одбележи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Jan 2024 13:16:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png одбележи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со песните на Тоше, сеќавања и манифестации, Крушево ќе го одбележи неговиот 43. роденден https://arhiva.vistina.com.mk/so-pesnite-na-toshe-sekavana-i-manifestatsii-krushevo-ke-go-odbelezhi-negoviot-43-rodenden/ Wed, 24 Jan 2024 13:16:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336132

Спомен-домот на Тоше Проески на Гумење во Крушево, со повеќе манифестации утре ќе потсети на роденденот на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, Тоше Проески. Да беше жив, Тоше ќе наполнеше 43 години. – Во програмата со различни настани, ќе се обидеме да ги доловиме сите нишки од неговиот карактер и неговата душа. Денот, 25 јануари е врежан во срцата на сите нас, кои го сакаме Тоше, ја слушаме неговата безвременска музика и со насмевка, но и со тага во очите ги гледаме неговите фотографии, неговите награди, неговата облека и личните предмети кои се наоѓаат во неговиот дом – спомен куќата на Гумење во Крушево. Во 1981 година, на 25 јануари, се роди нашиот музички ангел, вели Лефкија Гажоска, директорка на спомен домот „Тодор Проески“ во Крушево. Денот, роденденот на Тоше и сеќавањето за него и неговото дело утре почнува со хуманитарна крводаристелска акција која ќе трае до 16 часот во просториите на Спомен куќата, а во организација на Црвениот Крст од Крушево. Во 11 часот и 15 минути, времето на неговото раѓање, присутните, претставници од институции и поддржувачите на Тоше, најавени дека ќе ги има од многу места, ќе положат букет свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, на Гумење. Во 12 часот во Спомен-домот ќе биде отворена хуманитарно-продажната ликовна изложба со наслов „Срце није камен“ на стилистот и уметничка душа Светлана Зуламоска. Нејзините дела со ликот на Тоше и пригоден текст, се насликани на камени плочи со акрилни бои, а целта на изложбата е собраните средства од продажбата на овие уникатни и оригинални ликовни изблици, да се донираат за лекување и терапија на малиот Војдан Спасовски. Дека Тоше е инспирација за младите уметници, ќе потврди и промоцијата на музички и видеоспот на Јана Мрческа, на рефрени на Тошеви песни. Јана, е родум од Прилеп, ученик во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје и, иако не била родена во времето кога Тоше го достигна зенитот на својата музичка кариера, неговите песни се нејзина инспирација за самостојни проекти. – Утре од 13 часот ќе се одржи веќе традиционалниот музички перформанс „Ангел си ти“. Македонската вокалистка Ивона ЈО во придружба на нејзиниот бенд В2В, ќе исполни десетина нумери од богатата музичка ризница на Тоше. Во неговиот спомен дом ќе одекнат: „Тајно моја“, „Срце није камен“, „Ангел си ти“, – рефрени и текст кој сè уште ги пееме со радост и низ солзи, објаснува Гажоска. Фановите на Тоше низ Балканот ќе имаат можност преку телевизискиот канал Прва ТВ, да го проследат документарниот филм кој авторката Катарина Миловановиќ го сними во Крушево 2023 година. На денот на тошевиот роденден, копија од овој филм, со превод на македонски, авторката ќе донира во Спомен куќата. Премиерата и промоцијата на овој документарец ќе бидат в петок, на 26 јануари во 19 часот во салата на Младинскиот културен центар во Крушево. Спомен-домот „Тодор Проески“ е меѓу најпосетуваните музеи. Досега го посетиле преку 1,1 милион гости од земјава, Балканот и од светот. Спомен-домот има 660 експонати врзани за животот и делото на Тоше Проески, главно дарувани од неговото семејство, а во моментот се изложени околу 350. Другите се чуваат во депото на Музејот и поставката се обновува со дел од нив. Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.]]>

Родното Крушево подготвено да го одбележи 25 јануари, роденденот на Тоше: Сеќавање на раѓањето на ангелот https://arhiva.vistina.com.mk/rodnoto-krushevo-podgotveno-da-go-odbelezi-25-januari-rodendenot-na-toshe-sekjavanje-na-ragjanjeto-na-angelot/ Sat, 25 Jan 2020 11:46:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130971

Денес изминуваат 39 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. Човекот кој докажа дека музиката нема граници и кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина. Тоше ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек. Роденденот на Тоше Проески ќе биде одбележан денес напладне со пригодна програма во спомен-куќата „Тодор Проески”. Во спомен-куќата ќе се одржат и неколку ликовни изложби, а во официјалната програма ќе настапат „Уникат бенд” и Сара Ристеска, придружена од Габриела Аврамоска. Свои точки во спомен на Тоше ќе имаат и учениците од средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче” и од ОУ „Никола Карев”. На неговото вечно почивалиште на Гумење ќе му биде оддадена почит на Тоше, каде и овојпат најбројни ќе бидат неговите обожаватели.  ]]>