши. За еден од нив, следбениците побараа мислење од Дијана, која пак им одговори со извадок од своите стихови. Можеби другите „кучки“ не знаат, ама затоа има кој знае, што е тоа „foot fetish“... Та биле тоа само пети(ци)! А кога сме веќе кај сексот, во него ја прави убавината, а и ја разбива монотонијата промената на позите. Од целата „камасутра“ секој има своја омилена поза, па која и е најдобра ја прашаа и Дијана? Арно ама, секој има и своја тајна која најчесто ја открива само на одредено место... Вака можеме да раскажуваме само „басни“. За да дознаеш - претплати се на нејзината страница за возрасни! Меѓу грстот пофалби и комплименти, прашања за музика и разно-разни музички правци, комбинации и дуети, следуваше и едно прашање за кое Дијана Оу-Џи требаша да даде свое мислење. Скопско Драчево со години е познато по прочуениот „драчевски кромид“, ама во последно време, очигледно и по нешто друго... Нешто што на Дијана и тоа како и се допаѓа! Барем така самата се изјасни и сликовто со емотикон тоа го покажа! Кога си Дијана Оу-Џи мора да си подготвена со се' и сешто да се соочиш. На сите коментари и прашања да имаш одговор, при тоа секој туѓ збор да не те погаѓа, колку кажаното и да не ти се допаѓа... Впрочем општеството наше да имаше смисла, немаше да биде волку... бесмислено. Убаво кажано, уште подобро смислено! И конечно во целата „Инстаграм сторија“ осамна и една интересна понуда, за која Дијана е се' уште се двоуми  дали да ја прифати? Во прашање е влез во најгледаното регионално ријалити „Задруга 6“! Како што вели и самата, кој знае дали ќе има живци да издржи подолго затворена во такво опкружување, ама пак од друга страна, нема ништо против и идејата вреди за размислување? Фото: Инстаграм принтскрин/iamdijana.og]]>

Констракта му возврати на Аца Лукас на прозивките за евровизиската песна: „Требаше да му ги измијам нозете во „лавабо“ https://arhiva.vistina.com.mk/konstrakta-mu-vozvrati-na-aca-lukas-na-prozivkite-za-evroviziskata-pesna-trebashe-da-mu-gi-izmijam-nozete-vo-lavabo/ Wed, 09 Mar 2022 10:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242343

Ана Ѓуриќ позната како Констракта победи на „Беовизија“  ќе ја претставува Србија на Евровизија 2022 година. Констратка го привлече вниманието со својот перформанс, силен текст и порака. Фолкерот Аца Лукас со песната „Оскар“ се најде на 5-то место во финалето. Тој не го криеше своето незадоволство што не победи, па дури истакна дека не му се допаѓа песната -Јас имав добра песна, сакав да направам нешто за себе и за својата држава. Не се изнервирав и не се налутив, едноставно се откажав кога видов дека од тоа нема ништо, вели фолкерот и додаде: -Песната не ми се допаѓа. Имаше многу подобри. Да си ги миев нозете на сцена, можеби ќе победив, вели Лукас. На овој коментар му врати Констракта, па се пошегува велејќи дека ако ги миел нозете во лабаво можеби ќе победил. -Забавно ми е. Би било подобро јас да му ги миев нозете во лабаво. Но, исто таак ќе кажам дека не сум сигурна дека тоа Лукас го изјавил. Не знам дали тој тоа навистина го кажал, забавно е. Духовито, вели српската претставничка На Евровизија. фото: принтскрин/јутуб/ата имагес]]>

Кристина Димитриевска од прашањата на нејзините Инстаграм следбеници извлече неколку поенти: Непристоен предлог, самоубиствена понуда и една дилема – бившиот сопруг е „лошо“ момче или таа е „лоша“ девојка? https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitrievska-od-prashanjata-na-nejzinite-instagram-sledbenici-izvleche-nekolku-poenti-nepristoen-predlog-samoubistvena-ponuda-i-edna-dilema-bivshiot-soprug-e-losho-momche-ili-taa-e-losha-devo/ Fri, 05 Nov 2021 08:27:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226087

Македонмнската мисица, манекенка, модел и пејачка Кристина Димитриевска почна се' почесто да одговара на прашања на нејзините Инстаграм следбеници. На тетовската убавица очигледно и стана интересно и забавно на тој начин да комуницира со обожавателите на социјалните мрежи, па едно-две, еве нова барање од неа тие да ја прашаат што сакаат, а таа да им одговори онака како што сака... Или како што и одговара!? Последната тура прашања и одговори сепак многу говори, зашто мисицата ја зачинила со неколку извлечени поенти од нејзината комуникација со фановите во кои се содржани три клучни нешта: Еден непристоен предлог, една „самоубиствена“ понуда и една дилема...! Но да тргнеме со ред: Еден од следбениците - прилично конкретен. Со (не)пристоен предлог на невидено... Всушност, на 50% од виденото, зашто тој знае кому нуди брак, ама таа не знае кој и нуди брачна идила, во прашањето: „Да те земем за жена, кажи ДА“? Покажаната тетоважа на прстот, на местото од брачната бурма, како симболичен одговор на убавиицата на непристојниот предлог на нејзиниот таен обожавател со брачни амбиции. Вториот ем вљубен во Кристина, ем спремен да „гине“ за неа... Неговата самоубиствена понуда уште порадикална од онаа на претходникот. „Цел живот би го дал за тебе, совршена си лепотице“, е неговиот суициден заклучок, на кој наместо одговор, добил само поглед директно в очи од онаа, за која вљубениот хазардер животот го дава или барем на коцка го става. Но, она што е некако највпечатлива поента, нешто што најмногу „боде очи“ и се наметнува како дилема е прашањето на третиот обожавател или Инстаграм следбеник, на русокосата убавица. Неговото прашање до неа: „Зошто фините момчиња не можат да си фатат добри девојки?“,  разоткрива или отвора нова недоумица, содржана во одговорот на Кристина: „Сакаат 'лоши' девојки“! Тогаш, ако навистина е така, останува да виси дилемата: Дали бившиот сопруг на мисицата, пејачот Даниел Кајмаковски  е „лошо момче“ или добрите момчиња навистина сакаат „лоши девојки“... за врска или брак, сеедно? Кристина Димитриевска е на потег да ви ја открие загатката што самата ја постави во одговорот на прашањето на нејзиниот Инстаграм следбеник, во врска со врските на добрите момчиња и „лошите“ девојки! Фот: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry  ]]>

