ода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Dec 2019 12:31:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Митевски и Дац ќе ве прошетаат низ „улицата на љубовта“ во – „Љуби ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-kje-ve-proshetaat-niz-ulicata-na-ljubovta-vo-ljubi-me-video/ Thu, 05 Dec 2019 12:24:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122591

Со песните „Цреши охридски“ и  „Уште ми фалиш“ и наградите кои ги собраа на годинешниве фестивали „Охрид фест – Охридски трубадури“ и „Макфест“, Александар Митевски и актерот Драган Спасов – Дац го промовираа новото музичко дуо на домашната естрада, но и специфичниот стил на изведба и музичкиот правец кој го почнаа: љубовно - боемски поп. Музика која ги допира чувствата и ги разнежнува срцата на сите генерации, но се чини на неа поемотивно реагираат повозрасните, иако ниту младите вљубени души не се имуни на романтиката која ја содржат нивните песни. По инстант успехот на првите две, Митевски и Дац ја промовираа и третата нивна заедничка песна во истиот стил, која носи наслов „Љуби ме“ и претставува обид да се направи своевидна ода за љубовта, нешто кое во многу што на музичарот и актерот им успева и им оди од рака. Вообичаено, музиката е на Митевски, стиховите им се заеднички со Дац, а аранжманот го потпишува Бобан Василевски, кој ги направил и миксот и мастерингот на песната, која деновиве беше промовирана заедно со видеото во скопскиот кафе бар „Мартини“. Кога сме кај видеото и овој пат екипата од видеопродукцијата „Пикадо креатив колектив“ се потрудила со мал буџет да направи голема работа, па во спотот кој ја следи лириката на стиховите, преовладува емоцијата наместо материјалниот раскош или скапите видео ефекти. Видео кое апсолутно соодветствува како на стилот, така и на зборовите за она што се пее во песната. Во видеоспотот одново е применет стариот проверен рецепт од претхонота песна („Уште ми фалиш“), па во него се појавуваат дузина познати македонски уметници од разни бранши, секој во своја функција, со своја ролја и значење, а сепак никој да не биде вишок во ниту еден кадар! Впрочем, за да не ви раскажуваме како сето тоа заедно спакувано изгледа и звучи, проследете самите што се случлува на „улицата на љубовта“ на Митевски и Дац, каде единствената и најважна животна девиза е... „Љуби ме“! ]]>