одбележан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 26 Jan 2019 08:15:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png одбележан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вака го одбележаа роденденот на Тоше: Весна-Бејби со необјавена видеоснимка, сестра му Дора со роденденска торта за ангелот… (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-go-odbelezaa-rodendenot-na-toshe-vesna-bejbi-so-neobjavena-videosnimka-sestra-mu-dora-so-rodendenska-torta-za-angelot-foto-video/ Sat, 26 Jan 2019 08:03:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69410

Тоше Проески не смао Македонија, туку и Балканот па и светот вечно ќе го помнат како голема музичка ѕвезда, но и човек со огромно срце отворено да му помогне секому. Ѕвездата, за жал, прерано згасна, но, неговото име стана заштитен знак за Македонија, симбол за трајна вредност, нешто на кое секогаш ќе се гордееме. Затоа Тоше има само датум на раѓање. А токму тој беше вчера, 25 јануари, кога нашиот ангел да беше меѓу нас ќе наполнеше 38 години. Македонија и неговите фанови, неговата верна публика, децата и тинејџерите  кои најмногу го сакаа, иако сега се веќе зрели луѓе - не го заборавија својот идол од младоста, од нивното време, човекот со кого заедно раснеа, заедно пеејќи ги неговите песни.
Но, не го заборавија ниту медиумите, институциите, повозрасните, пријателите, другарите и секако семејството... Од сите највпечатливи беа двата поста на социјалните мрежи кои ги објавија актерката и ТВ водителка Весна Бејби Петрушевска и сестрата на Тоше, Дора Проеска Ристеска. Весна - Бејби која беше една од најблиските пријателки на Тоше, објави куса видеоснимка, за која самата вели дека е само парче од 45 минутен материјал. Се работи најверојатно за нејзината свадбена прослава(?). Сеќавања на моментите на среќа, за кои како што открива и требале цели 10 години да собере храброст да ги види одново. Снимката е оригинална и до сега не е пуштена, а целиот материјал веројатно и никогаш нема ни да биде пуштен во јавноста. Така барем, вели актерката:
„Денес ќе наполнеше 38... Оваа снимка ја немав видено 16 години...има сигурно 45 минути материјал, нема никогаш да го објавам и за ова ми требаа повеќе од 10 години...Те сакам и ми недостасуваш најмногу. За моето време беше ти“ - напишала Бејби.
Сестрата на Тоше Проески, Дора Ристеска пак, со торта го одбележа денот на раѓањето 25. јануари, на нејзиниот брат. Таа на социјалната мрежа Инстаграм објави во своите Инстаграм приказни фотографија од торта украсена со детелина со четири листа, која симболизира среќа, поставена на семејната трпеза, а покрај неа фотографијата на Тоше во рамка и мал букет со цвеќе.
Родното Крушево го одбележи роденден на својот великан Тоше Проески со манифестација  во оганизација на општина Крушево, спомен-куќата „Тодор Проески“, Меѓународната фондација „Тоше Проески“, ООУ „Никола Карев“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“, каде прво беше положено цвеќе на вечното почивалиште на Тоше, а потоа манифестацијата ќе се пресели во спомен-куќата „Тодор Проески“ каде  свои настапи имаа Сотираки Чакалар, Марија Котеска и Елена Ристеска, а ученици од „Наум Наумовски Борче“  читаа извадоци од песни на Тоше.
Камерниот оркестар на Битола, ден подоцна, денес, на 26 јануари, воЦентарот за култура – Битола, ќе одржи со концерт посветен на најголемите хитови и незаборавни песни од  Тоше Проески, кои на настанот соодветно насловен „Засекогаш во срцата“ ќе ги изведуваат: Елена Ристеска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Димитар Андоновски, Антонија Гиговска, Бојан Стојков, Елена Петреска, Тамара Стојковска и Ана Гаштарова.
Тоше Проески беше еден и единствен, генијален, брилијантен, уникатен, неповторлив... Човекот по кого вечно ќе тагуваме зошто прерано отиде, човекот со кој вечно ќе се гордееме! https://www.youtube.com/watch?v=2yUJWeK55wc  ]]>