од утро до вечер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Oct 2017 12:43:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png од утро до вечер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зоран Илиев и Анабела Атијас со „Од утро до вечер“ – победничката песна на „Макфест 2017“ https://arhiva.vistina.com.mk/zoran-iliev-i-anabela-atijas-so-od-utro-do-vecher-pobednichkata-pesna-na-makfest-2017/ Wed, 18 Oct 2017 12:43:56 +0000 http://vistina.mk//?p=415

Како што е веќе познато, штипјанецот Зоран Илиев и популарната спрска пејачка Анабела Атијас  победија на  годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2017“,кој традиционално се одржа  во Домот на културата „Ацо Шопов“ на 5, 6 и 7 октомври во Штип.
Нивниот дует насловен „Од утро до вечер“, освен што беше победник и во првата полуфинална вечер, собра најголем број гласови од публиката и во финалето, што им донесе награда од 5.000 евра во денарска противвредност, а за време на победничкиот настап Илиев рече дека дел од парите ќе ги донира во хуманитарни цели. Инаку, ова е втора победа за штипјанецот, кој претходно триумфираше на фестивалот во 2011 година со темата „Ангели и демони“, а за Анабела ова беше првпат да запее на македонски. Победничката композиција инаку е авторско дело на Стојанче Аврамов, кој се потпишува на музиката и текстот, а аранжманот го направи Зоран Алексиќ. За сите оние што не го проследија  „Макфест 2017“, еве уште едно потсетување на победничката песна, овој пат во нејзината оригинална – студиска верзија.  
]]>