одгледување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Sep 2022 12:47:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png одгледување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Носи среќа, мир и хармонија во домот – совети за одгледување на фикус https://arhiva.vistina.com.mk/nosi-srekja-mir-i-harmonija-vo-domot-soveti-za-odgleduvanje-na-fikus/ Wed, 14 Sep 2022 12:47:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266942

Омилената куќна билка на многумина – фикусот, според Фенг Шуи носи многу среќа, здравје и благосостојба во домот. Сепак, важно е и каде ќе биде поставена оваа билка во домот. Според древната кинеска техника, треба да биде на југоисток од станот. Носи среќа, мир и хармонија во домот. Се смета дека штити од немаштија и носи пари. Држете го далеку од североисток, југозапад и централните делови на станот или куќата. Собниот вид Ficus elastica е поим за современа лисната декоративна билка. Тој е и најстар претставник од овој род. Собниот Фикус расте брзо и е прилично високо растение. Листовите му се дебели и кожести, што значи дека ќе треба редовно да му ги бришете. Фикусот сака топлина, но не директна изложеност на сонце. Во природни услови тој може да порасне и до 30 метри. Совети за одгледување собни растенија – Фикус Фикусот сака светло место, но не изложувајте го директно на сонце. Ако го поставите на темно место, ќе расте бавно, па може дури и да угине. Оптимална температура за негов раст е 18-25 степени Целзиусови. За време на зимата сака постудено и влажно место, па во зимските месеци налевајте го еднаш неделно, а во лето два пати недело. Додека е младо треба да му поставите некоја потпора бидејќи ќе се развие на криво. Размножувањето може да го правите со резанки од стеблото (10-20 см), со тоа што може да ги поставите во вода на температура од околу 20 степени и откако ќе пуштат коренчиња, да ги пресадите во земја. Исто така може да искористите резанки од листовите. извор:курир.мк]]>

Кристалниот кактус ќе ве освои уште на прв поглед https://arhiva.vistina.com.mk/kristalniot-kaktus-kje-ve-osvoi-ushte-na-prv-pogled/ Fri, 23 Apr 2021 12:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200302

Поради необичниот изглед, многу брзо успеа да ги освои сите љубители на растенија. Овој кактус познат и под името „Haworthia cooperi“ многу едноставно се одгледува, а експертите велат дека успева во секој дом. Дури иако сте почетник, можете без проблем да го одгледувате ова растение. Станува збор за сукулент со потекло од Јужна Африка кој бавно расте. Овој вид билка има ситни, месести листови кои растат во розети и се делумно проѕирни, што на билката ѝ дава уникатен изглед. Токму поради изгледот на листовите, се нарекува и кристален кактус. Цвета напролет и во лето, обожува многу светли простории, но не и директна изложеност на сонце. Најмногу му одговара некој прозорец на кој во текот на денот ќе има барем 3 до 4 часа силен извор на природна светлина. Иако претпочита високи температури, успева и на постудени температури. Сепак, водете грижа температурата на просторијата во која се наоѓа да не е пониска од 4 Целзиусови степени бидејќи може да замрзне. Што се однесува до наводнувањето, во текот на летните месеци наводнувајте го сукулентот обилно и имајте на ум дека земјата помеѓу две наводнувања треба потполно да биде сува. Во текот на зимските месеци, билката е доволно да ја наводнувате еднаш месечно. Погрижете се саксијата во која е посадена да има дренажни дупки. Експертите велат дека ова интересно растение успева во секој дом, со што нема да морате да вложувате премногу труд доколку се одлучите да го набавите токму кристалниот кактус. извор:кармин/точка.ком.мк]]>