5 прашања кои што ќе им помогнат на жените да се разберат самите себе и да го подобрат својот брак https://arhiva.vistina.com.mk/5-prashanja-koi-shto-kje-im-pomognat-na-zenite-da-se-razberat-samite-sebe-i-da-go-podobrat-svojot-brak/ Thu, 26 Nov 2020 13:00:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178238

Доколку сакате да изградите добри односи со својот сопруг или пак партнер, тогаш себеси поставете си ги овие прашања... 1. „Зошто ме сака мојот партнер? Поради што ме цени?“ Доколку сакате да си ја подигнете самодовербата, запрашајте се тоа. Самиот мозок ќе почне да ви „дофрла“ позитивни одговори на ова прашање. 2. „Дали сум со него поради страв од самотија или затоа што навистина го сакам?“ Ова прашање задолжително поставете си го пред бракот. Важно е добро да се познавате себеси, пред да дозволите да станете нечија сопруга. 3. „Што ме привлекува кај него?“ Секогаш размислувајте за позитивните особини на вашиот партнер. Не велиме дека треба да гледате низ розови очила, но водете сметка да ги истакнете неговите позитивни особини. 4. „Што можам да направам за себе за моментално да почувствувам среќа и задоволство?“ Жената која што се почитува самата себе и сопствената среќа, никогаш нема да ја префрла несреќата на својот сопруг или партнер. Таа знае дека самата себе може да си се усреќи и дека не ѝ е потребен маж за тоа. 5. „Зошто сум му вредна на човекот? Зошто вредам самата за себе?“ Секогаш мора да бидете свесни за својата моќ и мора да знаете дека сè е во вашите раце. извор:точка.ком.мк]]>

„Сите правиме грешки кои воедно се лекции“: Мелита откри за што најмногу жали во животот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/site-pravime-greshki-koi-voedno-se-lekcii-melita-otkri-za-shto-najmnogu-zali-vo-zivotot-foto/ Wed, 25 Nov 2020 07:56:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177790

Поради коронавирусот за многумина на кои им работи свеста и совеста, социјалниот живот го нема, но затоа виртуелниот е ставен на максимум. Фејсбук и Инстаграм станаа секојдневна алатка како прозорец низ светот без која како да не се може, а дел од познатите Македонци дополнително се активираа пред своите следбеници. Поранешната ТВ водителка и трендсетерка Мелита Ракичевиќ отсекогаш била активна корисничка на Инсатграм, но сега освен за нови фотографии, се повеќе има време да одговара парашања од следбениците кои и станаа секојдневие. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/melita-gi-otkri-svoite-kriteriumi-za-sovrshen-maz-a-ova-e-nejziniot-odgovor-na-prashanjeto-dali-ima-momche-foto/ А прашалници од љубопитните има доста... Деновиве таа повторно имаше одговори, а меѓу многуте откри и за што најмногу жали во животот. Вели дека тоа се неколку работни понуди надвор од Македонија, но најмногу жали кога е мајчинството во прашање. -Пропуштив многу работни понуди надвор од МК и за тоа жалам. Сите правиме грешки кои воедно се лекции, но не би повторила некои мои избори. Се друго е „ок“, не жалам за ништо освен што не родив уште едно дете, искрена беше Мелита.
За потсетување, Мелита Ракичевиќ од бракот со познатиот скопски угоститетел Владимир „Соме“ Ракичевиќ ја има 15 годишната ќерка Барбара која тргна по стапките на мама и денес ја гледаме како водителка на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“.]]>

Цеца Ражнатовиќ има брутален одговор на прозивките на Дуа Липа: „Седи мала, единица“ https://arhiva.vistina.com.mk/ceca-raznatovikj-ima-brutalen-odgovor-na-prozivkite-na-dua-lipa-sedi-mala-edinica/ Wed, 22 Jul 2020 08:17:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159863

Британската пејачка Дуа Липа со потекло од Приштина веќе неколку дена на социјалните мрежи ја пропагира идејата за „голема Албанија“. Многу јавни личности од Србија го осудија нејзиното однесување, а поддршка пратија и светските ѕвезди кои се изненадени од однесување на Дуа Липа. Фолк пејачот Аца Лукас реагираше на ваквите прозивки на пејачката истакнувајќи дека е поразително што на ваков начин се промовира и дека тоа воопшто не е коректно. Исто така тој и се огласи и реагираше преку својот „Инстаграм“, а за тоа повеќе може да прочитате тука. Српската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ за ало.рс го прокоментира овој „испад“ на пејачката. На прашањето како реагира на тоа што Дуа Липа објави мапа од „голема Албанија“  која ги опфаќа не само Косово, туку и делови од Србија, Македонија, Црна Гора, Цеца вели: „Нема да трошом зборови на некој кој не ги познава историските факти. Се што можам да кажам е: „Седи мала,единица“, изјави Ражнатовиќ за ало.рс]]>