од трње до ѕвездите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Nov 2023 12:10:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png од трње до ѕвездите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лепа Брена не била отсекогаш она што е денес: „Имав пари едвај само за еден оброк дневно, не ми остануваа ни за автобуска карта“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-ne-bila-otsekogash-ona-shto-e-denes-imav-pari-edvaj-samo-za-eden-obrok-dnevno-ne-mi-ostanuvaa-ni-za-avtobuska-karta-foto/ Tue, 14 Nov 2023 12:10:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326880

Брена не крие дека имала скромно детство, но, што е тоа вистинска сиромаштија почувствувала само кога била студентка. Таа почнала да пее на 16 години. Тоа било во Брчко, каде што израснала, а нејзиниот прв бенд бил наречен „Јудекси“, по некогаш популарните „Индекси“ од Сараево. „Тогаш  имав хонорар и живеев сосема пристојно“, се сеќава Лепа Брена. „Меѓутоа, кога отидов на студии во Белград, беше најавена првата голема економска криза кај нас. Како и многу други, стандардот почна да паѓа за семејството Јахиќ.Немавме доволно пари, ниту моето семејство, моите родители, брат и сестра, ниту јас... Бев буквално гладна на факултет. Тие шест месеци беа научна фантастика за мене.Тоа беше средба со реалноста на животот во која веќе немаш можност мајка ти да ти свари кафе и да подготви се“ - се сеќава Брена, која се запишала на Природно-математичкиот факултет на насоката - Туризам. Како што вели, пејачката тогаш сфатила дека мора да го земе животот во свои раце. „Знаев дека немам богати или влијателни родители, дека ќе треба да почнам многу сериозно да размислувам за мојата судбина и да продолжам сама во животот.Бидејќи знаев да пеам и верував во себе, решив вака да продолжам така и да се издржувам. Поинаку беше невозможно. Имав пари само за, на пример, еден оброк дневно и да платам за она што ми требаше на факултет“, памети Брена. Често, како што вели, немала ни за автобуска карта, па како и другите студенти понекогаш се криела треперејќи за да не ја фати полицијата. „Се сеќавам, стоев на автобуска станица каде што немаше ни покрив, имав стара наметка и чадор, но кога дуваше ветер и почнуваше да врне силен дожд, едно мало кученце застана до менес и почнавме да се тресеме заедно“ - вели некогашната студентка по туризам во Белград. „Тогаш решив целосно да го променам животот и дека повеќе нема да си го дозволам тоа. Решив да почнам да работам“, заклучува Брена. Успехот дојде многу брзо. Кога ансамблот „Лира“ во кој почна да пее со музичарите на Саша Поповиќ го доби името „Слатки грех“, започна мегауспехот на Фахрета Јахиќ. Подоцна стана позната како Лепа Брена и направи кариера за која се зборува и денес.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Фото: Инстаграм/lepabrenaa]]>